За наградата „Горан Стефановски“ ќе нема услов за возраста на кандидатот, одлуката треба да ја потврди УО на Драмски


Во новиот конкурс за драмски текст од македонски автор за наградата „Горан Стефановски“ Драмски театар Скопје ќе го отстрани условот кандидатот што ќе се пријави да е на возраст до 30 години.  Во минатите две години наградата наменета за млади автори не беше доделена поради недоволни квалитети на пријавените текстови. Директорот Роберт Вељановски денеска на […]

Премиера на „Алиса се враќа дома“ на 8 октомври во Драмски


Драмски театар Скопје на 8 октомври во 20 часот премиерно ќе ја праизведе „Алиса се враќа дома“, нов македонски драмски текст на Ивана Смилевска, во режија на Моника Ставревска, студентка по Театарска режија на Факултетот за драмски уметности – Скопје, во класата на проф. м-р Зоја Бузалковска.  Инспирирана од светот на Луис Карол, дипломската претстава […]

„Музички код“: Увертири од најпознатите оперски дела в четврток во Филхармонија


Оркестарот на Македонската филхармонија, в четврток,во 20 часот ќе одржи концерт насловен „Музички код“ со диригентот Борјан Цанев, на кој ќе бидат изведени увертири од најпознатите оперски дела. Публиката ќе има можност да чуе увертири од оперите на Моцарт, Росини, Вагнер, како и увертирите „Кориолан“ од Бетовен, „Академска фестивалска увертира“ од Брамс и „Свечена увертира“ […]

Цвеќиња, овации и нова музичка приказна: Flowers Symphony повторно во Скопје на 16 ноември


По силниот прием на првото издание во Скопје, Flowers Symphony се враќа во Македонската филхармонија на 16 ноември, но не како повторување на концертот што публиката веќе го виде. Второто издание носи нова програма, нови композиции, нови сценски моменти и уште побогато симфониско доживување. Минатогодишниот Flowers Symphony остана запаметен по силната емоција, впечатливите вокални изведби […]

Бојан Трифуновски го режира перформансот после проекцијата на „Лефти и Рајти“ во МНТ


На 28. ноември во Македонскиот народен театар премиерно во 12 часот ќе биде прикажан краткометражниот анимиран филм за деца „Лефти и Рајти си најдоа дом“. По проекцијата на филмот, приказната ќе продолжи во живо на сцената со театарски перформанс за деца, со дијалози, песна, танц и интеракција со публиката. Режијата ја потпишува Бојан Трифуновски, еден […]

Пет финалисти за наградата „Драги“ за 2026 година


Пет финалисти се избрани за наградата „Драги“ за најдобар превод на македонски јазик за 2026 година, во третиот и последен круг на селекција од жири-комисијата во состав: Иван Џепароски (претседател), Владимир Цветкоски (член) и Јана Михајловска (член). Организаторите на конкурсот за наградата соопштија дека препевите се авторско дело на пет искусни преведувачи и се направени […]

Камерен концерт „Резонанца“ во Салон „19’19“


Камерен концерт „Резонанца“, во рамки на проектот „Македонски музички текови 2026“, поддржан од Град Скопје ќе се одржи вечерва со почеток во 20 часот во Салонот „19’19“ на Културно-информативниот центар – Скопје. На концертот ќе настапат Филип Петрески – хармоника, Александра Чуруковска – контрабас и Тамара Коминовска – пијано. Влезот за концертот е слободен. „Резонанса“, […]

Археолозите открија древен гроб со злато и со оружје кај струшкото село Корошишта


На археолошкиот локалитет Расница, с. Корошишта – Струшко, денес беа презентирани најновите ексклузивни наоди од истражувањата на архајската некропола – богато војничко погребување со комплетна воена опрема, кое според првичните согледувања е постаро од исклучителното откритие направено на истиот локалитет во 2024 година. Пред претставниците на медиумите беа презентирани шлем, штит, меч, копја и други […]

Киненова НА ПРВО СВЕТЛО е најактуелен од кога и да е, носи исклучителни дебитантски филмови , а доаѓа и светскиот лауреат Емин Алпер


Од 14-18 октомври, на неколку локации низ Скопје, во рамки на програмата, на 11.ИФФ Киненова ќе бидат претставени близу 40 филмски наслови поделени во неколку 7 програмски целини. Со својот автентичен и единствен во нашата земја фестивалски формат, КИНЕНОВА ги надминува границите што означуваат територии и континенти, и останува посветена на промоција на уникатниот и […]

„Приказна што се носи“: Од музејски банери создадени ташни, ранци и несесери во Археолошкиот музеј


 Националниот археолошки музеј вечерва од 18 часот ќе биде домаќин на настанот „Приказна што се носи“, преку кој ќе бидат претставени уникатни ташни, ранци и несесери изработени од стари музејски банери. Настанот има за цел да ги поврзе одржливоста, креативноста, инклузијата и модата, прикажувајќи како материјали што ја завршиле својата првична намена можат да добијат […]

Македонскиот КИЦ во Загреб со изложба на Евгениј Пантев и концерт на Ристо Ѓоревски и Елена Атанасовска-Ивановска ја отвора новата галериска и концертна сезона


Со самостојна изложба на графичарот Евгениј Пантев и концерт на кларинетистот Ристо Ѓоревски и пијанистката Елена Атанасовска-Ивановска, вечерва во Македонскиот културно-информативен центар во Загреб ќе биде отворена новата галериска и концертна сезона. Изложбата „Дисциплина на скратениот траг“ претставува заокружена авторска целина составена од графики изработени во техника на длабок печат, преку која хрватската публика ќе […]

Концерт на италијанското Дуо Бертолини на фестивалот „Интерфест“ во Битола


Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ вечер продолжува со концерт на Дуо Бертолини од Италија кои ќе настапат во свечената концертна сала на битолскиот Офицерски дом. На јубилејното 35-то издание на „Интерфест“, Рафаеле Бертолини, бас кларинет и Никола Бертолини кларинет, ќе изведат дела од Бах, Моцарт, Мориконе, Мангани, Пиацола и Гершвин. Организаторите најавија двојна програма, […]

Рекордни 4 илјади посетители во Археолошкиот музеј за „Бела ноќ“


Околу 4.000 посетители синоќа ја избраа „Бела ноќ“ во Националниот археолошки музеј – Скопје, со што музејот забележа рекордна посетеност и уште еднаш потврди дека интересот за културното наследство кај македонската публика е во пораст. Уште пред официјалното отворање на вратите во 19 часот, пред музејот имаше голем број посетители, а во текот на целата […]

Скопје синоќа не спиеше, пулсираше во ритамот на „Бела ноќ“


Скопје синоќа живееше во знакот на 22. издание на „Бела ноќ“, кое на повеќе локации низ градот понуди музика, уметност, изложба, театар и забава до раните утрински часови. Плоштадите, улиците, музеите, галериите и Старата скопска чаршија беа претворени во голема отворена сцена. Еден од главните настани беше концертот на Игор Џамбазов и „Гуру Харе бенд“ […]

Љутков ја виде изложбата на Башески во Белград


Зоран Љутков како национален координатор за култура беше меѓу гостите кои на 2 октомври, во Музејот на современа уметност во Белград, присуствуваше на отварањето на изложбата „Корпореалност“, на нашиот познат вајар, професор и дописен член на МАНУ, проф. Жарко Башески. Изложбата ја отворија Нарона Љума Весели, в.д. директорка на Националната галерија на Македонија, Маријана Колариќ, […]

Со Шуберт и Малер, Филхармонија ја отвори сезоната со музика што допира до душата (фото)


Новата концертна сезона во Филхармонија, синоќа, пред (не)полна сала, започна величенствено – со музичка вечер во која се споија  духовната нежност на Франц Шуберт и грандиозноста  на музичкиот свет на Густав Малер и неговата Симфонија бр. 4. во ге-дур. Особено впечатлив беше настапот на 13-годишниот сопран со изглед на ангел, Алексис Изар Гордон, член на […]

Македонската книжевност пак во Франкфурт: повеќе автори, повеќе книги и нови можности за преводи


Македонската книжевност и годинава ќе биде претставена на Саемот на книгата во Франкфурт, еден од најзначајните светски собири на издавачката индустрија, кој од 7 до 11 октомври ќе ги собере издавачите, авторите, литературните агенти, преведувачите и професионалците од книжевниот и креативниот сектор од целиот свет. Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) го продолжува континуираното присуство на […]

Промоција на „Јас сум Живка“ од Ирена Павлова Де Одорико


Во НУ Библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје вечер ќе биде промовирано најновото дело „Јас сум Живка“ од македонската поетеса, писателка, книжевна критичарка, есеистка и преведувачка Ирена Павлова Де Одорико. „Јас сум Живка“ е книжевно дело кое ги спојува поезијата, прозата и драмско-сатиричните дијалози, со силен биографски и автобиографски предзнак. Делото е посветено на Живко Павлов, […]

Со филмот „Сонцето изгрева над сите нас“ ќе биде отворен Првиот фестивал на кинески филмови


Со проекцијата на филмот „Сонцето изгрева над сите нас“ на режисерот Цаи Шангџун, вечерва од 20 часот во Кинотеката на Северна Македонија ќе биде отворен Првиот фестивал на кинески филмови кој до 13 октомври ќе се одржува во Скопје, Битола, Куманово, Велес и Кочани. Фестивалот ќе понуди избор од современи кинески играни, документарни, анимирани и […]

Свечено доделување на наградата „Анте Поповски – Антево перо“ 2026 година


 Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, вечер во 19 часот, ќе се одржи централниот настан од деветото издание на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“. Програмата ќе ја води Александра Јуруковска, која ќе ги претстави најважните карактеристики на годинешниот конкурс, посветен на одбележувањето на 95 години од раѓањето на македонскиот […]