Промоција на македонскиот превод на романот „Настанот“ од нобеловката Ани Ерно


Македонскиот превод на романот „Настанот“ од француската писателка и добитничка на Нобеловата награда за литература за 2022 година, Ани Ерно, ќе биде промовиран вечер од 19 часот во Францускиот институт во Скопје.  За романот, кој го објави издавачката куќа „Илика“, ќе говорат Катерина Шекутковска, уредничка во „Илика“, и Елисавета Поповска, преведувачка на делото и професорка […]

Жарко Башески стана дописен член на МАНУ: Пригодна реч на академик Влада Урошевиќ


Истакнатиот македонски скулптор, проф.д-р Жарко Башески (1957, Прилеп), сега во пензија, е избран за дописен член во работниот состав на МАНУ на 21. Изборно собрание на Академијата за избор на членови на МАНУ во работниот состав (редовни и дописни), на членови надвор од работниот состав и на почесни членови, одржано на 7 ноември 2025 година. […]

Гран-при за „Сестра, брат и шахта“ на Манчевски во Токио


„Сестра, брат и шахта“, најновиот филм на Милчо Манчевски победи на Филмскиот фестивал во Токио, фестивал од А-категорија. Филмот ја освои главната награда на фестивалот, „Токио Гран при“ (Tokyo Grand Prix).  Ова е првпат македонски филм да победи на фестивал од А-категорија после „Пред дождот“ на Манчевски во Венеција во 1994. Претседателот на жирито, легендарниот […]

Одбележување 90 години од раѓањето на поетот Михаил Ренџов


Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје денеска со книжевен настан од 11 часот ќе одбележи 90 години од раѓањето на поетот Михаил Ренџов (1936 – 2024). -Со читање на неговата поезија и пригодна музичка програма ќе му оддадеме почит на авторот чие дело има значајно место во македонската книжевна и културна историја. Михаил Ренџов е […]

Националниот џез оркестар ќе го отвори 30. џез-фестивал во Сараево


Националниот џез оркестар денеска во Народниот театар во Сараево ќе одржи концерт „Macedonian Dreams“, под диригентство на Владимир Николов, со кој ќе го отвори 30. издание на џез-фестивалот  Jazz Fest Sarajevo.  Програмата „Macedonian Dreams“, која беше претставена и пред публиката во Будимпешта, Прага, Виена и Брисел, е уникатен музички спој на традиционалната македонска музика, народните […]

Најпродаваниот роман на Елиф Шафак, „Островот на исчезнатите дрвја“, пристигнува на големото платно!


Најпродаваниот роман на Елиф Шафак, „Островот на исчезнатите дрвја“, приказна со двојна временска линија сместена во позадина на Кипар разурнат од војна и денешен Лондон, наводно пристигнува на големото платно! Романот, кој беше во потесниот избор за наградата „Women’s Prize“, официјално се подготвува за екранизација во долгометражен филм од страна на „Рубикон пикчрс“ (Rubicon Pictures), […]

„Тивки актери, гласни приказни“: Ретроспективна изложба на македонското куклено наследство во Музејот на Македонија


Во етнолошката поставка во Музејот на Македонија на 05.11.2026 (четврток)  во 19 ч. че се одржи ретроспективната изложба на македонското куклено наследство „Тивки актери, гласни приказни“. Изложбата „Тивки актери, гласни приказни“ ве повикува на ретко ретроспективно патување низ децениите на македонското кукларство. Од историските почетоци во 1946 година со визијата на Светлана Малахова, па сѐ […]

Книжевна средба и промоција на преводот на македонски јазик на романот „Настанот“ од нобеловката Ани Ерно


Францускиот институт во Скопје и издавачката куќа „Илика“ канат на книжевна средба и промоција на македонскиот превод на романот „Настанот“ од Ани Ерно, добитничка на Нобеловата награда за литература во 2022 година. Настанот ќе се одржи во четврток, 5 ноември 2026 година, во 19:00 часот, во Францускиот институт во Скопје. На средбата ќе говорат Катерина […]

МНТ го отвора 22. Меѓународен фестивал на актерот во Никшиќ


 Македонскиот народен театар на 5 ноември ќе го отвори 22. Меѓународен фестивал на актерот – Никшиќ 2026, кој ќе се одржи од 5 до 10 ноември под слоганот „Да играме со срце“. МНТ на фестивалот ќе настапи со претставата „Страв и надеж“, во адаптација и режија на Татјана Мандиќ Ригонат, со која ќе започне шестдневната […]

Филмска недела и традиционални работилници по повод Денот на јапонската култура


 Јапонската амбасада во земјава, Кинотеката на Македонија и Центарот за култура во Битола ќе го одбележат Денот на културата на Јапонија со 19. издание на Неделата на јапонски филм, како и со работилници за оригами и традиционалниот јапонски чај. Денот на културата во Јапонија, познат како „Bunka no Hi“, се одбележува секоја година на 3 […]

Промоција на „Без повод за поводи“ од Иван Антоновски


Во Културно-информативниот центар – Скопје вечер од 19 часот ќе биде промовирана книгата „Без повод за поводи“ од Иван Антоновски, во издание на „Матица македонска“, во која авторот, меѓу другото, истражува необјавени драми на Васил Иљоски, раната поезија на Блаже Конески и Кочо Рацин како книжевен критичар. Се работи за научно и книжевно-критичко дело во […]

Прва монографија за археолошкиот локалитет Старо Бонче кој се смета за центар на кралството на Пелагонците


Археолошкиот комплекс кај прилепското село Старо Бонче, познат по кралската гробница и уникатните штитови со сончев симбол, доби прва монографија по две децении истражувања. Монографијата „Археолошки комплекс Старо Бонче“ беше промовирана синоќа во прилепскиот Завод и музеј, а нејзини автори се професорите Антонио Јакимовски и Виктор Лилчиќ Адамс од Филозофскиот факултет во Скопје и археологот […]

Националниот џез оркестар со настапи во Чешка и на отворањето на 30. Jazz Fest Sarajevo


Националниот џез оркестар продолжува со своите меѓународни активности, со два значајни настапи во Чешка и Босна и Херцеговина, претставувајќи ја македонската џез-сцена пред европската публика. КОМБО АНСАМБЛОТ НА НАЦИОНАЛНИОТ ЏЕЗ ОРКЕСТАР СО НАСТАП ВО PETROF GALLERY ВО ХРАДЕЦ КРАЛОВЕ На 2 ноември, комбо ансамблот на Националниот џез оркестар ќе настапи во престижниот концертен простор PETROF […]

Симон Трпчески со „Камерен музички десерт“ вечер во Македонската филхармонија


Македонскиот пијанист со светска кариера Симон Трпчески вечер ќе одржи концерт во Македонската филхармонија во Скопје со програмата „Камерен музички десерт“. Концертот ќе почне во 20 часот, а публиката ќе има можност да проследи програма составена од дела на Шопен, Григ, Конесон, Шахов и Шостакович, автори чија музика припаѓа на различни епохи и стилски изрази. […]

„Сестра, брат и шахта“ на Манчевски со светска премиера во Токио: На Токио му дадовме шахта, а си земавме суши


Најновиот филм на Милчо Манчевски „Сестра, брат и шахта“ вчера имаше светска премиера во натпреварувачката програма на 39. Меѓународен филмски фестивал во Токио, фестивал од А-категорија. -На Токио му дадовме шахта, а си земавме суши. Фер. Публиката дишеше со филмот. Се радувам што вака убаво го пуштивме во свет, изјави Манчевски по проекцијата во Токио. […]

Концерт на пијанистите Данијел Гашпаровиќ и Дино Имери во Салон 19:19


Во Салонот 19:19 во Културно информативен центар – Скопје вечерва во 20:00 часот скопската публика ќе има можност да присуствува на концерт на Данијел Гашпаровиќ од Хрватска и Дино Имери,  двајца исклучителни пијанисти со меѓународно реноме. Уметниците ќе презентираат програма од Л. ван Бетовен, Б. Папандопуло, Д. Имери, М. Мошковски и М. Равел настапувајќи како […]

Contra mundum со Озрен Грабариќ, едно од најнаградуваните претстави на Балканот, гостува на „Рута“


На претпоследниот ден од РУТА, 30 октомври, од 20 часот на сцената на ДТС, Центарот за култура од Тиват ќе гостува со претставата „Contra mundum“ по концепт и режија на Вељко Миќуновиќ , со настап на Озрен Грабариќ, а црногорскиот театар претходно, од 17 часот, на Академската сцена при ФДУ ќе ја изведе и монодрамата […]

Вечер посветена на Бети Ѓорѓевиќ во КИЦ Белград


Македонскиот Културно-информативен центар во Белград, во соработка со „Танграм центар“, вечер од 19.30 часот организира концерт посветен на џез и соул-интерпретаторка со македонско потекло, Бети Ѓорѓевиќ (1944, Куманово – 2026, Белград).  Концертот е насловен по нејзиниот прв голем хит „Крај на мојата тага“ („Крај моје туге“) со кој  таа стекна популарност во 1974 година. -Концертот […]

„Сакам книги“ ќе донира 300 книги на украински јазик во библиотеки во земјава


Издавачката куќа „Сакам книги“ обезбеди 500 книги на украински јазик, од кои 300 ќе бидат донирани на библиотеки во Скопје, Делчево, Кавадарци и Штип, како и на Здружението на Украинци во Македонија „Лесја Украинка“, a 200 ќе бидат достапни во книжарниците во Скопје. Иницијативата е во рамки на проектот „Со љубов, од Европа“, финансиран преку […]

Прва македонска компаративна студија за сонетот: Елена Пренџова го следи неговиот пат од XIII век до денес


Македонската книжевност добива прва компаративна студија од ваков вид за сонетот. Научната монографија „Сонетот во светската и во македонската книжевност“ од Елена Пренџова ќе биде промовирана утре во 12 часот, во Друштвото на писателите на Македонија. Промотори на делото се Зоран Анчевски и Ефтим Клетников. Во студијата Пренџова го проследува историско-еволутивниот развој на сонетот низ […]