Номи Рапас од „Мајка“ и Ариф Јакуп од „Диџеј Ахмет“ меѓу наградените на ADRIATIC FILM AWARDS 2026
Номи Рапас ја освои наградата за НАЈДОБРА ГЛАВНА АКТЕРКА за „Мајка“ на Теона Стругар Митевска. Во нејзино име наградата ја прими режисерката.
Ариф Јакуп ја доби наградата ЅВЕЗДА ВО ПОДЕМ за улогата во „Диџеј Ахмет“ на Георги М. Унковски.
https://nezavisen.mk/chudna-smela-drama-veli-kritikata-za-majka-na-teona-strugar-mitevska/
Второто издание на Adriatic Film Awards се одржа во Порто Монтенегро, Тиват, со свечено доделување на наградите на 24 октомври. Признанијата ги доделува Филмската и телевизиска академија на Јадранскиот регион, а за нив гласаат повеќе од 800 филмски и телевизиски професионалци.
Настанот ги обединува авторите и екипите од регионот и ги истакнува најзначајните остварувања на филмот и телевизијата.
„Честитки до наградените и до екипите на двата филма“, сподели на ФБ Агенција за филм на С Македонија.