Забрана за камиони на патот Струмица – Берово


Од 8:30 часот се укинува забраната за тешки моторни возила на патниот правец Маврово – Маврови Анови, соопшти АМСМ. Забрана за движење на тешки товарни возила има на патниот правец Струмица – Берово. Патниот правец Истебањи-Македонска Каменица е рачистен и сообраќајот се одвива нормално по двете коловозни ленти. Сообраќајот на државните патишта се одвива во […]

Анализа на јавното мислење за процесот на пристапување на Македонија кон ЕУ во 2023 година


 Во организација на Институтот за демократија и Фондација Конрад Аденауер денеска во Европска куќа – Скопје ќе бидат промовирани два истражувачки труда: „Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014 – 2023)“ и „ЕУ интеграциите во сенка на внатрешните процеси – Анализа на јавното мислење за 2023 година“.   Анализите, […]

Промоција на najdime.org.mk – веб страницата на Системот за рано предупредување за исчезнати деца


Во организација на Граѓанската организација Новинари за човекови права, во соработка со партнер организацијата ЕКПАТ-Австрија, денеска ќе се одржи завршната конференција на проектот „Пилот-проект за Систем за рано предупредување за исчезнати деца“, на која ќе биде промовирана веб-страницата на Систем за рано предупредување за исчезнати деца – najdime.org.mk. Веб-страницата ќе биде на три јазици – […]

Наутро студено, а преку денот сончево, температурата до 10 степени


Времето наутро ќе биде студено, а преку денот сончево. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -1, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени. Во Скопје утрото студено […]

Од утре стабилно време со пораст на дневните температури


Времето во наредните денови ќе биде стабилно, на почетокот на неделата со ниски утрински температури, додека дневните ќе бидат во пораст. Во котлините наутро ќе има услови за појава на магла или ниска облачност и таму дневната температура ќе остане пониска, информира УХМР. Утре времето наутро ќе биде студено, а преку денот сончево. По одделни […]

Акцелераторот во Битола наскоро во употреба


ЈЗУ Клиничка болница – Битола повика претставници на фирма производител на акцелераторот со цел да биде поправен и ставен во функција. Во изјава за медиумите, директорката Елизабета Ивановска, потврди дека акцелераторот 10 години не работи, но со поддршка на Министерството за здравство се очекува проблемот да биде надминат. – Во Битола акцелераторот е донесен пред […]

Од денеска бесплатен медицински транспорт за најитните случаи со хеликоптер


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, за здравство Фатмир Меџити и заменик министерката за здравство Маја Манолева денеска во Битола промовираа хеликоптер со нова опрема за итна медицинска помош. Новиот ресурс е обезбеден преку соработката со словенечката полиција која донираше опрема за обновување на еден хеликоптер, којашто може да се приспособува за повеќе хеликоптери. За […]

Јунаци од бајки, цртани филмови и Дедо Мраз ги израдуваа дечињата од Детската клиника


Јунаци од бајки, цртани филмови и Дедо Мраз ги израдуваа денеска дечињата од Детската клиника во Скопје во рамки на традиционалниот настан „Да подариме насмевки“.  Пепелашка, Медо, Спајдермен, Бетмен, беа дел од јунаците што се дружеа со децата. Директорката на Клиниката, Стојка Нацева Фуштиќ информираше дека во моментот на Клиниката се наоѓаат околу 80 дечиња. […]

Почина новинарот Предраг Димитровски


По кратко боледување денеска почина новинарот Предраг Димитровски (1959-2023), информираа од „Пресинг ТВ“ каде последно работеше. Димитровски беше новинар со над 30 годино искуство. Беше главен уредник во весникот „Вечер“ од 2005-2006 година а потоа работеше и во „Дневник“. Последните години од работниот век ги помина во „Република“ и „Пресинг ТВ“. – Ќе ја паметиме […]

Укината забраната за камиони на патот кон Маврови Анови, останува забраната на патот Берово-Струмица


Од 08:30 часот се укинува забраната за тешки моторни возила на патниот правец Маврово – Маврови Анови, соопшти Авто мото сојузот на Македонија. Останува забраната за движење на тешки товарни возила на патниот правец Берово-Струмица која важи од вечар поради обилните врнежи од снег и паднати дрвја на патот. Екипи на „Македонијапат“ во текот на […]

Над 3.600 деца вакцинирани или им е закажан термин преку кампањата „Од врата до врата“


Над 3.600 деца се вакцинирани во нивните домови или им е закажан термин за вакцинација во рамки на заедничката кампања „Од врата до врата“ на Министерството за здравство (МЗ) и Светската здравствена организација, со поддршка од Европската Унија. Поделени се и над 7.500 информативни материјали. Како што информираа денеска од Министерството за здравство, во рамки […]

Дескоска избрана за потпретседателка на Поткомисијата за судство на Венецијанската комисија


Професорката Рената Дескоска е избрана за потпретседателка на Поткомисијата за судство на Венецијанската комисија.  Дескоска е избрана на 137-та сесија на Венецијанската комисија што се одржа од 14 до 16 овој месец. За претседател на поткомисијата е избран проф. д-р Никос Аливизатос, професор по уставно право на Универзитетот во Атина и поранешен министер за внатрешни […]

Почнува скијачката сезона на Ски центар „Стрежево”


 Од денеска почнува скијачката сезона на ски центарот „Стрежево“ со кој стопанисува истоименото јавно претпријатие. Според востановената традиција, скијањето на првиот ден е бесплатно за сите посетители на двата ски лифта, а вечер ќе има и ноќно скијање. -Синоќа,  со наша механизација и камиони од „Македонија пат“ овозможивме патот да биде прооден и проширен по […]

Без струја утре делови од општините Карпош и Центар


Без електрична енергија утре од 10 до 12 часот ќе бидат корисниците на улицата „Партизанска“ бр.4 во општина Карпош, информира денеска Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.  Според информацијата што ја добиле од ЕВН Македонија, утре од 08 до 13:30 часот без струја ќе бидат и жителите на улицата „Мирослав Крлежа“, како и дел […]

Македонците во Србија бараат отворање Kатедра за македонски јазик


Србија и Северна Македонија имаат најдобри можни „братски“ меѓусебни односи. Србија го признава македонското малцинство, неговиот идентитет, АСНОМ, македонското име, македонскиот јазик и култура. Во Србија живеат над 100.000 Македонци од кои според последниот попис само 14.767 лица се определе како Македонци. Тие имаат законска можност за остварување на своите права на културно, јазично, образовно […]

Саниран дефектот кој остави без вода поголем дел од централното подрачје во Скопје


Саниран е големиот дефект на Кеј „Димитар Влахов“ во непосредба близина на Младинскиот културен центар, кој од вчера претпладне остави без вода поголем дел од централното градско подрачје. Дефектот, како што информираа од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ е саниран ноќеска во 03:50 часот. Поради пукната голема водоводна цевка, поради која беше поплавена и улицата […]

На патните правци Маврово-Маврови Анови и Берово-Струмица останува забраната за камиони


На патните правци Маврово-Маврови Анови и Струмица-Берово останува забраната за сообраќај за тешки товарни возила.  Забраната беше воведена од вчера поради обилните врнежи од снег. На патот Струмица-Берово, тим на јавното претпријатие „Македонијапат“ во текот на вчерашниот ден работеше и на отстранување на паднатите дрвја на овој патен правец.  На останатите патишта низ државата, според […]

„Да подариме насмевка“ по шести пат на Детската клиника во Скопје


 Под мотото „Да подариме насмевка“, по шести пат, тимот за одговор при катастрофи – тим за спасување на планина, во костимите на детските херои – Спајдермен, Бетмен, Мини и со помош на Дедо Мраз, денеска со јажиња ќе се спушти на Клиниката за детски болести во Скопје. Станува збор за традиционална активност на Црвениот крст […]

Претпладне студено, преку ден сончево


Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно и студено, а преку денот сончево. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -1, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени. Во Скопје, наутро ќе биде променливо облачно, а преку ден сончево со слаб до умерен северен […]

Догодина скрининг за рак на дебело црево, најавува Министерството за здравство


Министерството за здравство планира започнување на скрининг за карцином на дебело црево од 2024 година кое ќе се изведува исклучиво само на ЈЗУ Клиника за ГЕХ. Во склоп на националните програми има и превентивна програма за детекција и скрининг на малигни заболувања. Оваа програма, освен што опфаќа скрининг за рана детекција и скрининг за рак […]