Поради дефект на главен цевковод од синоќа без вода делови на централното подрачје на Охрид


Од синоќа поради настанат поголем дефект на водоводната мрежа во прекин е водоснабдувањето на поголем дел од централното градско подрачје на градот Охрид.

Станува збор за проблем предизвикан поради пукање на цевка од главен цевковод со профил 300 милиметри кај кружниот тек на булеварот „Туристичка“ кај пресекот со улица „АСНОМ“, во близина на Спортскиот центар „Билјанини извори“.

Екипи на Јавното претпријатие „Водовод“ излегоа на терен уште синоќа, и работена се додека дозволуваа временските услови, а од изутринава продолжено е со санирањето, така што се очекува нормализирање на водоснабдувањето, но не порано од попладневните часови.