Презентација на истражување за ефектот на дезинформациите и странските влијанија


Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ денеска на прес-конференција ќе ги презентира наодите од истражувањето „Ефектот на дезинформациите и странските влијанија врз демократските процеси во Северна Македонија во 2023 година“.

Целта на истражувањето е да се утврди степенот на изложеност и влијанието на дезинформациите врз граѓаните во Република Северна Македонија преку комбинирање анализи на карактеристиките на протокот на дезинформации со анкета направена на репрезентативен примерок на национално ниво.

Применетата методологија овозможува споредба со резултатите од претходни истражувања од ист тип, меѓу кои и комплементарната анкета спроведена од „Метаморфозис“ во 2022 година, со што се добиваат сознанија за трендовите како основа за поставување приоритети, пренесени и во вид на препораки, во насока на пристап со ангажирање на целото општество со кои се бараат решенија за структурните причини за подложност на дезинформации.

На настанот кој ќе се одржи во просториите на Граѓанскиот ресурсен центар свoи излагања ќе имаат Филип Стојановски, директор за партнерство и развој на ресурси во „Метаморфозис“ и Ѓорѓи Митревски, истражувач.