Нова кампања за имунизација „Да не си играме со здравјето!“


 Под мотото „Да не си играме со здравјето“ Министерството за здравство и УНИЦЕФ со поддршка од УСАИД од денеска почнуваат со нова фаза од кампањата „Заштитени заедно – вакцините делуваат“, со цел на граѓаните и понатаму да им се обезбедат точни и навремени информации за вакцините и имунизацијата.   Комуникациската кампања е дел од серијата […]

Новогодишен базар во Скопје Сити мол – од современи креации до традиционална храна направена од руралните жени и лица со попреченост


Во пресрет на новогодишните празници, од 16 до 31 декември ќе се одржат три последователни настани на првиот кат во Скопје Сити Мол со повеќе од 90 учесници. Разноврсната понуда на Новогодишниот базар ќе започне утре, 16 декември со еднодневен саем на македонска традиционална храна „Домашно, природно, вкусно“ на кој ќе бидат изложени домашно произведени продукти направени од македонските рурални жени, […]

Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Крушево


Најниска температура од -2 степени утрово е измерена на Попова Шапка. Следат Лазарополе и Маврови Анови со -1, 0 во Крушево, 3 Битола, Крива Паланка, Прилеп, Берово, Охрид, Претор, Дебар, 4 Тетово, Виница, 5 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Куманово, Штип, 6 во Струмица, Велес, Кавадарци, Демир Капија и Дојран и 8 степени во Гевгелија. Во изминатите […]

МАНУ ќе добие специјализирана техничка опрема за зачувување на вредните архивски материјали


Во Македонската академија на науки и уметност денеска ќе се изврши примопредавање на донација во специјализирана техничка опрема за зачувување на вредните архивски материјали на Академијата. Донацијата ја обезбеди „Ротари клуб Скопје Вест“ од свои средства, како и од донациите собрани на клупската донаторска вечер одржана во мај, оваа година во Даутпашиниот амам. Опремата, како […]

Претежно облачно со повремен дожд и со умерен до засилен северен ветер


Времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, наместа над 20 л/м2. На планините и на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка, а температурите насекаде ќе опаднат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер (локално над 60 […]

Астрономски календар


Денеска е петок, 15 декември  2023 година, 349-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 16 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 54 минута, а ќе зајде во 16 часот и 3 минути. Денов трае 9 часа и 8 минути. Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее 9 […]

Турција ги достави отпечатоците за случајот со Вања и Панче


Системот многу брзо и ефикасно реагираше и дојдовме до разоткривање на случајот со убиството на малата Вања и на Панче и при тоа се откриени сторителите на ова грозоморно убиство. За двата случаја се постапуваше веднаш по пријавите за исчезнување на лице. Во тој момент почнаат сите постапки и се активираа сите механизми и врз […]

Скопје новогодишно накитено со срамежлива елка


Цел месец медиумите се обидуваа да стигнат до информација дали и кога Скопје, како главен град, ќе биде новогодишно украсен. По повеќе написи, се огласија од Градот, од каде рекоа дека Скопје ќе биде новогодишно украсен на 15 декември. Тоа е утре, а Скопје навистина се украси со елка, еленчиња, лампиони, капи од Дедо Мраз, […]

Делови од Бутел и Карпош утре без струја


Делови од скопските општини Бутел и Карпош утре ќе бидат без струја, соопштија вечерва од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. – Од „ЕВН Македонија“ АД добивме известување дека утре, поради планирани технички интервенции во елктродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат корисници од општините Бутел и Карпош. Од девет до 14:30 часот, […]

Влада: Пренамена на две милијарди денари за реализација на 66 проекти во најголем дел од општините


Одлука за пренамена на буџетски средства во износ од две милијарди денари за реализација на 66 проекти во најголем дел од општините донесе Владата на денешната седница. -Владата на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука за пренамена на буџетски средства во износ од две милијарди денари коишто ќе бидат насочени за реализација на […]

Од февруари студенти од Тирана ќе учат македонски јазик во новоотворениот Лекторат


Студенти кои живеат во Тирана, од вториот семестар, ќе започнат да учат македонски јазик во новиот Лекторат кој е отворен во главниот албански град, поточно на тамошниот Факултет за странски јазици при Универзитетот во Тирана. Како што информираат од Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, наставата ќе ја одржува […]

МОН: Да продолжи дијалогот помеѓу Министерството за финансии и ДИЦ до целосно усогласување на ставовите


Министерството за образование и наука (МОН) апелира да продолжи дијалогот помеѓу Министерството за финансии и Државниот испитен центар (ДИЦ) до целосно усогласување на ставовите на двете страни, односно изнаоѓање на решение кое ќе задоволи барања на ДИЦ, а фискалните импликации ќе бидат во рамки на расположливите буџетски можности.  -Потсетуваме дека со потпишувањето на новиот општ […]

„Животот ни е пекол“: Најстрога казна за обвинетите побараа роднините на загинатите во Ласкарци


Оштетени, родители и роднини на загинати во сообраќајната несреќа кај Ласкарци денеска во Основен кривичен суд Скопје во своите завршни зборови побараа осудителна пресуда со најстрога казна за шестмината обвинети. Јасмина Михајловска, една од повредените во незгодата, побара правда за шестнаесетмината за кои, како што рече, ја немаа нејзината среќа да останат живи. – Поради […]

Деведесет кумановци ќе користат субвенција за приклучок на гас од Министерството за економија


Деведесет кумановци се пријавиле и ќе користат субвенции од Министерството за економија за изработка на проектна документација и/или приклучок на гас, соопштија денеска од јавното претпријатие „Куманово-Гас“. Од претпријатието делумно се задоволни од одзивот. – Релативно сме задоволни. Очекуваме повеќе пријавени бидејќи оваа понуда прв пат ја имаше. Огласот траеше десет месеци и кумановци имаа […]

Дваесет украдени икони од македонските цркви, од Албанија утре ќе пристигнат во земјава


Вкупно 20 икони украдени од македонските цркви, претежно од струшкиот регион утре ќе бидат вратени во Северна Македонија од страна на Албанија во рамките на договорот за соработка меѓу двете држави потпишан минатата година. Информацијата за МИА ја потврди тимот кој работи со проектот, а детали околу тоа ќе бидат изнесени по влегувањето на иконите […]

Министерство за финансии за штрајкот на ДИЦ: Владата воспостави системско решение за раст на плати во јавниот сектор


Министерството за финансии по повод штрајкот на вработените од Државниот испитен центар (ДИЦ), со кој бараат зголемување на платите, вели дека Владата воспоставила системско решение со кое се овозможува континуиран раст на платите на сите вработени во јавниот сектор. -Имено сите вработени во администрацијата, вклучително и вработените во Државниот испитен центар, имаат статус на административни […]

Обвинителката Ристоска докажа дека Советот на јавни обвинители ја дискриминирал


Обвинителката Ленче Ристоска објави дека го добила случајот против Советот на јавни обвинители по нејзината претставка за дискриминација поднесена до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Според одлуката на Комисијата, Советот на обвинители и нејзиниот претседател Антонио Јолевски имаат рок од 30 дена јавно да ѝ се извинат на обвинителката Ристоска за тежок облик […]

МВР обезбеди налепници за регистарските таблички со „НМК“


Министерството за внатрешни работи ја заврши постапката за набавка на налепници со новата ознака „НМК“. Добитник на тендерот е компанијата КВАНТУМ од Скопје заедно со германската „ЕХА Хофман интернационал“. За оваа цел, МВР ќе потроши 141,6 милиони денари (2,29 милиони евра) во период од три години колку што предвидува договорот за набавката. Според договорот објавен […]

ДИЦ штрајкува: Нема стручни испити за наставници, ниту обука за директори


Поради продолжување на штрајкот на синдикатот на Државниот испитен центар, кој беше ставен во мирување во мај оваа година, нема да се спроведе стручниот испит за наставници и стручни соработници за приправници, а нема да се реализира ниту основната обука за директори. Како што изјави денеска Емилија Бошковска од Синдикатот на ДИЦ, штрајкот продолжува поради […]

Стевчо Јакимовски до Вељановски: Се однесуваш како урочен од бајачка


Градоначалникот на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, реагира на изјавите на советникот од ВМРО-ДПМНЕ , Роберт Вељановски, наркувајќи ги мудрување на луѓе како урочени од бајачки.  -За жал во Советот на општина Карпош има советници, сезнајковци, кои неуспехот во својата кариера се обидуваат да го компензираат со фрустрации во советот на општина Карпош. Таков е советникот […]