Се гради кружен тек кај Домот на културата во Прилеп


Главната улица во Прилеп, веќе има неколку кружни текови, со што значително е олеснет сообрачајот во градот, но семфорите кај Домот на културата „Марко Цепенков“ е тесно грло и метежот е најчесто таму.

Затоа. локалната самоуправа одлучи да направи кружен тек, а градоначалникот објацви дека почнале со градба на вкрстувањето на улиците „Кузман Јосифоски“ и булеварот „Гоце Делчев“.

– Во централното градско подрачје потребен ни е слободен и брз проток на сообрајќајот. Особено на оваа крстосница кај Центарот за култура „Марко Цепенков“, што во моментов претставува „тесно грло“ и често сме сведоци на огромни колони, сообрајќаен метеж и нефункционалност на вертикалната сигнализациј. Со овој кружен тек го продолжуваме таканаречениот отворен сообрајќај, низ центарот на градот и го ослободуваме и забрзуваме протокот на движење на сите учесници во сообрајќајот – вели градоначалникот Борче Јовчески.

За имплементација на целосен систем на отворен сообрајќај во Прилеп, што е докажано, дека е најекономичен и озвозможува најголем проток на возила, остануваат уште неколку тесни грла во сообрајќајот, тоа се вкрстувањата на: бул. „Гоце Делчев“ со улица „Војводинска“ (кај новата автобуска), бул. „Гоце Делчев“ со улица „Прилепски бранители“ (кај Градска) и вкрстувањето на улица „Александар Македонски“ со улица „Димо Наредникот“.