Утринските температури до минус 18, во одделни котлини со услови за магла


Фото: Б. Грданоски

 Времето денеска изутрина ќе биде многу студено, по одделни котлини со услови за појава на магла. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -18 до -4, а максималната ќе достигне од -3 до 7 степени Целзиусови.

Во Скопје наутро ќе биде студено, во делови од котлината со услови за појава на магла. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -10, а максималната ќе достигне до 3 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) и утре времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои насекаде ќе бидат негативни. Во четврток ќе има локални врнежи со слаб интензитет, а температурите во деновите потоа ќе бидат во постепен пораст. Ќе дува засилен северен ветер.