Марион Котијар претседател на жирито на Филмскиот фестивал во Маракеш во ноември


Француската актерка, добитничка на Оскар, Марион Котијар е претставена како претседател на жирито за 23-то издание на Меѓународниот филмски фестивал во Маракеш. Под нејзино водство, жирито ќе го одреди победникот на наградата „Златен Étoile d’Or“ на фестивалот од првите и вторите долгометражни филмови избрани за овогодинешното меѓународно натпреварување. „Имав среќа да присуствувам на Меѓународниот филмски […]

Пад на продукцијата на турски серии од 40 отсто за три години


Анкара – Малкумина би ја оспориле привлечноста на турските телевизиски серии, кои успеаја да ја освојат публиката ширум светот. Сепак, формулата што им го донесе успехот сè потешко се применува.Турската телевизиска индустрија има произведено 40 проценти помалку серии во текот на изминатите три години, како резултат на зголемените трошоци за продукција и промените во навиките […]

В петок ќе се додели наградата „Драги“ – во трка пет преводи


На настанот што ќе се одржи в петок (16 октомври)  ќе ги обедини соопштувањето и доделувањето на преведувачките награди „Драги“ за 2026 година во аулата на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, со пригодна свеченост во чест на добитникот и номинираните. Во истата пригода ќе биде доделена и интернационалната награда „Драги“ на проф. д-р Борислав […]

Уште не правиме разлика помеѓу музичка култура и музичка естрада: Интервју со Оливер Белопета за 45. Скопски џез фестивал


Скопје од вечерва во Националната опера и балет повторно ќе дише во ритамот на џезот! Пред нас е 45. издание на Скопскиот џез фестивал – еден од најзначајните музички настани во регионот и во Европа, кој со децении ги спојува врвните светски музичари, различните музички култури и публиката жедна за автентичен звук. Фестивалот и оваа […]

Отворен 11. Киненова, „Златна грива“ за Емин Алпер за придонес во светската филмска уметност


Со проекцијата на филмот „Три недели потоа“ и врачувањето на наградата „Златна грива“ на турскиот режисер, сценарист, актер и историчар Емин Алпер, синоќа беше отворено 11. издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова. Алпер, кој е годинешен лауреат за особен придонес во светската филмска уметност, изрази благодарност до фестивалот што го одржува филмот како уметност и […]

Писателот Киро Донев номиниран за престижната награда за литература за деца „Астрид Линдгрен“


Попладнево, Комитетот за доделување на Меѓународната меморијална награда „Астрид Линдгрен“ (АЛМА) во Стокхолм, ги соопшти номинираните кандидати за наградата за 2027 година. Меѓу нив е и македонскиот писател Киро Донев, ексклузивен автор на „Македоника литера“. Листата опфаќа автори и илустратори, како и раскажувачи и промотори на читањето, како и организации кои ги популаризираат книгата и […]

Должан: Македонскиот јазик веќе не звучи македонски


„Македонскиот јазик веќе не звучи македонски“, предупреди словенечката преведувачка Соња Должан во обраќањето по повод признанието „Блаже Конески“, кое денеска ѝ го додели Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Таа повика на секојдневна грижа за јазикот и порача: „Не смееме да кажеме дека сме беспомошни“. „Знам дека понекогаш е непријатно кога некој од страна […]

Која е Соња Должан, годинешна добитничка на меѓународното признание „Блаже Конески“ на Денот на МАНУ?


Соња Должан од Словенија e годинешната добитничка на меѓународното признание „Блаже Конески“ што се доделува на денот на МАНУ. Македонската академија на науките и уметностите денеска со пригодна свеченост и во присуство на високи гости, одбележа 59 години од основањето. По тој повод беше положено цвеќе пред споменикот на Блаже Конески, по што своја пригодна […]

„Патувањето е уметност“ од Ненад Георгиевски  – од Ван Гог и Вермер до необичните музеи и скриените светови на уметноста


На 17 октомври, во 13 часот, во клубот Аудиокултура ќе се одржи промоцијата на новата книга на Ненад Георгиевски „Патувањето е уметност.“ Промотор ќе биде Сребра Ѓорѓиевска, уредник на порталот „Умно“. Што може да нè одведе во друг град — желбата да запознаеме ново место или можноста да застанеме пред уметничко дело што со години […]

Во Њујорк отворање на изложба на македонски архитекти


 Во Њујорк денеска ќе биде отворена изложба на македонски архитекти „Архитектура во период на транзиција низ делото на МБМХП+“, којашто ќе трае до 22 октомври. „Архитектура во период на транзиција низ делото на МБМХП+“ е посветена на творештвото и архитектонското наследство на проф. д-р Минас Бакалчев и проф. д-р Митко Хаџи-Пуља, како и на генерациите […]

Премиера на „Фрида“ – приказна за жената зад иконата на 18 октомври, претпремиерата ден претходно


 Фрида Кало – жената зад портретите и легендата е во центарот на новата претстава „Фрида“, приватен проект во соработка со Драмски театар Скопје, по текст на Драгана Левенска, во режија на Тамара Стојаноска. Претставата ќе има претпремиерна изведба на 18 октомври, а праизведбата е на 19 октомври, во 20 часот. Првпат на македонската театарска сцена, […]

Актерот Јолевски, историчарот Стојков и археологот Лилчиќ-Адамс – добитници на државната награда „23 Октомври“


 Актерот Ѓорѓи Јолевски ќе ја добие наградата „23 Октомври“ за 2026, за остварување во областа на културата и уметноста.  Оваа државна награда годинава им се доделува и на историчарот проф. д-р Стојко Стојков и археологот проф. д-р Виктор Лилчиќ-Адамс  за остварување во областа на науката. Државната награда „23 Октомври“ се доделува за долгогодишни остварувања во […]

Молчењето понекогаш има поголем крик и посилна порака: Интервју со Жарко Башески, скулптор


Пред скулптурите на Жарко Башески човек не останува само гледач. Станува соочен со сопственото тело, ранливост, со времето што незапирливо поминува. Неговите монументални фигури се толку блиски до стварноста што границата меѓу живото и неживото речиси исчезнува. Но токму во тој совршен реализам, се отвара едно понемирно прашање: што е човекот кога ќе му ја […]

НЏЗ ќе одржи слушачка промоција на винил и CD изданијата на првиот албум „Македонски сновиденија“


 Националниот џез оркестар ќе одржи слушачка промоција на винил и CD изданијата на својот прв албум „Македонски сновиденија“ (Macedonian Dreams) со почеток со 20 часот во „Кафе литература“ во Дајмонд мол. Во исто време, на промоцијата ќе бидат претставени неговите физички изданија и ќе биде споделно музичко дружење посветено на првиот албум на Националниот џез […]

Почнува 11. издание на Киненова со новиот филм на Мирослав Терзиќ „Три недели подоцна“


Единаесетотто издание на Меѓународниот филмски фестивал Киненова почнува вечерва под мотото „На прво светло“, а отворањето е во киното Фросина во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје, со новиот филм на Мирослав Терзиќ, „Три недели подоцна“. Во главната конкуренција се шест филма, додека во селекцијата за дебитанти се четири први кратки филма на македонски режисери. […]

„Македонскиот јазик – извор на научни истражувања” – дводневна конференција во Институтот „Крсте Мисирков“


„Македонскиот јазик – извор на научни истражувања” е насловена меѓународната конференција која денеска и утре се одржува во рамки на 11. Отворени денови на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Тема на годинашната конференција е „Нормата и јазикот“ и, како што соопшти организаторот,  ќе учествуваат 95 домашни и странски лингвисти. По затворањето на конференцијата,  утре […]

Над 500 гледачи го проследија филмот „Скејбордингот не е за девојчиња“ во Кочани


Филмот „Скејбордингот не е за девојчиња“ на режисерката Дина Дума предизвика интерес кај кочанската публика, со повеќе од 500 продадени влезници на трите проекции во кино-салата на Центарот за култура „Бели мугри“. Првата проекција се одржа на 9 октомври, а денеска филмот беше прикажан уште двапати, во дневни термини наменети за средношколците. На двете денешни […]

Моите филмови се за обичните луѓе : „Киненова“ го претстави лауреатот Емин Алпер, добитник на „Сребрена мечка“ на Берлинале


На денешната прес конференција во Скопје, фестивалот „Киненова“ ги претстави годинешниот лауреат, турскиот режисер Емин Алпер, кој е и претседател на жирито заедно со Александра Максимовиќ и Гоце Цветановски.    -Многу сум среќен што сум овде, задоволство ми е и чест ми е што сум дел од годинешново издание на фестивалот Киненова. Прв пат сум […]

Промоција на „Да ви кажам право“ од Огнена Никуљски во МКЦ


На  13 октомври (утре, вторник) од 20 часот во МКЦ-галерија ќе се одржи промоција на збирката раскази „Да ви кажам право“ од Огнена Никуљски, во издание на Или-Или Низ разговор со авторката книгата ќе ја претстави Сања Михајловиќ-Костадиновска. „Да ви кажам право“ од Огнена Никуљски е книга што уште со насловот го најавува својот силен […]

Македонската книжевност со успешно претставување на Саемот на книгата во Франкфурт


Со бројни професионални средби, нови меѓународни контакти и претставување на македонските автори и можностите за преводи, заврши годинашниот настап на македонската книжевност на Саемот на книгата во Франкфурт. Во текот на петте саемски дена, од 7 до 11 октомври, Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) ја претстави актуелната македонска книжевна продукција пред меѓународната издавачка јавност, продолжувајќи […]