Советот за македонски јазик при Владата повикува на усвојување на Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик


 Советот за македонски јазик при Владата на Република Северна Македонија го повикува претседателот на собраниската комисија за култура Кастриот Реџепи, веднаш да ја свика комисијата за култура на Собранието и да се усвои Предлог-законот за употреба на македонскиот јазик.  – Советот за македонски јазик при Владата на РСМ упатува јавен повик до претседателот на Комисијата […]

ГП ,,Клепало” кај Берово се очекува да се доизгради догодина


На почетокот на следната година би требало да се реализираат завршните активности за доградба и официјално отворање на Граничниот премин „Клепало“, велат од Царинската управа. Интензивно во моментов работи и бугарската страна, рече при денешната посета на Универзитетот ,,Гоце Делчев” -Штип, Златко Ветеровски помошник директор на Сектор за меѓународна соработка и европска интеграција, проекти и […]

Дипломатката од МНР што остана без сертификат тврди дека сакаат да ја замолчат


Министерството за надворешни работи соопшти дека на двајца дипломати не им е даден безбедносен сертификат, но дека одлуката за тоа не ја носи оваа институција туку Дирекција за безбедност на класифицирани информации . -Согласно појавените реакции кон Министерството за надворешни работи поврзани со издавањето сертификат за безбедност на вработените во дипломатијата, дозволете да информираме дека […]

Преку јавен повик финансирано украсувањето на плоштадот во Скопје?


Украсувањето на градскиот плоштад, главните сообраќајници и новогодишниот базар се финансирани преку јавен повик, кој беше објавен согласно актите и прописите како и сите останати јавни повици, соопштија од Град Скопје, по написите дека нетранспарентно е направено и онака штурото украсување на центарот на градот.  – Ова неколкупати досега е кажано, образложено во детали и транспарентно […]

Откажан штрајкот на контролорите на летање


Откажан е штрајкот на контролорите на летање најавен за 25 декември и 31 декември годинава, информира денеска претседателот на Самостојниот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) Александар Тасевски.  На денешниот состанок Синдикатот одлучил сепак да го прифати огласот за вработувања што го оспоруваше поради дел од позициите што ги смета за несуштенски и што беше […]

Доделена наградата „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ на Мишко Иванов и Ненад Георгиевски


Државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за остварувања во областа на публицистиката денеска во Собранието му беше доделена на Ненад Георгиевски, а за остварување во областа на новинарството на Мијалче-Мишко Иванов. Претседател на Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ е Зоран Бојаровски. Наградата на лауреатите во име на комисијата им ја врачи истакнатиот […]

Градот Скопје почнува со реализација на проектот за булевар „Хрватска“


Градот Скопје отпочнува со реализација на проектот за булевар „Хрватска“, кој е ветуван пред граѓаните, а не е реализиран повеќе децении. Проектот е еден од најголемите инфраструктурни проекти по чија реализација Скопје ќе има сообраќајно решение со карактер на внатрешна обиколница околу централното јадро и со која се обезбедува побрзо и посигурно поврзување на општината […]

Во Основниот суд во Струга утре третпат почнува судскиот процес за родилката од Дебар


Во Основниот суд во Струга утре третпат ќе почне судскиот процес против тројцата лекари од Струшката болница, гинекологот Мухамед Асани, неговиот син доктор Блертон Асани и доктор Лилјана Јованоска, обвинети од Јилдз Веапоска, од Дебар на која при породување со царски рез и биле отстранети матка, јајник и бубрег. Судскиот процес, како што информира  претседателот […]

Женски џемпери и сини сандалки донирани на ученици во Берово – Пекевски се извини


Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски денеска на прес – конференција се извини за ненамерната грешка што се случи со доделените пакети наменети за ученици од деветолетката ,,Дедо Иљо Малешевски”, во кои се најде несоодветна облека која предизвика реакции кај јавноста. Остатоток од донираните пакети и пакетите кои во меѓувреме беа вратени во училиштето, како што […]

Обезбеден лекот „Трикафта“ за 12 пациенти, постепено ќе биде обезбеден за сите пациенти


Лекот „Трикафта“ е веќе на Универзитетската клиника за детски болести, со 100 милиони денари набавена е терапија за следните неколку месеци, дополнително предвидени се 854 милиони денари за обезбедување на лекот за 2024 и 2025 година, со што во следните две години пациентите со цистична фиброза се обезбедени со терапија, информира денеска минситерот за здравство […]

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство


Во пет општини со околу 40 основни училишта неколку илјади ученици се здобија со знаења за булингот во рамки на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“, „Крени глас против врсничкото насилство“. Работилниците, предводени од психолог со долгогодишно практично искуство со проблемот, се наменети не само за младите, туку и за стручните служби во училиштата, како и […]

Во Кичево и Струмица надминат прагот на аерозагадување


Во Кичево и Струмица е надминат прагот на аерозагадување бидејќи два дена мерните станици покажуваат високи концентрации на ПМ10 честички повеќе од дозволеното, соопштија денеска од Министерството за животна средина и просторно планирање. Од МЖСПП наведуваат дека согласно Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови  на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на […]

Данела догодина ќе краси од септември за скопјани да бидат среќни


„Како ќе оправдаат по мандатот, кога ќе треба да платат 300.000 евра за украсување за Нова година? Над 2 милиони евра земале изминативе години. Сега по јавен повик, украсувањето чини 30.000 евра. Ние славиме Божиќ на 7-ми јануари, секоја година во исто време. Јас им ветувам на граѓаните дека следна година од 20-ти септември ќе […]

Компанија од Зајас единствена пријавена на тендер, МНР тактизира


Откако компанијата „Еуроинвест Медиу“ со седиште во село Зајас преку допис до медиумите реагираше на одолговлекување на тендерската постапка од страна на Министерството за надворешни работи за избор на фирма која треба да изврши реконструкција на дипломатски објект во Цирих, Швајцарија, реагираа и од МНР.  „Еуроинвест Медиу“ била единствената пријавена на тендерот на МНР, а […]

Ременски генерален конзул во Венеција, Синани во Њујорк?


  Извори од владата за Вечер.мк навеле дека, вчера на седница на влада се донесени одлуки за именување на генерални конзули во две дипломатски мисии: Фросина Ременски во Венеција и Мухаби Синани во Њујорк.   Сопругот на Фросина, Јовче Ременски веќе е дел од амбасадата на Македонија во Рим, испратен како лице кое е задолжено […]

(Видео) Прес-конференицја на Меџити за „трикафта“


Министерот за здравство Фатмир Меџити, директорката на Клиниката за детски болести, Стoјка Нацева-Фуштиќ и претставникот од Асоцијацијата на цистична фиброза Фики Гаспар ќе одржат прес-конференција по повод пристигнувањето на лекот трикафта за пациентите со цистична фиброза.

Агенцијата за управување со одземен имот ќе донира дел од одземената стока на Општина Гостивар


Директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу и градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари денеска ќе извршат предавање на трајно одземени предмети – разна стока за потребите на општината. Агенцијата за управување со одземен имот соопштува дека во согласност со своите законски надлежности врши континуиран поврат на конфискуваниот имот на граѓаните на Република […]

Во Берово измерени – 6 степени, најмногу снег во Маврови Анови 38 сантиметри


Најниска температура утрово е измерена во Берово – 6 степени, во Прилеп -5, во Скопје-Петровец, Битола и Струмица – 4, во Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Маврови Анови, Попова Шапка – 3 степени, Претор, Штип и Демир Капија – 2, во Крива Паланка, Виница, Крушево, Дебар, Велес, Кавадарци – 1, во Охрид и Куманово 0, во Гевгелија […]

Магла на повеќе патни правци


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози. Појава на магла со видливост до 50 метри има во Битола, Прилеп, Кичево и Македонски Брод, а магла со видливост до 100 метри има на делницата Хиподром-Петровец и по Повардаријето. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е […]

Дебата „Улогата на науката за безбедност и истражувањето во отпорноста, безбедноста и одржливиот развој на општеството“


Филозофскиот факултет во Скопје денеска ќе организира дебата на тема „Улогата на науката за безбедност и истражувањето во отпорноста, безбедноста и одржливиот развој на општеството“. -Во периодот на големи безбедносни предизвици и приоритети и креирање јавни политики за справување со нив,  особено е важно местото и улогата на истражувањето и науката за безбедност која ја […]