Променливо облачно со сончеви периоди и постудено


Фото: Б. Грданоски

Денеска во Македонија ќе има постепено стабилизирање на временската состојба, ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, но со пониски температури.

Претпладне претежно во јужните делови ќе има услови за локален снег. Ќе дува слаб до умерен, а по должина на Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Утринските температури се движат од минус 9 до 0, додека во текот на денот ќе достигнат меѓу минус 3 и 5 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде студено и променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Темературата во текот на днот ќе достигне до 2 степена.