Арсовски: Горд сум што се вложува во македонската кинематографија


Јас сум горд што во македонската кинематографија се вложува и е рамо со светската. Убаво е што се појавија и нови деца кои собираат куп награди на меѓународни фестивали и уверен сум дека иднината на македонскиот филм е сигурна, како и некогаш, истакна актерот Петар Арсовски, годинешен добитник на наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“. […]

Фото вест: А1 под светлата на црвениот тепих на „Браќа Манаки“


Со свечен црвен тепих и во присуство на бројни гости од културниот, филмскиот, деловниот и јавниот живот, во Битола беше отворено 47. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Претставниците на А1 Македонија, која втора година по ред е генерален спонзор на фестивалот, беа дел од свеченото отворање и заедно со гостите ја […]

Отворено 47. издание на „Браќа Манаки“, награди за Лаустсен, Кроненвет и Арсовски


„Браќа Манаки“ ги спои холивудските мајстори со новата генерација на свеченото отворање на 47. издание на фестивалот, одржано синоќа во Битола. Фестивалот, кој ќе трае до 25 септември, започна со признанија за врвни светски и македонски филмски автори и со македонската премиера на филмот „Скејтањето не е за девојчиња“ на Дина Дума. Една од централните […]

Интерактивно музејско доживување „Светот на Хомер“ во Археолошкиот музеј во Скопје


Во Националниот археолошки музеј во Скопје денеска ќе се одржи „Светот на Хомер“, авторско игрифицирано музејско доживување што ги поврзува Хомеровите епови „Илијада“ и „Одисеја“ со археологијата, музејските експонати и интерактивното учество на посетителите. Настанот, чиј автор е археологот и сертифициран тренер за интерпретација на наследството, Василка Димитровска, е конципиран како интерактивна програма во која […]

Двојазичната збирка „Раскинување на договорот“ на Сотирис Минас претставена во Скопје


Во книжарницата на „Матица македонска“ денеска во Скопје беше промовирана поетската збирка „Раскинување на договорот“ од грчкиот поет Сотирис Минас, двојазично издание на грчки и македонски јазик, објавено по иницијатива на поетот и издавач Раде Силјан, кој е и главен уредник на книгата. Отворајќи го настанот, Силјан посочи дека изданието претставува значаен книжевен и културен […]

Денес во 12 часот: Сотирис Минас ве очекува во „Матица“


Денес, сабота, 19 септември, во 12 часот, дојдете на средба со Сотирис Минас во книжарницата на „Матица“, бул. „Св. Климент Охридски“ бр. 23, Скопје. Грчкиот поет лично ќе учествува на промоцијата на „Раскинување на договорот“, а за книгата ќе говори писателот и книжевен критичар Иван Антоновски. Минас сам го научи македонскиот јазик, ги препеа своите […]

Вечерва почнува 47. издание на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“


Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ вечерва ќе го започне своето 47. издание. Свеченото отворање е закажано во 20 часот во Центарот за култура во Битола, со проекција на филмот „Скејтањето не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума. Филмот е копродукција меѓу Македонија, Белгија, Словенија и Хрватска, во продукција на „Сестри и брат Митевски“ […]

Концертна промоција на новата поетска збирка „Пружини“ од Пијан Славеј


Со концертна промоција вечерва во Скопје ќе биде претставена новата поетска книга од Пијан Славеј, насловена „Пружини“ во издание на „Прозарт медиа“ со поддршка од Министерството за култура и туризам. На настанот ќе свират HOT JAZZ ORCHESTRA заедно со Пијан Славеј. Петтата поетска книшка на Пијан Славеј, како што вели издавачот, е структурно затегната и […]

Јануш Камински, Семи Капланоглу, Воли Фистер, Тимо Салминен…гости на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола


Годинава имаме импресивна програма со рекорден број филмови и едукативни содржини. Морам да потенцирам дека имаме прекрасни автори и огромна бројка на гости на ова издание. Покрај лауреатите Ден Лаустсен и Џеф Кроненвет, во Битола доаѓаат Јануш Камински, Семи Капланоглу, Воли Фистер, Тимо Салминен и ред истакнати имиња од светската кинематографија, рече на денешната прес […]

Од робот до четбот: Дискусија на „Букстар 2026“ за ерата што доаѓа


Што се случува со човекот, јазикот и книжевноста во време кога машините не само што извршуваат задачи, туку разговараат со нас, создаваат текстови и сè почесто влегуваат во просторот на литературата што го сметавме за исклучиво човечки? Во разговор со некои од најзначајните современи македонски писатели ќе отвориме прашања за вештачката интелигенција, технологијата и иднината […]

Една септемвриска тетратка на Гордана Михаилова Бошнакоска, цел еден свет (фото)


Луцидна и инспиративна промоција со убав свет од сите генерации се одржа синоќа  во КИЦ во Скопје по повод најновата поетска збирка „Септемвриска тетратка “ од поетесата Гордана Михаилова Бошнакоска (1940, Битола), дело во кое личното, книжевното и културното искуство се испреплетуваат  во една необична, жанровски отворена целина. „Септемврика тетратка“, во издание на „Полица“, е […]

Седмо издание на Скопски градски фестивал, премиери и уметници од шест земји


Од денеска до 26 септември  ќе се одржи седмото издание на Скопскиот градски фестивал, годинава со програма посветена на музичкиот и културниот дијалог меѓу Македонија и земјите од регионот. Фестивалот ќе донесе уметници од Македонија, Словенија, Албанија, Грција, Црна Гора и Бугарија, во концертни проекти што ги поврзуваат џезот, класичната музика, современото авторско творештво и […]

Федра – Антропологија на една желба“: Дино Мустафиќ во Драмски ги судира Расин и Сара Кејн во една театарска вечер


Драмски театар Скопје на 19 септември, во 20 часот, премиерно ќе го изведе диптихот „Федра – Антропологија на една желба“, во режија на Дино Мустафиќ, театарски проект што во една вечер ги соочува „Федра“ на Жан Расин и „Љубовта на Федра“ на Сара Кејн. Две драми што ги делат векови, јазик и поетика се среќаваат […]

Во тек е третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади


Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 декември 2026 година. Конкурсот, кој е во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“, беше отворен на 11 март, веднаш по соопштувањето на вториот добитник на признанието – „Чудна случка […]

МАНУ со „Континуитети“ ја претстави македонската врвна ликовна уметност пред црногорската јавност


 Во Црногорската академија на науките и уметностите во Подгорица, на 15 септември 2026 беше отворена изложбата „Континуитети“, со која Македонската академија на науките и уметностите пред црногорската културна јавност претстави избор од значајни остварувања на македонската ликовна уметност. Изложбата, реализирана во соработка меѓу Македонската академија на науките и уметностите и Црногорската академија на науките и […]

Министрите се менуваат, МНТ чека да блесне


Премиерите во МНТ непречено се одвиват додека трае темелната реконструкција и санација на барокниот објект , вредна над 560 илјади евра (околу 35 милиони денари), со цел да се реши долгогодишниот проблем со прокиснувањето.Тендерот објавен преку Бирото за јавни набавки го доби скопската фирма „Мартин инженеринг“.Проектот почнат во август, опфаќа комплетна санација на проодните тераси […]

Инклузивна промоција на трите сликовници на Денис Јанкуловски – Космонаутко во Europe House Тетово


Во рамките на дополнителната програма на 14. Интернационален литературен фестивал ПРО-ЗА Балкан од Скопје, вечерва во 19 часот во Europe House Тетово ќе се одржи инклузивна промоција на три сликовници на Денис Јанкуловски – Космонаутко. Станува збор за изданијата на „Прозарт“ од Скопје – „Големиот сон“, „Другарко“ и „Другарка, другарко и две маченца“. На промоцијата […]

Мања Величковска ја доби наградата „Ладислав Баришиќ“ за современо критично пишување за 2026


Наградата „Ладислав Баришиќ“ за современо критичко пишување за 2026 година ја доби Мања Величковска за текстот „Настраните на крајот на светот: Анализа на есхатолошката антиродова имагинација во македонската квир култура“. Величковска во текстот „Настраните на крајот на светот: Анализа на есхатолошката антиродова имагинација во македонската квир култура“, ги анализира механизмите преку кои квир телата, знаењата […]

Библиотеката „Ал-Би“ од Бабино го објави „Каталогот на стари и ретки книги“ и Библиотечниот пасош


  Библиотеката „Ал-Би“ во село Бабино, Деморхисарско, ги објави „Каталогот на стари и ретки книги“ и Библиотечниот пасош со се зголемува видливоста на оваа извонредна библиотека и нејзината поширока промоција. Ова е второ издание на пасошот, а во „Каталогот на старите и ретки книги“ се опфатени книги печатени од 1595 до 1945 година. Проектот е […]

Концерт на Македонска филхармонија во рамки на „Денови на македонската музика“


Оркестарот на Македонската филхармонија вечерва во 20 часот ќе одржи концерт во рамки на фестивалот „Денови на македонската музика“. На програмата се „Циклус песни“ од Стојан Стојков (2004), „Темпера 3“ од Тома Прошев (1968), увертира „Храдебни“ (1997) од Горан Начевски и Концерт за симфониски оркестар „Ремикс“ (2012) од Гоце Гавриловски. Диригент е Иван Еминовиќ, а […]