Поради дефект, центарот на Битола без струја


Од ЕВН Македонија известуваат дека поради дефект на електродистрибутивната мрежа од 19.40 часот без електрична енергија се: Скопје – Говрлево, Св. Петка, Чифлик, Каменоломи Техно Павер и Мис Вато..

Исто така, без струја е и Битола – односно централно градско подрачје и окололните населени места.

Дел од граѓаните кои останаа без струја се греат токму на електрична енергија, па се апелира за побрза санација на дефектот.