Сончево со мала до умерена облачност


Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне на места облачноста ќе се зголемува и ќе има услови за слаби локален дожд, а на планините појава на краткотраен снег. Минималната температура ќе биде во […]

Астрономски календар


Денеска е четврток, 25 јануари 2024 година, 25-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 341 дена.  Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 53 минути, а ќе зајде во 16 часот и 39 минути. Денов трае 9 часа и 45 минути.  Месечината, која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее […]

За 48 илјади евра купивме две „тракторчиња“, велат од битолски „Паркинзи“


  БИТОЛА – Колку чинат машините за бележењето хоризонтална сигнализација – пет, 10, 20 или уште повеќе илјади евра? За битолското јавно претпријатие „Паркинзи“ беше наведено дека купило такво популарно наречено „тракторче“ за дури 48 илјади евра. Во јавноста со денови наназад се зборува за сомнителни јавни набавки со нереални, астрономски цени во општините каде […]

Клисаровска: Имаме по 20 нови случаи со карцином на грло на матка на 100 илјади жени


Во нашата држава има висока инциденца од 20 нови случаи со карцином на грло на матка на 100 илјади жени, споредено со она кон кое треба да се стремиме, два до четири нови случаи на 100 илјади жени. Ова беше кажано попладнево на прес-конференцијата на Македонското здружение за цервикална патологија и колпоскопија, во соработка со […]

Уставниот суд поведе постапка за урбанистички планови во Маврово


Уставните судии на денешната седница дискутираа по два предмети по поднесени иницијативи за оценување на уставност и законитост. Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлука за усвојување на урбанистички план за село Маврово со детална разработка на дел од Урбан блок 5 и дел од урбан блок 7 […]

Врховен суд: Објектите дадени на користење од поранешните општествено-политички заедници се државна сопственост


Откако ССМ денеска обелодени дека ќе им биде одземен објекотот кој работниците го граделе со сопствени средства уште во 1952 година, по пресуда на Врховниот суд, од судот појаснуваат дека сите објекти кои биле добиени на користење од страна на поранешните општествено-политички заедници и самоуправни интересни заедници, се државна сопственост. Врховниот суд вели дека на […]

Јовески е изненаден што бил повлечен предлогот да биде уставен судија


  Поранешниот државен јавен обвинител кој беше кандидат за избор на уставен судија, Љубомир Јовески, за кого денеска од Собранието информираа дека е повлечен предлогот, во изјава за МИА вели дека е изненаден дека предлогот беше повлечен без да се наведат основни причини за тоа.  – Изненадувачки, вулгарно беше тоа дека предлогот е повлечен без да […]

Фондацијата „Заев-едно општество за сите“ донираше амбулатно возило на струмичката болница


Фондацијата „Заев-едно општество за сите“ денеска донираше амбулатно возило на струмичката болница. Директорот на Фондацијата Зоран Заев и ги предаде клучевите од возилото наа директорката Катерина Кузмановска, а на настанот присуствуваа и заменик министерката за здравство, Маја Манолева и поранешниот министер за здравство, сега член на Одборот на Фондацијата, Венко Филипче. Според него, донацијата е […]

Бешлиовска: Статусот ,,договор на дело” најмногу ги одлева медицинските сестри од болниците


Статусот „договор на дело” најмногу ги одлева медицинските сестри од болниците. И апелираме во иднина да не се вработуваат сестри под договор на дело, изјави денеска Гордана Бешлиовска, претседателка на Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри ,,За нас”. На новинарско прашање, таа се осврна на проблемот со потребата од трајно вработување на […]

Италијанската „Леонардо“ избрана за најповолен понудувач за хеликоптерите за АРМ


Италијанската компанија „Леонардо“ е избрана како најповолен понудувач од каде Министерството за одбрана треба да набави нови хеликоптери. Во следниот период ќе биде формирана Комисија која ќе треба да ги продолжи преговорите, а министерката за одбрана се надева дека овој процес ќе биде успешно завршен. – Во период од речиси три години, интегрираниот проектен тим […]

Ковачевски: Јас сум на страната на ССМ, не коментирам судски одлуки


Премиерот Димитар Ковачевски денеска во изјава за медиумите рече дека е на страната на Сојузот на синдикати на Македонија кој на вонредна прес-конференција побара одговорност од Врховниот суд доколку се точни информациите дека е донесена пресуда со која им се одзема работничкиот дом. – Јас сум член на Синдикатот од 1999 година и сум 100-процентно […]

Меџити: Нов апарат за анестезија и респиратор за велешката болница


Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити утрово беше во посета на Општата болница Велес по повод набавка на нова медицинска опрема за установата.   „Денеска сме во посета на Општата болница во Велес по повод набавка на нова медицинска опрема. Станува збор за нов апарат за анестезија набавен од Министерството за здравство во вредност од […]

Општина Битола од денеска има ГИС систем


Општина Битола денеска го пушти во употреба ГИС системот, а во напредна фаза е и проектот за дигитализација на општината, изјави градоначалникот Тони Коњановски. Со ставање во функција на ГИС системот, општината ќе го замени хартиеното водење на документација со електронско, а за многу скоро, општината ќе ја активира и услугата за електронска наплата на […]

Спасовски: МВР ја завршува годината со 80 реконструирани објекти и 35 отсто поголеми плати


Безбедноста и одбраната е базата за развој на секое општество. Во ниту еден случај не е дозволено безбедноста и одбраната да бидат актуелни само во моменти на криза, рече министерот за внатрешни работи,Оливер Спасовски, на панел дискусијата „Северна Македонија – безбедна членка на НАТО со европска иднина“, во рамки на владината годишна конференција „Година на […]

Над половина медиумски работници имаат потпросечни плати


Истражување на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) покажува дека 55 проценти од 3146 медиумски работни позиции имаат потпросечни плати. Од вкупниот број, 53 отсто се жени во оваа професија. Една петина односно над 600 работат во онлајн-медиуми каде што, според наодите, е и најголем процентот (над 70) на медиумски работници што примаат […]

Нови 75 места во градинката „Димче Мирчев“ во Велес


Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо го одбележаа официјалното отпочнување на функционирањето на доградбата во градинката „Димче Мирчев“ во Општина Велес со која се обезбедува нови 75 места за деца во предучилишната јавна установа. Воедно на посетата беше промовирана и сензорна соба, реализирана со […]

Има обрасци за пасоши, документи ќе се издаваат по 12 февруари, вели Спасовски


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска изјави дека има обрасци за патни исправи, откако омбудсманот Насер Зибери во неделата во интервју за Радио Слободна Европа рече дека граѓаните се жалат до Народниот правобранител дека МВР не го почитува законскиот рок за издавање на патни исправи и кажа дека МВР има недостиг на обрасци за […]

По 60 години се анализира водоводот во Гази Баба


Град Скопје продолжува со трета фаза за реализација на стратешкиот проект за испитување и студија за магистралните водоводни цевководи. Со изработката на стратешката Студија се добива дијагностика и утврдување на состојбата на двата постоечки челични водоводни цевководи, со димензија Ф1600, за прв пат од нивната изградба.   Во третата фаза се анализира состојбата на самите […]

Екологистите бараат да се гарантираат повеќе еколошки параметри во Стратегијата за рударство 2025-2045


Усогласување на државните стратешки документи за животна средина, климатски промени, туризам, земјоделие и рурален развој, енергетика, забрана на рудници во заштитени подрачја и санација и рекултивација на старите рудници, со решавање на еколошките проблеми, се дел од еколошки принципи и начела кои група на граѓански активисти бараат да бидат вметнати во Стратегијата за рударство 2025-2045 […]

Секој четврти граѓанин воочува или се сомнева на корупција во работењето на локалната самоуправа


Секој четврти граѓанин воочува или се сомнева на корупција во работењето на локалната самоуправа, но, редовното истражување покажа и дека има тенденција на зголемување на незадоволството на граѓаните од услугите на општините и работата на гардоначалниците, рече денеска министерот за локална самоуправа Ристо Пенов. Тој на денешниот панел „Земјоделство и рамномерен регионален развој – ЕУ […]