Во Велес фестивал на џез, world и современа музика – пет години музика, уметност и културна размена


Од 25 до 27 септември во Велес ќе се одржи петтото издание на Фестивалот на Џез, world и современа музика, којшто годинава одбележува свој мини-јубилеј – пет години исполнети со музика, уметност, ентузијазам, нови средби и културна размена. Фестивалот започна со едноставна, но важна идеја – уметноста да не биде концентрирана само во метрополите и […]

Светска екслузива што ќе се памети: Оскаровецот Воли Фистер со гитара во рацете испиша историја на „Браќа Манаки“!


Светот ќе зборува за ова, Битола беше центарот каде што филмската уметност се судри со чистиот рок. Битола денеска сведочеше на  историски момент каков што светот досега нема видено, а му се случи токму на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Учесниците и гостите на 47. издание на фестивалот беа сведоци на вистински медиумски […]

Почнува новиот фестивал за еко култура и креативен активизам ФЛУДО


Првото издание на ФЛУДО – фестивал за еко култура и креативен активизам започнува денеска (четврток 24 септември) и ќе трае до сабота (26 септември). Сите програми ќе се одржуваат во Сули – ан во Скопје. Пред пет години, Еко – свест, кој е организатор на фестивалот, започна со специфичен комуникациски пристап што ги надминува традиционалните […]

Претпремиератa на „Три сестри“ во режија на Нела Витошевиќ вечерва во МНТ


Претпремиератa на претставата „Три сестри“, по мотиви на А. П. Чехов, во режија на Нела Витошевиќ, ќе се одржи вечерва во Македонскиот народен театар, а премиерата е закажана за утре, 25 септември. Новата сценска адаптација, по текст на Васил Христов и Нела Витошевиќ, а во драматургија на Викторија Рангелова-Петровска, е современо читање на еден од […]

Македонскиот писател Стефан Марковски со книжевен настап на „Paris Lit Up“ во Париз


Македонскиот писател и истражувач на литературата, Стефан Марковски, ќе настапи на книжевната вечер „Paris Lit Up“, која од 2012 година се одржува во историскиот бар „Култур Рапид“ во Париз. Како што информираат од „МК Современост“, Марковски ќе чита свои поетски творби од англиско-македонскиот избор „Ветена земја“, во кој се застапени песни од неговите поетски книги […]

„Невозможните нешта“ тема на 14. издание на фестивалот „Џифони Македонија“


Под мотото „Невозможните нешта“, од денеска до 29 септември во Скопје ќе се одржи 14. издание на Младинскиот филмски фестивал „Џифони Македонија“, кое годинава ќе понуди повеќе од 80 филмови, осум работилници и учество на над 400 млади и гости од неколку европски земји. Организаторите информираат дека фестивалската тема ги отвора прашањата за границите на […]

За 35 години „Матица македонска“ објавена „Книгата сведок“ од Веле Смилевски


 Две наградени поетски дела на Веле Смилевски се обединети во новата „Книгата сведок“, објавена од „Матица македонска“ по повод 35 години од нејзиното постоење. Во нова композициска целина се „Забранета книга“, за која Смилевски ја доби наградата „Браќа Миладиновци“, и поемата „Век за самување“, наградена со „Григор Прличев“. Како што наведува „Матица македонска“, со обединувањето […]

Одбележување на 20-годишнината од смртта на Петре М. Андреевски


ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје денеска ќе ја одблежи 20-годишнината од смртта на големиот македонски поет и писател Петре М. Андреевски, кој со својот збор длабоко се вкорени во македонската книжевност и во нашето колективно паметење.  Петре М. Андреевски еден од најзначајните автори во современата македонска книжевност не пишуваше само за своето време. […]

Ретроспективна изложба „Благоја Маневски: 40 години творештво“ утре во Музејот на современата уметност во Скопје


Во Музејот на современа уметност (МСУ) во Скопје, денеска ќе биде отворена ретроспективната изложба „Благоја Маневски: 40 години творештво“, посветена на четири децении од уметничката практика на еден од најавтентичните автори на македонската современа ликовна сцена. Како што соопштуваат од МСУ, куратори на изложбата се Лилјана Неделковска и Натали Рајчиновска-Павлеска, а координатор на проектот е […]

Средба со грчкиот поет Сотирис Минас во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје


Грчкиот поет Сотирис Минас денеска повторно ќе оствари средба со читателите во книжарницата на „Матица македонска“ на булеварот „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Како што соопштуваат од издавачката куќа „Матица македонска“, настанот се организира поради големиот интерес по промоцијата на неговата поетска збирка „Раскинување на договорот“. Средбата претставува можност за читателите лично да поразговараат со […]

Дарко Митревски ќе снима спиноф на „Бал-кан-кан“, циничен коментар на самите себе


Горчлив коментар на нашите животи во моментов, цинична и смешна приказна, љубовна, еротска, црна комедија која се случува во Македонија, со тажен крај, многу смеа и солзи, спиноф на „Бал-кан-кан“. Вака денеска режисерот, сценарист и продуцент Дарко Митревски го најави својот нов филм што ќе почне да се снима идната година.  Како што рече на […]

Почина Тонкица Митровска, пионер на македонскиот анимиран филм


Друштвото на филмски работници со неизмерна почит се збогува од својата долгогодишна и истакната членка, Тонкица Митровска, пионер на македонскиот анимиран филм, кој остави неизбришлив траг во македонската кинематографија.Нејзиното заминување е огромна загуба за културната сцена, но нејзиното творештво останува како траен споменик на една извонредна кариера. Како дипломиран графичар Тонкица Митровска беше еден од […]

„Патување низ звуците“ – концертна вечер во Македонскиот културен центар во Истанбул


Македонскиот културен центар во Истанбул на 23 септември 2026 година, со почеток во 19:00 часот, ќе биде домаќин на концертната вечер „Патување низ звуците“, на која ќе настапат сопранот Дајана Малолари Пајазити, виолинистот Шкелзен Пајазити и пијанистката Едита Руси. Концертната програма е осмислена како музичко патување низ различни епохи, стилови и музички традиции. На програмата […]

„Смрт на погребот“ – нова премира на кумановскиот театар ги отвора „Деновите на комедијата“


Кумановци, утревечер во 20 часот, на почетокот на Фестивалот „Денови на комедија“ ќе можат да ја видат новата премиера на Театар Куманово „Смрт на погребот“ во режија на Ненад Витанов. Во претставата играат актерите Жарко Јовановиќ, Марко Трајковиќ, Александра Михајловска Величковски, Владо Дојчиновски, Дубравка Киселички, Горан Илиќ, Давид Илиќ, Анастасија Трајковиќ, Никица Јанковски и Мирослав […]

Избрани шест нови членови на Друштвото на писателите на Македонија


Друштвото на писателите на Македонија неодамна го прошири своето членство со шест авторки и автори. На последната одржана седница, управниот одбор на Друштвото изгласа за негови нови членови да бидат примени: Марина Икономова Шокева, Митко Бојаџиски, Ана Витанова-Рингачева, Дијана Петрова, Тодор Јовчевски и Енис Хилми, соопштуваат од ДПМ. Марина Икономова Шокева е родена 1966 г. […]

Средба со новинари на режисерот Дарко Митревски


Македонскиот режисер, сценарист и продуцент Дарко Митревски денеска во фоајето на Македонскиот народен театар ќе одржи средба со претставниците на медиумите насловена „А што е следеќе?“.  Наместо класична прес-конференција, се наведува во најавата, средбата е замислена како непосреден разговор со Митревски и можност за изјави и интервјуа. По речиси две децении поминати во Лос Анѓелес, […]

„Доктор Офболи“ – балетска приказна за најмладата публика на 26 септември на сцената на Националната опера и балет


На 26 септември, со почеток во 19.00 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена балетската претстава за деца „Доктор Офболи“, една од најгледаните балетски претстави за најмладата публика. Оваа бајковита балетска приказна, како што наведуваат од НОБ, ја прикажува вечната борба меѓу доброто и злото, во која доброто, како и секогаш, […]

„Падот на Масада“ на Драмски театар – Скопје на фестивалот „Стоби 2026“


Драмскиот театар – Скопје, утревечер, со почеток во 20 часот, ќе гостува на 23. Интернационален фестивал на античката драма „Стоби“ во Велес со претставата „Падот на Масада“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски. Фестивалот „Стоби 2026“ се одржува од 15 до 24 септември и годинава во својата програма обединува театри од Македонија, Србија […]

За 35 години „Матица македонска“: Ново јубилејно издание на Ацо Шопов – „Ветрот носи убаво време“


По повод 35 години од своето постоење, „Матица македонска“ го објави јубилејното издание „Ветрот носи убаво време“ од Ацо Шопов – книга што на едно место обединува три пресудни точки од поетската еволуција на еден од основоположниците на современата македонска книжевност и, едновремено, три книги што имаат исклучително место во развојот на македонската поезија. Во […]

Борислав Павловски е добитник на интернационалниот „Драги“ за преводот на „Бајазит и Оливера“


  Жири-комисијата за доделувањето на наградата „Драги“ преку дискусија во вториот круг на селекција одлучи да влезат 12 дела во препев објавени од 6 издавачки куќи, во превод на 12 преведувачи и од 8 различни јазици. Делата што влегуваат во вториот круг (подредени по азбучен ред, според првата буква од името на препејувачите): Ана Пејчинова […]