Комерцијална банка: Во тек се преговори со повеќе инвеститори за купување на имотот и опремата на „Еуроникел“


Со оглед дека во последните денови повеќе медиуми пројавија интерес за текот на постапката за продажба на имотот и опремата на „Еуроникел“, Комерцијална банка информира дека во тек се преговори со повеќе заинтересирани инвеститори за купување на имотот и опремата на комбинатот „Еуроникел“, кои сега се во сопственост на Банката.

Сепак, заради доверливоста на преговарачкиот процес со потенцијалните инвеститори, Банката не е во можност во моментот да споделува повеќе информации во врска со оваа постапка.

Притоа, секако дека на секој потенцијален купувач на имотот и опремата на „Еуроникел“ ќе му требаат и работници за извршување на производниот процес.

Комерцијална банка особено истакнува дека евентуалното отворање стечајна постапка врз „Еуроникел“ нема никаква врска и допирни точки со сопственоста на Банката врз преземениот имот и опрема. Овој имот и опремата во никој случај нема да бидат дел од стечајната постапка и Комерцијална банка е слободна да ги продава без никакви ограничувања, се вели во соопштението до медиумите.