„Пресек“ – изложба на Ирена Паскали в петок во Чифте амам


Изложбата под наслов „Пресек“ на авторката Ирена Паскали ќе биде отворена на 18.9.2026 година (петок) во 19 часот во Националната галерија на Македонија, објект Чифте амам. Изложбата е дел од програмските активности на Националната галерија за 2026 година, а е поддржано од Министерството за култура и туризам на РС Македонија и ИФА (IFA – Institut […]

Даниела Андоновска-Трајковска добитничка на наградата „Даница Ручигај“ на ДПМ за 2026


На Конкурсот за наградата „Даница Ручигај“ за најдобра необјавена поетска книга за 2026 година, што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија, учествуваа 12 авторки и автори со своите поетски дела. Жири-комисијата во состав: Ана Пејчинова (членка), Петре Димовски (претседател) и Ахмет Селмани (член), со два гласа „за“ и еден „против“, донесе одлука наградата „Даница […]

Врачена наградата „Прозарт“ на српскиот автор Великиќ: Сами го избираме својот пат, начинот на кој ќе поминеме под ѕвездите


Вистинскиот пејзаж во кој се подготвува судбината на секој поединец не зависи само од него. Не го избираме ниту јазикот, ниту нацијата во која се раѓаме. Не го избираме ниту времето, ниту просторот во кој ќе го поминеме земскиот живот. Но го избираме својот пат, го избираме начинот на кој ќе поминеме под ѕвездите, рече […]

По толку гала концерти, редно беше концерт со Ана и Игор Дурловски во СЦ „Јане Сандански“!


Два светски гласа – еден Завет: Ана и Игор Дурловски со свој најголем концерт досега во Македонија! Вака „Пасворд Продукција“  го најави концертот на оперските пејачи и сопружници Ана и Игор Дурловски на 6 декември 2026 година, во СЦ „Јане Сандански“. Придружувани од 100 македонски музичари од големиот симфониски оркестар „Ајга“ и нивните пријатели ќе […]

Промоција на „Пустинско срце: петнаесет години во Авганистан“ од Ана Пејчинова


„Или или“ кани на промоција на книгата „Пустинско срце: петнаесет години во Авганистан“ од Ана Пејчинова,која што предизвика голем интерес ова лето. Со авторката во „Лабораториум“ во четврток (17.9.2026) во 20 часот ќе разговараат Наташа Атанасова и Александар Маџаровски. Петнаесет години Ана Пејчинова живеела и работела во Авганистан, од првите години по падот на талибанскиот режим […]

Комеморација за Сашо Миленковски: Неговото дело ќе продолжи да сведочи за моќта на театарската уметност


Алхемичар. Режира со ласерска прецизност. Им даваше слобода на артистите, без да ги ограничува сè до последната етапа од подготовката на претставата кога ги затегаше уздите, беше мајстор од апсурдноста на светот да направи смисла. Со својата посветеност, уметничка смелост и исклучителен творечки интегритет, стана еден од творците што го обликуваа современиот македонски театар. Неговото […]

Сиљановска-Давкова на средба со раководството на фестивалот „Браќа Манаки“ и ДФРМ


Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, како покровителка на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, во пресрет на неговото 47. издание оствари средба со директорот на фестивалот Димитрија Доксевски и со претседателката на Друштвото на филмски работници (ДФРМ) Марија Димитрова. Како што стои во соопштението на Кабинетот на претседателката Сиљановска-Давкова, на средбата, Доксевски и Димитрова […]

Билетите за 45. Скопски џез фестивал во продажба од утре


Скопскиот џез фестивал ужива култна репутација во Европа и светот, обезбедена со грижливо конципирана богата програма, втемелена на ексклузивноста, актуелноста, современоста и погледот кон иднината на џез музиката. Многубројните џез фестивали во Европа најчесто се гледаат себеси како „чувари на традицијата“, а многу е мал бројот на оние кои програмски се занимаваат со проширување на […]

„Септемвриска тетратка“ е книга на творечка зрелост и духовна будност – Гордана Михаилова- Бошнакоска со нова поезија


Во Културно информативниот центар – Скопје, ќе се одржи промоција на книгата „Септемвриска тетратка“, од Гордана Михаилова Бошнакоска на 17 септември 2026 год. во 19:19 часот Салон -Империјал 1. Книгата ќе ја промовира Сузана В. Спасовска, стиховите ќе ги кажуваат артистите Софиа Насевска Трифуновска и Борче Начев. Гордана Михаилова Бошакоска е родена на 1септември 1940 […]

Фондот од збирката Ориенталистика на НУБ на Саемот во Абу Даби предизвика интерес – го посети и Хуан Карлос I


Фондот од збирката Ориенталистика на НУБ предизвика огромен интерес на 35. Меѓународен Саем на книгата во Абу Даби каде Македонија е почесен гостин и партнер. На национачниот штанд кој на Македонија и го подари организаторот на саемот  и кој во иднина ќе биде во сопственост на Министерството за култура и туризам , го посетија поранешниот […]

Вечерва врачување на наградата „Прозарт“ на Драган Великиќ


Наградата „Прозарт“ на српскиот писател Драган Великиќ ќе му биде врачена вечерва во 20 часот во Музејот на град Скопје со што ќе биде официјално затворен 14. ПРО-ЗА Балкан. Ќе се обрати авторот, а сите писатели ќе читаат извадоци од свои дела. Настанот е бесплатен и отворен за публика. „Иднината што не знаеме да ја […]

Циклус песни од Бранко Цветкоски објавен во легендарниот руски неделник „Литературнаја газета“


„Литературнаја газета“ еден од најстарите, највлијателните и историски најзначајните неделни весници во руската и светската литература (основан од Александар Пушкин и обновен од Максим Горки) кој денес излегува во тираж од 120 илјади примероци во Москва, во бројот посветен на Светите браќа Кирил и Методиј, од 24 мај оваа година, објави циклус песни од современиот […]

Сотирис Минас, грчкиот поет што сам го научи македонскиот јазик , доаѓа во Скопје


Сотирис Минас, грчкиот поет што сам го научи македонскиот јазик на 19 септември доаѓа во Скопје . На 19 септември 2026 година, сабота, во 12 часот, грчкиот поет и преведувач лично ќе учествува на централната промоција на својата книга „Раскинување на договорот“, во издание на „Матица македонска“. Настанот ќе се одржи во книжарницата на „Матица […]

Објавен Конкурсот за финансирање превод и објавување на дела од македонски автори на странски јазици


Министерството за култура и туризам објави Конкурс за финансирање превод и објавување на дела од автори од Република Северна Македонија на странски јазици за 2026/2027 година. Конкурсот содржи јасно дефиниран буџет, јасно утврдени услови, мерила и критериуми кои ќе обезбедат потранспарентен модел на поддршка, рамноправност и одговорно управување со буџетските средства. Целта на Конкурсот е да се поттикне меѓународната афирмација […]

Комеморација за Сашо Миленковски во Драмски


Во Драмски театар Скопје денеска во 12 часот ќе биде одржана комеморација за Сашо Миленковски (1963–2026), еден од најзначајните македонски режисери, драматурзи и театарски творци, чие дело остави длабок белег во современиот македонски театар. Сашо Миленковски почина во Скопје на 28 јуни годинава на 62-годишна возраст. Роден e во Битола на 28 ноември 1963 година. […]

Концерт на младите оперски надежи во НОБ


На големата сцена во НУ Национална опера и балет вечер во 29 часот ќе биде одржан  традиционалниот гала оперски концерт „Млади оперски надежи – Коста Трпков“. Концертот, под диригентско водство на маестра Бисера Чадловска, е во рамки на одбележувањето на 60-годишнината од основањето на Факултетот за музичка уметност – Скопје. На концертот ќе настапат студентите […]

„Континуитети“ – изложба на МАНУ во Црногорската академија на науките и уметностите


 Во Црногорската академија на науките и уметностите (ЦАНУ) во Подгорица денеска ќе биде отворена изложбата „Континуитети“, со која Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) пред црногорската културна јавност ќе претстави дел од своето исклучително уметничко наследство и творештвото на автори кои со своето дело оставиле траен белег во македонската ликовна уметност. Во центарот на […]

Националниот џез оркестар сезоната ја отвара со настапот на Дан Пугањ, добитник на Греми


Богата и разновидна програма до крајот на годината најавува Националниот џез оркестар којшто покрај настапите во земјава, веќе има резервирани настапи и во странство. Сезоната ја отвараат со настапот на Дан Пугањ, израелско-американски џез-тапанар и минатогодишен добитник на Греми награда кој со своето трио доаѓа на 7 октомври во Скопје. Националниот џез оркестар ќе настапи […]

Израелскиот министер за култура се заканува дека ќе им го одземе израелското државјанство на филмаџиите од „Наза“


Венеција– Израелскиот министер за култура, Мики Зохар, се закани дека ќе им го одземе израелското државјанство на ко-режисерите на филмот „NAZA“, Јувал Абрахам и Рејчел Шор. Тој го нарече документарниот филм „шокантен“ и ги обвини авторите за „предавство на државата“. „Самопрезирот што гори во овие творци, кои се подготвени да ѝ наштетат на својата татковина […]

Кируна- шведската европска престолнина на културата 2029 ги повикува македонските уметници да учествуваат со свои проекти


Македонските уметници, културни организации и други чинители од областа на културата имаат можност да предложат проекти и идеи за официјалната програма на Кируна – Европска престолнина на културата 2029. Во рамки на подготовката на програмата, Кируна 2029 отвора две можности за учество на уметници и организации од Шведска и од други земји, се вели во […]