По повод еврејскиот празник Ту би Шват, засадени дрвца во паркот пред Меморијалниот центар


Фото: Б. Грданоски

По повод еврејскиот празник Ту би Шват (Нова година на дрвото), Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска организираше садење на дрва, во п арк пред Меморијалниот центар на холокаустот.

Беа засадени пет дрвца, а учествуваше и амбасадорката на Израел, Симона Франкел. 

По повод 27 Јануари – Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од холокаустот, во организација на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и Еврејската заедница ќе биде отворена изложбата „ Аушвиц – Место на Земјата: Албум со фотографии од Аушвиц“, вечерва во 19 часот, во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Фото: Б. Грданоски

Утре пак,  со почеток во 10 часот во просториите на Министерството за надворешни работи ќе се одржи традиционалниот настан за одбележување на Меѓународниот ден во спомен на жртвите на Холокаустот.

На настанот воведни обраќања ќе имаат државниот секретар во Министерството за надворешни работи, Филип Тосевски, амбасадорката на Државата Израел, Симона Франкел, амбасадорката на Република Хрватска во својство на претседавач со IHRA, Нивес Тигањ и заменик-претседателката на Еврејската заедница во Северна Македонија, Радојка Хелман Денковска.

По воведните обраќања следува панел дискусија на тема: Едукација на младите за холокаустот, меѓу студенти и универзитетскиот професор, Мишо Докмановиќ и Маја Суша, од Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.