На СВП ќе биде соопштен добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“


Добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2018 година на 57. Струшки вечери на поезијата ќе биде соопштен денеска на прес-конференција. Наградата се доделува за најдобра поетска книга на македонски јазик напишана меѓу два фестивали. Во потесен избор се стихозбирките „Небесна пантонима“ од Зоран Анчевски, „Под Дервишовото сиќе“ од Андреј Ал Асади, „Гласови“ од Јордан Даниловски, […]

(ВИДЕО) Светска премиера на филмот „Ругање со Христос“ на фестивал во Монтреал


Нашиот игран филм „Ругање со Христос“, финансиран од Агенцијата за филм на Македонија и работен во соработка со продукции од Грција, Албанија и Словенија, светска премиера ќе има на Филмскиот фестивал во Монтреал кој се одржува од 23 август до 3 септември годинава. Филмот е селектиран во официјалната „World Selection“ и ќе биде прикажан на […]

Клаудија Кардинале доаѓа на „Браќа Манаки“ во Битола


Италијанската и светски позната филмска актерка Клаудија Кардинале (80) ќе учествува на свеченото отворање на 39 издание Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“ и во Битола лично ќе и биде врачена специјална златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност. Клаудија Кардинале е со импозантна филмографија од над 175 улоги во филмови, […]

Ин мемориам: Почина Екрем Хусеин, доајенот на македонскиот балет


Денес, на 75 години, по кратко боледување, почина нашиот најпознат балетан Екрем Хусеин, роден Скопјанец, со незаборавни улоги во најпознатите балетски претстави како „Рејмонда“, „Шехерезада“, „Есмералда“… На сцената е од 1950 година, а се пензионира во МОБ. Зад себе остави две деца. Денес попладне ќе биде погребан на Градските гробишта во Бутел во Скопје.   […]

Формирано Здружение на издавачи 16+1 на Меѓународниот саем на книгата во Пекинг


  Кина-Во Пекинг синоќа е формирано Здружение на издавачи 16+1, за време на Меѓународниот саем на книгата во Пекинг, како составен дел од рамката за соработка меѓу Кина и 16 земји од Централна и Источна Европа. Претставник на Македонија во здружението е Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“.Здружението има цел да ја промовира издавачката соработка […]

„Hip Hop Made in Macedonia“ во Њујорк


Презентација на три книги, изложба на кавери на македонски артисти, проекција на документариот филм „Сложувалка“, настап во живо на групата „Клан Исток“, како и предавање за македонската урбана и хип-хоп култура од Славчо Ковилоски и Александар Ковилоски, се дел од проектот „Hip Hop Made in Macedonia“ што ќе биде претставен денеска во Македонскиот културен центар […]

Книжевна вечер со писателката Габриела Бабник


Романот „Сушен период“ ќе биде во фокусот на вечерашниот книжевен разговор со словенечката писателка Габриела Бабник што го организира издавачката куќа „Готен“. Разговорот ќе се одржи во книжарницата „Антолог“, а ќе го води Владимир Јанковски. Габриела Бабник овој месец е гостин на резиденцијалната програма за писатели и преведувачи на издавачката куќа „Готен“, која е дел […]

Со традиционалното читање на Константиновата „Т`га за југ“, почнаа 57. Струшки вечери на поезијата


Со традиционално читање на Константиновата Т`га за југ и палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата, вечерва почнаа 57. Струшки вечери на поезијата. Министерот за култура Асаф Адеми ја истакна важноста на поезијата за народот, културата, државата, но и за човештвото воопшто. – Како кај нас, така и насекаде во светот, местото од каде […]

„Облици и Изблици“, втора самостојна изложба на Ленче Данаиловска


Уметничката Ленче Данаиловска од утре до 5 септември ќе ги изложи своите дела во кафе барот „Ли“, како дел од нејзината втора самостојна изложба „Облици и Изблици“. На изложбата, која ќе биде отворена во 20 часот, ќе бидат поставени дела работени во комбинирана техника. Првото јавно претставување на Данаиловска беше со наслов „Слики наместо зборови“, […]

Лауреатот на СВП Адам Загајевски засади дрвце во Струга


Со традиционално садење дрвце во Паркот на поезијата во чест на добитникот на највисокото фестивалско признание „Златен венец“ на полскиот поет Адам Загајевски, почна 57. издание Струшките вечери на поезијата. Еден од фокусите на годинашното издание на фестивалот, како што нагласи денеска на прес-конференција директорот Мите Стефоски, ќе биде егзилот. Тоа, посочи, е тема присутна […]

Почнува графичката работилница во Богданци: Уметници од регионот ќе творат десет дена


Меѓународната графичка работилница „Софија“ годинава по 11. пат ќе се одржи во Богданци, од денеска до 1 септември. Во овие десетина дена учество ќе земат млади и талентирани графичари од повеќе земји од регионот. Изминатите години овој настан прерасна во еден од најпрепознатливите уметнички собири на Балканот, а е инициран од група ентузијасти и вљубеници […]

Адам Загајевски: Кој е добитникот на „Златен венец 2018 “?


Утре во Струга, во рамките на СВП, прес-конференција ќе одржи годинешниот добитник на „Златниот венец“, полскиот поет Адам Загајевски (73), а в сабота ќе се одржат поетско кафе и поетскиот портрет со добитникот. Загајевски, зад себе има интересна семејна историја и творештво кое било забранувано во неговата татковина. На младите поети им советува интелектуална љубопитност, […]

ФХ3Х дел од ефектите на „Мег“ – ајкулата чудовиште


Македонската компанија за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните ефекти на филмот „МЕГ“, кој од утревечер ќе почне да се прикажува во Скопје. Филмот е снимен според новелата „Мег: Новела на длабок терор“ на Стив Алтен, кој пак бил инспириран од приказната за гребенот Мариана во Пацификот. Дејството на филмот е […]

Дени Бојл нема да го режира „Џејмс Бонд 25“


САД- Дени Бојл го напушти режисерското столче на новиот филм за тајниот агент Џејмс Бонд поради креативни разлики со студиото, изјави продуцентот на серијалот, Барбара Броколи. „James Bond 25“, како што беше работниот наслов на новиот филм за агентот 007, сега ќе биде во потрага по нов режисер кој ќе го екранизира последниот дел од […]

Вечерва почнуваат 57. Струшки вечери на поезијата


Започнува 57. издание на Струшките вечери на поезијата, а актуелниот директор Мите Стефоски најавува уникатно и неповторливо издание во кое ќе настапат врвни светски поети, провокативни имиња од новите генерации светски поети, разнородни поетики и поетски писма на поети од триесет земји од пет континенти. – Имаме сè што е потребно за успешен фестивал, истакнува […]

Прва стрип-колонија во Македонија „Велес 2018“


Од утре до сабота во Велес ќе се одржи првата стрип колонија во Македонија. Според организаторите, истата колонија е еволутивен напредок во организирањето на традиционалниот стрип салон, кој секоја година се организира во Велес. На овој начин се имаат решено заради можноста за подолготраен активен контакт и соработка помеѓу учесниците од разни земји.На првата стрип […]

Адеми: Целта ни е да заживее културата во сите делови на Македонија


Заживување на културата во сите делови на Република Македонија, а особено во помалите средини, културни работници кои се среќни и институции кои нема да рефлектираат национализам…Ова се дел од приоритетите на министерот за култура Асаф Адеми, кои ги презентираше попладнево на средба со новинарите. Тој појасни дека нема да се финансираат проекти кои поттикнуваат национализам […]

Луан Старова: Радован Павловски е синоним и достоинство на македонското поетско пеење


Творештвото на истакнатиот македонски поет, академик Радован Павловски е синоним и достоинство на македонското поетско пеење и стои рамо до рамо со најистакнатите поетски имиња во Европа и светот, истакна при претставувањето на неговиот портрет академик Луан Старова. На синоќешното претставување во Куќата на Уранија во рамките на научната и уметничка визита, Старова оцени дека […]

Сузана Вренцовска: Успешно 58. „Охридско лето“


-Патот кој го зацртавме на самиот почеток  на фестивалот „Охридско лето“ успешно го изодевме. Реализиравме богата уметничка програма без ниту едно откажување, се покажавме како добри домаќини пред околу 800 уметници, актери, театарски работници, солисти, хористи, музичари од 27 земји од светот, истакна денеска на завршната прес-конференција посветена на 58-то Охридско лето директорката на оваа […]

Вечер во чест на јубилејот од раѓањето на Аврамовски, Ортаков и Стојков на „Охридско лето“


Во црквата „Света Софија“ вечер во рамки на фестивалот Охридско лето ќе настапат баритонот Горан Начевски, пијанистката Јасна Аврамовска, обоистот Васил Атанасов и пијанистот Тодор Светиев заедно со Скопскиот дувачки квинтет. Концертот е во рамките на музичкиот дел од програмата на фестивалот а посветен е на јубилејот од раѓањето на македонските уметници Ристо Аврамовски, Драгослав […]