Претпладне магла, преку денот умерено облачно со умерен ветер од северен правец


Времето ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје претпладне со појава на магла, преку […]

Крушево „победи во конкуренцијата Најновогодишен град“


Крушево, слободно може да се каже дека е најдобро украсен град во пресрет на новогодишните и Божиќните празници. Не дека Крива Паланка заостанува, ама крушевчани имаат и снег, под нозете крцкав, а на околните елки и борови им надвиснале гранките одбелата тежина. Нив и природата ги сака.  Магични фотографии од атмосферата на плоштадот во Крушево […]

Шилегов: Арсовска да поднесе оставка, во мај да имаме локални избори за Скопје


На избори за нов градоначалник на Скопје во мај и оставка на Данела Арсовка повика ексградоначалникот Петре Шилегов на социјалните мрежи. Шилегов вели дека Скопје се наоѓа во процес на целосна девастација. „Почитувана Арсовска, заминете си. Поднесете оставка. Доблесно е да си признаете дека сте тотално неспособна и некадарна да го водите градот. А едноставно […]

Во петок треба да се избере наследник на Љубомир Јовески


Советот на јавни обвинители во петок треба да избере вршител на должноста кој ќе го замени актуелниот републички јавен обвинител Љубомир Јовески на кого во понеделник му истекува мандатот. Вршителот на должност ќе се избере од редот на републичките обвинители и тој ќе биде на оваа функција до изборот на нов републички јавен обвинител за […]

Предновогодишен концерт на воените оркестри на Македонија, Албанија, Хрватска и Словенија


Предновогодишен концерт на воените оркестри од aрмиите на Северна Македонија, Албанија, Словенија и Хрватска ќе се одржи вечерва во Домот на Армијата во Скопје, соопшти Министерството за одбрана. Мотото на концертот е „Армиски aкорди, новогодишна прослава на пријателството преку звуците на четири армии на НАТО“. Ќе се изведе репортоар од различни нумери од познати светски […]

Многу проблеми до дигитален индекс – за УКИМ тешко, Универзитетот „Гоце Делчев“ веќе работи онлајн


Дигитализацијата во високообразовните институциите денеска беше тема на јавната дебата што ја организираа Клубот за младински прашања и политики на Собранието, во соработка со Форумот за образовни промени Иницијативата #DigiU. На оваа дебата и претходеше дводневен Диги образовен хакатон на кој учествуваа претставници на универзитетските собранија, професори и пратеници од различни пратенички групи во Собранието. […]

Мегавин на Државна лотарија од денес со нова наградна игра


Од денес, сите регистрирани и нови учесници во игрите на среќа на веб-страната www.megawin.mk на Државна лотарија, имаат нова можност за уште повеќе забава и големи награди, со учество во новата наградна игра НОВОГОДИШЕН КАЛЕНДАР со награден фонд од близу 5 500 000 денари. Во период од денес заклучно со 19 јануари 2024 година на веб-страната www.megawin.mk учесниците коишто ќе […]

Националноста нема да се впишува во изводите – времена мерка на Уставниот суд


  Уставниот суд одлучи да поведе постапка по делови од три члена од Законот за матична евиденција во кој е содржан зборот националност, во изводите за родени, за венчани и за умрени лица. Судот, исто така, донел времена мерка и од денеска, па сѐ додека не се донесе конечна одлука службите не смеат од граѓаните […]

Времено нема да се впишува националност во изводите, одлучи Уставниот суд


Уставниот суд одлучи да поведе постапка по делови од три члена од Законот за матична евиденција во кој е содржан зборот националност, во изводите за родени, за венчани и за умрени лица. Судот, исто така, донел времена мерка и од денеска, па се додека не се донесе конечна одлука службите не смеат од граѓаните да […]

„Макпетрол“ донира новогодишни подароци за дечињата од куќата „Верна“ во СОС Детско Село


Децата што со згрижувачко семејство живеат во куќата „Верна“, а чијшто кум е „Макпетрол“, денес добија новогодишни подароци. Во празнично расположение, дечињата беа израдувани со различни содржини со кои што ќе можат да се забавуваат и кои што ќе им помогнат полесно да ги совладаат предизвиците во следната 2024 година. – Општествената одговорност долги години […]

Пренасочен е товарниот сообраќај на патот Скопје – Блаце, кај бензинска пумпа „Дизел“


 Од 13 часот е пренасочен товарниот сообраќај на магистрален пат Скопје – Блаце, кај бензинска пумпа „Дизел“. Како што соопштија од АМСМ, пренасочувањето е поради технички проблем со системот од косовската страна.

Утре е неработен ден за Турците во Македонија


„Согласно со Законот за празниците, 21 декември 2023 година (четврток), Денот на настава на турски јазик е неработен ден за граѓаните припадници на турската заедница“, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Министерството за труд и социјална политика им го честита Денот на наставата на турски јазик. Ова е единствениот национален празник што го прославуваат […]

Врховниот суд го одби барањето на Груевски за преиспитување на пресудата за „Плацеви на Водно“


 Врховниот суд го одби како неосновано барањето за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје за предметот „Плацеви на Водно“, поднесено од осудениот поранешен премиер Никола Груевски.   – Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија денеска на седницата одржана на ден 20.12.2023 година одлучуваше по поднесено Барање […]

Центар урива нелегални бараки – отвора пат за учениците од „Коле Неделковски“


Општина Центар започна со отстранување на нелегално поставени објекти на јавна површина како што се диви доградби и тераси, со кои се узурпира јавниот простор. Акцијата започна денеска со отстранување на бесправно изградена барака на ул. „Антоние Грубишиќ“. Општина Центар го спроведува отстранувањето на оваа напуштена и нефункционална барака за да обезбеди безбеден пристап на […]

Дали Скопје е или не е во 10-те најзагадени градови во светот – борба меѓу Арсовска и новинарите!


Загаденоста на воздухот во зима, во Скопје стана вечно актуелна тема. Сите работат на намалување на загадувањето, но ефектот слабо се гледа.    Загриженоста на граѓаните е оправдана. некои чувствуваат акутно симптоми од загаденоста, крвави очи кои им солзат, потешкотии во дишењето и кашлање, неретко и осип на кожата и тоа сите, млади, стари, деца… […]

Изјави на премиерот Ковачевски и министерот Бочварски (во живо)


Изјава на премиерот Димитар Ковачевски, кој со министрите за транспорт и врски Благој Бочварски, и за култура Бисера Костадиновска Стојчевска и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми присуствуваат на пуштањето во употреба на рехабилитираниот регионален пат  Битола – Меџитлија.

Во Клиниката за физикална медицина и рехабилитација пуштен во употреба апарат за роботска рехабилитација


Во Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација во Козле пуштен во употреба е нов најсовремен aпарат за роботска рехабилитација – Lokomat во вредност од 57.983.430,00 денари. Станува збор за апарат кој го поддржува движењето, ги насочува нозете на пациентот врз основа на физиолошкиот модел на одење и нуди можност за делумна поддршка на тежината.  […]

(Во живо) Азар Алиу за Финалниот акт за преземање на позицијата на Македонија во орбитата


Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу ќе одржи прес-конференција за потписот во Дубаи на Финалниот акт за преземање на позицијата на нашата земја во орбитата.  

Спасовски: Издвоивме 13 милиони евра од Буџетот на МВР за униформи, техничка опрема и возила


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски информира дека се издвоени 13 милиони евра од Буџетот на МВР за униформи, техничка опрема и возила – имплементиравме високи европски стандарди на материјално-техничката опременост на македонската полиција. – Така, покрај униформираната полиција со комплет униформи (зимски јакни, високи специјални чизми, летни и зимски панталони, чевли со дебел и […]

Македонската армија 108 во светот


Армијата на Северна Македонија е рангирана на 108 место на листата најмоќни војски во светот, што ја објави специјализираниот портал кој се занимава со воени анализи „Global Firepower“. Според листата на најмоќни армии во 2023 година, очекувано на прво место се САД, а потоа следат Русија, Кина, Индија, Велика Британија, Јужна Кореја, Пакистан, Јапонија, Франција, […]