Наутро магла, преку ден сончево со температура до 14 степени


Времето денеска ќе биде сончево и претежно тивко, минималната температура ќе биде во интервал од -7 до 1, а максималната ќе достигне од 4 до 14 степени. Во Скопје наутро се очекува појава на магла, а преку денот да биде сончево. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне 7 степени. Во […]

Без струја дел од корисниците од село Горно Блаце


Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од село Горно Блаце, општина Чучер Сандево. Прекинот на струја ќе биде во периодот од 09.00 до 12.00 часот.

Без вода дел од корисниците на ул. „Св. Наум Охридски“ и „Чедомир Кантарџиев“ поради уличен дефект


 ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека денеска поради уличен дефект ф 80 мм на ул. „Св Наум Охридски“ бр. 2 прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од оваа улица и тоа од бр. 2 до бр. 20 и од ул. „Чедомир Кантарџиев“. Прекинот на водоснабдување ќе биде од 20:30 час до завршување […]

Поради неисчистен снег камиони во колони чекаат за влез во земјава на преминот Ѓуешево -Деве Баир


 Неисчистен снег на македонската страна од граничниот премин Ѓуешево-Деве Баир, според тврдењата на превозниците, го отежнува влезот на товарните возила во државава, кои чекаат со часови, а со таков проблем се соочуваат од викендот  од кога била формирана колона долга повеќе километри.  -Нашите камиони останаа заглавени за викендот, кога возачите мораа да останат и да […]

Ловџија заглавен во дол спасен од новиот медицински хеликоптер


Ловџија што паднал во длабок дол опкружен со карпи во близина на скопското село Буковиќ, денеска бил спасен со помош на новиот медицински хеликоптер, што се подготвувал за промоција во Битола. Медикоптерот, „бел 212“, е на Министерството за внатрешни работи, а е опремен со медицинска опрема за итен транспорт на високоризични пациенти. Од Центарот за […]

Човек е отсечен од снегот во Кавадаречко – одбива помош ако не се спасат и неговите кучиња


Во околината на Кавадарци, висината на снежната покривка е над 70 см, а едно лице кое е отсечено од цивилизацијата одбива помош, затоа што во четирициклот, со кој му е понудено да биде вратен дома, нема место за неговите две кучиња. Како што соопшти Центарот за управување со кризи, лицето е отсечено поради снегот, во […]

Одрони на патот Скопје – Велес


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека од Е-112 е добиена пријава дека има одрони на патот на 100 метри пред тунелот во правец Катланово накај Велес. Од страна на РЦУК – Велес е добиена информација дека ЈП за Одржување и заштита на магистрални и регионални патишта е известена за понатамошна постапка.

Љупчо Георгиевски – „војводата“ ќе го брани Љупчо Георгиевски од бугарскиот клуб во Битола


  БИТОЛА – Љупчо Георгиевски – „војводата“, претседател на ВМРО-Народна партија и еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде сведок на одбраната на судењето на имењакот Љупчо Георгиевски, екс-претседателот на сега згаснатиот бугарски клуб во Битола „Ванчо Михајлов“. Во Основниот суд во Битола денес се одржа третото по ред рочиште за судењето на Љупчо Георгиевски […]

Онколошките пациенти од источна Македонија ќе бидат ослободени од плаќање патарини


Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски вели дека се подготвени да излезат во пресрет на барањето за ослободување од плаќање патарини на онколошките пациенти од источна Македонија, кои мораат често да патуваат во Скопје за терапиите. По денешниот увид во градежните работи за браната на реката Отиња во Штип, министерот Бочварски, одговарајќи на новинарски […]

Браната на реката Отиња кај Штип се гради без запирање


  Прогресот во изградбата на браната на реката Отиња кај Штип е веќе 60 отсто, а работите одат со силна динамика. Ова го изјави министерот за транспорт Благој Бочварски, кој денеска изврши увид во работите. Браната е инвестиција на  Владата во износ од 300 милиони денари. Со проектот е предвидено да се изведе камено-земјена брана […]

Јавното обвинителство уште ги чека резултатите од обдукцијата на Вања Ѓорчевска


Јавното обвинителство денеска соопшти дека извештајот од Институтот за судска медицина за Вања Ѓорчевска не е официјално доставен до обвинителството.  Од обвинителството посочуваат дека е во фаза на прибирање на сите докази околу истрагата за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и 74-годишниот Панче Жежовски. Осомничениот за убиствата на Ѓорчевска и на Жежовски, Љупчо Палевски – […]

Почнува ски – сезоната на Попова Шапка


Ски-центарот „Попова Шапка“ официјално ја започнува ски – сезоната денеска 18 декември 2023 година, е објавено на Фејсбук страницата на Ски центарот. Во функција ќе бидат ски-лифтовите “Поток”, “Аеродром”, “Ге”, како и двоседот “Св.Илија”. По повод отворањето на скијачката сезона, цената на ски билетите за денеска ќе биде 700 денари за сите категории на ски-билети. […]

Проработе системот за пронаоѓање исчезнати „Најди ме“


Медиумите, хотелите, рестораните, банките, такси-превозниците, градскиот сообраќај, од денеска сите тие може да се вклучат во акција за пронаоѓање исчезнати лица, откако проработе системот „Најди ме“ како дел од „Пилот-проектот за Систем за рано предупредување за исчезнати деца“. На денешната завршна конференција беше промовирана и веб-страницата на Системот за рано предупредување за исчезнати деца – […]

Патот Берово-Струмица повторно прооден за сите видови возила


Патот Берово-Струмица од 10:30 часот е прооден за сите видови возила, информираат од Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ). Завчера, АМСМ соопшти дека е воведена забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Берово-Струмица поради обилните врнежи од снег и паднати дрвја на патот. Екипи на „Македонијапат“ работеа на отстранување на паднатите дрвја. […]

Мегавин на Државна лотарија ја додели премијата од својата прва наградна игра


Со радост споделуваме дека вчера во рамките нашата најнова ТВ емисија СЕДМО НЕБО, на Канал 5, ја доделивме премијата  од наградната игра „Биди ин, регистрирај се на Мегавин“. Наградната игра траеше до 29 ноември, а наградите од богатиот награден фонд се извлекуваа во живо на сцената на мега концертот Мегастарс, на 30 ноември. Водителите Марјана […]

Водостоите на поголем дел од реките во земјава повисоки од декемврискиот просек


Водостоите на поголемиот дел од реките во земјава се повисоки од просекот за декември. Кај останатите тие или се во рамки на декемврискиот просек или под него. Кај езерата зголемување на водостојот се бележи кај Дојранското, кај Преспанското е понизок, а кај Охридското езеро водостојот е во рамки на просекот, покажуваат порадоците од мерењата што […]

(Во живо) Панел-дискусија „Геополитичко проширување на ЕУ: Нови можности, стари ризици?“


 Панел-дискусија „Геополитичко проширување на ЕУ: Нови можности, стари ризици?“, на која ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, претседателот на Делегацијата во Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-Република Северна Македонија Андреас Шидер и претседателот на „ЕЛИАМЕП“, Лукас Цукалис. 

Ресен слави со семејството на Ристо Георгиевски за новиот „Хјундаи тусон“ освоен на инстант лоз на Државна лотарија


Во најубавиот месец во годината, Државна лотарија Ви претставува уште еден среќен добитник кому му ја разубавивме годинава што изминува. Тимот на Државна лотарија заедно со Марјана го посетија градот на јаболката − Ресен каде што се сретнавме со новиот добитник на Hyundai Tucson,  Ристо Георгиески и неговото семејство. Марјана ги предаде клучевите од прекрасниот автомобил пред продажното место „СИМ Комерц“ од каде што е купен добитниот инстант лоз од серијата под име „7х7“, а Ристо за возврат ни ја раскажа среќната приказна. Имено, Ристо купил само еден инстант лоз во кој се криела помала добивка, а ја заменил за нов лоз „7х7“. Неколку дена подоцна, […]

Дводневен „Диги образовен хакатон“


Дводневен „Диги образовен хакатон“ на кој студенти ќе изнаоѓаат конкретни решенија за спроведување на брза и одржлива дигитализација во високото образование, ќе започне денеска во просториите на „Млади Хаб“ во Скопје. Хакатонот е во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Клубот за младински прашања и младински политики при […]

Насекаде минусни температури, над нулата само во Дојран


Најстудено утрово е во Берово -9 степени и во Скопје, Прилеп, Маврови Анови, Крушево и Битола – 6. Во Тетово, Демир Капија, Крива Паланка, Штип, Велес и Кавадарци се измерени -5, во Виница, Струмица, Дебар, Охрид и Куманово -4, во Гевгелија -2, а над нулата е само во Дојран со два степена, соопшти УХМР. Најмногу […]