Почна 75. Мостра во Венеција: Филмови, гламур и папараци


Италија– Во Венеција синоќа беше отворено 75-то издание на наjстариoт филмски фестивал во светот, со филмот „First Man“ на американскиот режисер Демијен Шазел. „First Man“  е биографската сага за Нил Армстронг – првиот човек што стапна на Месечината, а главната улога ја има канадскиот актер Рајан Гослинг. За разлика од филмот „Гравитација“, со кој Шазел го отвори фестивалот во 2013 […]

Полицијата влезе во МНТ, под истрага работата на Дејан Пројковски


Екипи од МВР минатата недела зедоа документи од правната служба на најголемата театарска национална куќа МНТ поради сомневање дека во периодот од 2015 до 2017 се вршени незаконски дејства кои го оштетиле буџетот, дознава „Макфах“. Инспекторите од одделот за организиран криминал постапуваат по пријавата на Министерството за култура, кое имало индиции дека режисерот и поранешен […]

Овации во Њујорк за Скопје танцовиот театар


Скопје танцовиот  театар се врати од Њујорк каде гостуваше на 37-мото издание на најстариот и еден од  најпрестижните танцови фестивали во Њујорк, Battery Dance Festival. Компанијата се претстави со две изведби, на 16 август со короеграфијата  „Истиот извор“ на Матеа Киселичка, на отворената сцена покрај реката  Хадсон, а кореографијата „Котел“ на Рисима Рисимкин, беше дел […]

Отворање на 75. Меѓународен филмски фестивал во Венеција


Италија– Во Венеција денеска се отвора 75-то издание на наjстариoт кино фестивал во светот, што ќе трае до 8 септември. Претседател на жирито годинава ќе биде мексиканскиот режисер Гиљермо дел Торо. Фестивалот ќе биде отворен со проекција на филмот „First Man” на американскиот режисер Демијен Шазел. Главната улога во биографската сага за Нил Армстронг – првиот човек што […]

Дуото Емин-Аткинс на Првиот фестивал на електронска музика во Грузија


Македонскиот уметник, диригент и композитор Џијан Емин заедно со американскиот диџеј Хуан Аткинс настапија на отворањето на првиот фестивал на електронска музика „Echo Waves“ во Анаклија, Грузија. Двајцата уметници, на отворањето на 23 август, беа придружувани од синфонискиот оркестар „Алтер“ составен од музичари од Националниот оркестар на Грузија и Националната опера. – Добивме покана да настапиме на […]

Министерот за култура размени подароци со добитникот на „Златен венец“ Загајевски


Денеска министерот за култура на Република Македонија Асаф Адеми се сретна со добитникот на признанието „Златен венец“ за 2018 година, полскиот поет Адам Загајевски. На состанокот, министерот Асаф Адеми му честиташе на г. Загајевски за неговиот придонес во поетската сфера во рамки на фестивалот „Струшки вечери на поезијата„. Исто така, Асаф Адеми рече дека сите […]

(ВИДЕО)Игор Џамбазов со „Ако умрам ил загинам“ се прости од Ванчо


Шоуменот Игор Џамбазов ја испеа „Ако умрам ил загинам“ во чест на актерот Ванчо Петрушевски, кој трагично го загуби животот. Игор кажа дека половина од својот живот го поминал со Ванчо и дека неговата смрт многу го погодила. Погледнете го ова емотивно видео:

Министерот за култура ја поддржува иницијативата за театар во Гостивар


Министерот за култура Асаф Адеми вчера се сретна со иницијаторската група, т.е. Комисијата за основање театар во Гостивар. На средбата, како што соопшти Министерството за култура, присуствувале и режисерот Сулејман Рушити, претседател на Комисијата, како и Берат Салиу и Арѓент Хасани, членови на Комисијата. Било договорено до 30 септември Комисијата да изготви информација до Владата […]

Адам Загајевски ќе стане почесен член на ДПМ


Добитникот на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата за 2018 година, полскиот поет Адам Загајевски, ќе биде прогласен за почесен член на Друштвото на писатели на Македонија. ДПМ соопшти дека во духот на долгогодишната традиција, лауреатот на СВП се прогласува за почесен член на Друштвото на писатели на Македонија. Прогласувањето на Загајевски за почесен […]

Последен поздрав до актерот: Ванчо остави аманет за наредните генерации македонски глумци


Твоето ненадејно заминување од светот на македонскиот театар остави место што никогаш нема да биде пополнето, зошто твојот уникатен талент и актерското мајсторство не можат да се копираат. Ванчо, му остави непроценливо наследство, особено на Драмски театар, со твоите неповторливи ролји, истакна в.д. директорот на Драмскиот театар-Скопје Сашо Тасевски на комеморацијата за актерот Ванчо Петрушевски, кој почина завчера […]

Камерниот оркестар на Македонската филхармонија гостува во Казахстан


Камерниот оркестар на Македонската филхармонија од 3 до 9 септември ќе гостува во Казахстан, каде што ќе одржи два концерта во Алмати (5 септември) и Астана (7 септември). Камерниот оркестар на Македонската филхармонија ќе го предводи македонскиот диригент, маестро Борјан Цанев, а како солист ќе настапи концерт-мајсторот на Македонската филхармонија, истакнатата виолинистка Анна Кондратенко. На […]

Продолжуваат конзерваторските проекти на Стоби


На археолошкиот локалитет Стоби со кој управува Националната установа за управување со археолошкиот локалитет – НУ Стоби, паралелно се реализираат неколку конзерваторско-реставраторски проекти на одделни делови од овој значаен локалитет. Во тек е конзервацијата и реставрација на мозаиците од јужниот кораб на Епископската базилика во Стоби финансиран од Министерството за култура со 500 илајди денари. […]

Од септември: “Патрик” – симпатичен филм за целото семејство


Од септември во скопските кина, а наменет за секој тип на публика, ни доаѓа вистински британски деликатес. То него, Сара Френсис (Бети Едмондс) е млада учителка чиј живот е малку хаотичен. Она што во животот во моментов најмалку и треба е да се грижи за некого. Сепак и се допаѓало тоа или не, нејзината баба […]

Меѓународна средба на книжевните преведувачи 2018


Околу 40 книжевни преведувачи од Македонија и од странство ќе учествуваат на традиционалната Меѓународна средба на книжевните преведувачи 2018, што денеска и утре ќе се одржува во Лешочкиот манастир. На годинашниот симпозиум на тема „Ритамот на книжевниот превод“ ќе настапат Мехмет Кансу од Турска Република Северен Кипар кој ќе има воведно излагање, Олга Панкина од Русија, Васил Тоциновски, Здравко Божиновски,  […]

Загајевски го прими „Златниот венец“ на СВП


Полскиот поет Адам Загајевски вечерва го прими најпрестижното признание на Струшките вечери на поезијата „Златен венец“ на меѓународниот поетски митинг „Мостови“. На Мостот на поезијата беа врачени и наградите „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ со што заврши официјалниот дел од 57. издание на фестивалот Струшки вечери на поезијата. Загајевски е 53-ти добитник на највисокото […]

„Златeн венец“ за полскиот поет Адам Загајевски


На меѓународниот поетски митинг „Мостови“ што традиционално секоја година се одржува на Мостот на поезијата со врачување на „Златниот венец“ на годинашниот лауреат, полескиот поет Адам Загајевски и доделување на наградите „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“ вечерва завршува 57. издание на Струшките вечери на поезијата. Загајевски е 53-ти добитник на највисокото признание на фестивалот, […]

“Браќа Манаки”: Олимпиа Митилинау – претседателка на меѓународното жири


Олимпиа Митилинау, кинематограферка од Грција, е претседателка на меѓународното жири кое ќе ја вреднува работата на кинематограферите во главната селекција на 39. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ што од 22 до 29 септември ќе се одржи во Битола. Како што соопштија од фестивалот, таа заедно со членовите Рејнер Клаусман, кинематографер од […]

Зоран Анчевски е добитник на „Браќа Миладиновци“ на СВП


Поетот и преведувач Зоран Анчевски е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, за најдобро поетско остварување меѓу два фестивала за книгата „Небесна пантомима“. Добитникот беше соопштен денеска, традиционално на прес-конференција, на која претседателот на жири-комисијата Данило Коцевски образложи дека „Небесна пантомима“ е поетско остварување на зрел и опитен поет. – Евидентно е […]

Јубилејно 10.издание на меморијалниот „Бош фест“ во Гевгелија


Три дена исполнети со концерти, инсталации, работилници, изложби, перформанси и филмови ќе бидат белег на јубилејниот десетти меморијален мултимедијален арт фестивал „Бош Фест“, кој од денеска до недела се одржува во Гевгелија во чест и почит кон прерано починатиот актер и поет Бошко Бозаџиевски. – Истрауматизирани од секојдневниот живот, потресени од емотивната пустоловина, отуѓувањето и […]

Заврши 9.„МакеДокс“, главната награда за „Далечниот лаеж на кучињата“


Филмот „Далечниот лаеж на кучињата“ (Данска, 2017) на режисерот Сајмон Леренг Вилмонт ја доби главната награда „Кромид“ за најдобар филм на деветтото издание на Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“. Со доделувањето на наградите за најдобрите филмови во пет категории синоќа заврши Фестивалот „МакеДокс“. За наградата „Кромид“ одлучуваше комисија во состав Пирјо Хонкасало, Војцех Старон […]