Ако зајакнат капацитетите на мајката на повреденото девојче од Струмица и другите деца ќе ѝ бидат вратени


Поддрша и едукација ѝ се пружа на мајката од Струмица, чие 4-годишно девојче заврши со тешки повреди на Детската клиника во Скопје, а останатите три деца се сместени во згрижувачко семејство. Ако  мајката ги зголеми своите капацитети во однос на грижата за децата,  по излегувањето од болница, децата ќе ѝ бидат вратени, уверува министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. 

– Трите дечиња од семејството се во згрижувачко семејство, значи се на сигурно место, кадешто ќе им биде понудена атмосфера слична на нашите семејни атмосфери. Се згрижени. Се работи со нив преку стручните служби од Центарот за социјална работа. Верувам дека детето со мајката коишто се на Детската клиника ќе бидат во добра состојба. По излегувањето на детето од болницата, ќе се работи на јакнење на капацитетите на мајката и доколку надлежните центри утврдат дека мајката ги има зајакнато капацитетите, децата секако ќе бидат вратени, со обезбедување на пристојни услови за да можат да продолжат понатаму со секојдневието – изјави Тренчевска денеска, одговарајќи на новинарско прашање, при промоцијата на гаранцијата за деца по примерот од земјите во ЕУ.

Тренчевска уште нема информации за истрагата која ја покрена Јавното обвинителство од Струмица, за тоа како детето се здобило со повредите и заврши на Детската клиника во Скопје.

Девојчето на 17 јануари беше пренесено од болницата во Струмица, со возило на Итна медицинска помош и во придружба на лекар, на Клиниката за детски болести. Тоа било во исклучително тешка состојба, потхрането (тежело само 8 кг), хигиенски запоставено, со гангренозни промени на прстите на дланките и на стапалата. 

Инаку, првично мајката на девојчето пријавила дека повредите се од напад на куче, но истражните органи проверуваат дали тоа е вистинската причина. Случајот го води Основното јавно обвинителство во Струмица.

Четиригодишното дете од Струмица, во моментов е со стабилни витални параметри, на лекување и следење на Одделот за гастроентерохепатологија. Во лекувањето се вклучени и лекари  од Клиниката за детска хирургија, а конзилијарно е водено со повеќе супспецијалисти од Клиниката