Промоција на стихозбирката „Тапан на пат“ од Олга Панкина во ДПМ


Во просториите на ДПМ вечер ќе се одржи промоција на стихозбирката „Тапан на пат“ од Олга Панкина. Книгата, објавена во издание на Здружението за уметност и култура „Дијалог“, ќе ја промовираат академик Влада Урошевиќ и д-р Владимир Мартиновски. -„Тапан на пат“ е петта поетска книга на Олга Панкина која со своите естетски вредности претставува впечатлив […]

„Приказни што оживуваат“ продолжува со креативна работилница посветена на Винсент ван Гог


Креативниот центар „Сончогледи“ на 12 ноември (четврток), со почеток во 18 часот, ќе ја реализира четвртата креативна работилница од циклусот „Приказни што оживуваат – уметност, литература и пантомима за деца“, посветена на животот и творештвото на еден од најзначајните претставници на постимпресионизмот – Винсент ван Гог. Преку запознавање со животот, уметничките идеи и најпознатите дела […]

Кинематограферот Самир Љума со филмот „Моето заробено срце“ на светска премиера во Талин


„Моето заробено срце“ (MY ENSLAVED HEART), босанска драма што ја напиша и режираше Џан Харба, ќе има светска премиера на 11 ноември во Apollo Kino Plaza, сала 9, во Талин. По проекцијата следува разговор на публиката со режисерот Џан Харба, продуцентот Зоран Ковачевиќ и директорот на фотографија Самир Љума.  Филмот се прикажува во натпреварувачката програма […]

МНТ во 2028 ќе биде домаќин на есенската конференција на Европската театарска конвенција


Меѓународна театарска конференција на Европската театарска конвенција (ETC), која обединува повеќе од 100 театарски професионалци од над 30 европски земји, се одржува од 5 до 8 ноември во Софија.  На конференцијата присуствува и генералниот директор на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, кој денеска остварил средба со извршната директорка на ETC, Хајди Вајли.  МНТ соопшти дека […]

Објавен превод од романот „Недостоинство“ на авторката Леа Ипи


Во издание на „Или-Или“ објавен е превод на романот „Недостоинство“ од Леа Ипи, универзитетска професорка која предава политичка теорија на Лондонската школа за економија.  -Кога Леа Ипи случајно ја открива фотографијата од медениот месец од 1941 година на своите баба и дедо, објавена на интернет, таа станува повод за вознемирувачки прашања. Кој била нејзината баба […]

Промоција на стихозбирката „Тапан на пат“ од Олга Панкина во ДПМ


На 10 ноември (вторник), во просториите на ДПМ во 19 часот, ќе се одржи промоција на стихозбирката „Тапан на пат“ од Олга Панкина. Книгата, објавена во издание на Здружението за уметност и култура „Дијалог“, ќе ја промовираат академик Влада Урошевиќ и д-р Владимир Мартиновски. „Тапан на пат“ е петта поетска книга на Олга Панкина која […]

МКЦ има нов директор?


Поранешниот портпарол на ДПМНЕ, Димче Арсовски, е новопоставен директор на Младинскиот културен центар, објави Левица која во наредниот период со особен фокус на културата ќе објавува скандалозни информации.  „ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски продолжуваат да се однесуваат ненаситно и Градот да го третираат како партиски плен! МКЦ, кој важи за симбол на независната културна сцена, младинскиот […]

Стела Мулер, правнуката на Дарко Дамески: Горда сум што чекорам по стапките на мојот прадедо


  Стела Дана Мулер е родена пред 18 години во Скопје, но на свои само три месеца, со мајка ѝ заминала во Холандија (татко и е Холанѓанец), и таму го поминала речиси целото детство. Младата Стела веќе гради актерска биографија на холандската телевизија со учество во популарни серии (но и инфлуенсерска со десетици илјади следбеници, […]

Концерт на грчкиот ансамбл „Mosaico Mediterraneo“ со сопранистката Марија Костраки во Филхармонија


Во Филхармонијата вечер од 20 часот концерт ќе одржи грчкиот ансамбл „Mosaico Mediterraneo“ со сопранистката Марија Костраки. Го организира Амбасадата на Грција, која соопшти дека концертот ја слави разновидноста, обединувајќи музички традиции од целиот Медитеран преку современа интерпретација на заедничкото културно наследство. -Публиката ќе има можност да ги открие емоциите и страстите што ги поврзуваат […]

Проблемот е во тишината, младите мора да знаат дека за насилството не смее да се молчи, вели екипата на „17“


Проблемот е во тишината и во стравот. Нема ништо понасилно од тишината. Младите треба да почувствуваат дека не смее да се молчи за насилството и дека насилството не смее да се игнорира, а уште помалку да се нормализира, да станат свесни за она што се случува околу нив, порача денеска екипата на филмот „17“, што […]

Бјелогрлиќ со мастерклас во Скопје: Ако обичниот човек не ве разбере што сакате да кажете со филмот, имате проблем


Ако електричарот, водоинсталатерот или продавачката не ве разберат што сакате да кажете со филмот, имате проблем, порача денеска српскиот актер, продуцент и режисер Драган Бјелогрлиќ на мастер-класот што го одржа во МКЦ, во рамките на годинашниот Скопски филмски фестивал. Како што истакна Бјелогрлиќ, секој што прави филм треба да си постави три клучни прашања: за […]

„Охридско лето“ продолжува со концерти и надвор од фестивалот во Скопје и во Охрид


„Охридско лето“ ја продолжува традицијата на организирање концертни настани и надвор од своите редовни фестивалски денови. По концертите реализирани минатата година, Националната установа и оваа година подготвува три музички средби со реномирани уметници од меѓународната сцена, со кои ја продолжува својата концертна дејност и ја одржува врската со публиката во текот на целата година. „Со […]

„17“ на Косара Митиќ со македонска премиера во МНТ -црвен килим за македонскиот кандидат за Оскар


Скопската публика, синоќа во МНТ, со силен и долг аплауз го награди филмот „17“ на Косара Митиќ, кој ја имаше својата македонска премиера во рамки на 26. Скопски филмски фестивал. Филмот кој е инспириран од вистински настан, и ја следи Сара, која се обидува да ја скрие својата бременост од своите соученици во текот на […]

Сулејмани во Куманово: Конкретни чекори за заштита на Табановската џамија


Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани денеска ја посети Коџа Мехмед-бег џамијата во селото Табановце, кумаовско заедно со муфтијата на Куманово, Абедин Имери и директорот на НУ Национален конзерваторски центар, Александар Јорданоски. Од Министерството за култура и туризам наведуваат дека за време на посетата била нагласена потребата од посебна грижа за овој објект од […]

Македонскиот кандидат за Оскар „17“ од 6 ноември во Синеплекс


Македонскиот кандидат за Оскар, кој освои бројни награди на престижните светски филмски фестивали, доаѓа во Cineplexx! Од 6 ноември на големите платна го гледаме филмот „17“ на Косара Митиќ! „17“ на Косара Митиќ е македонскиот кандидат за Оскар

Откриен доцноантички полихромен мозаик на локалитетот Пеленица кај Драчево


Денес, градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со директорката на Националниот археолошки музеј, Магдалена Манаскова, и пратеничката и етномузиколог Велика Стојкова Серафимовска, извршија увид во археолошките ископувања на локалитетот Пеленица во близина на Драчево.  Она што пред неколку месеци започна како иницијатива за создавање културно-историско-археолошка карта на најстарата скопска општина, веќе ги […]

Откажани концерти во Берлинската филхармонија поради расправа каде да седат контрабасите


  Од Берлин стигнува приказна која може да им изгледа неразбирливо тривијална на оние што не се упатени во нијансите на оркестарскиот распоред. Диригентот Иван Фишер ги откажа концертите планирани за оваа недела, на кои требаше да се изведе Петтата симфонија на Густав Малер со Берлинската филхармонија (на негово место дојде Андрес Ороско-Естрада), бидејќи контрабасите […]

„Сите зборови што не му ги кажав на татко ми“: Марко Јанкетиќ гостува во Скопје со потресна монодрама во НОБ


Силна приказна за семејството, љубовта, загубата и сите неизговорени зборови ќе ја донесе на скопската сцена српскиот актер Марко Јанкетиќ,  син на легендарниот актер Миша Јанкетиќ во мултимедијалната монодрама „Мрки, нисам ти испричао“ што на 25 ноември во 20 часот ќе гостува во Националната опера и балет. Претставата зад себе има распродадени сали низ Србија […]

Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје и „Камерата“ од Нови Сад се обединуваат на сцената на Филхармонија


Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје и оркестарот „Камерата“ од Нови Сад ќе настапат како еден голем музички состав, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ, на 19 ноември во Скопје. Оркестарскиот звук, силата на заедничкото музицирање и уметничката енергија на двата ансамбли ќе бидат во фокусот на концертот што на 19 ноември ќе се одржи […]

Објавена е книгата „Кодификаторите на македонскиот јазик“ од Димитар Пандев


На 2 јуни 1945 година, деветмина ја потпишале Резолуцијата за македонскиот правопис. Во книгата што ја објави „Матица македонска“, проф. д-р Димитар Пандев раскажува кои биле потписниците, какво искуство внеле во работата на Комисијата за јазик и правопис и како потоа го обликувале јазикот на повоените читанки, весници и радиоемисии. Венко Марковски, Киро Хаџи Василев, […]