Венко Андоновски на Саем на книгата во Москва


Македонскиот кандидат за престижната Толстоева награда за книжевност во категоријата на странска книжевност (со уште 34 светски познати писатели), Венко Андоновски, ќе има свое претставување на претстојниот Саем на книгата во Москва, со книгата „Азбука за непослушните“, преведена на руски јазик од Олга Панкина. На 8 и 9 септември, во Јасна Полјана е предвиден и […]

Педесетина актери од десет претстави во трка за наградата „Ристо Шишков“


Педесетина актери од десет претстави од Македонија и странство ќе се натпреваруваат на 26. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ за единствената награда за високо актерско остварување. Наградата се состои од златен медалјон со ликот на патронот на фетивалот-актерот Ристо Шишков и парична награда во износ од 1.500 евра. Традиционално фестивалот почнува на […]

Претстава „Светица на темнината“ вечер во Драмски театар


Претставата „Светица на темнината“ во продукција на „Б Глад“ од Загреб ќе биде изведена вечер во 19 часот на сцената на Драмскиот театар во Скопје, во рамки на манифестацијата „Денови на Мајка Тереза“. Претставата е работена по текст на Венко Андоновски, а главната улога ја има хрватската актерка со македонско потекло Костадинка Велковска. Претставата е […]

Филмот на Јани Бојаџи доби награда на филмскиот фестивал во Монтреал


Филмот „Ругање со Христос“ на режисерот Јани Бојаџи доби награда на Меѓународниот филмски фестивал во Монтреал, Канада. Филмот ја имаше својата светска премиера на 30 август во Монтреал, а вчера на свеченото затворање на фестивалот му беше доделена награда за иновативност. „Почитувани колеги, пријатели! На вчерашната церемонија за свеченото затворање на 42 то издание на […]

Адеми и Тозија се оградуваат од филмот на Бојаџи


Министерот за култура Асаф Адеми и директорот на Агенцијата за филм Горјан Тозија соопштија дека филмот „Ругање со Христос“ во режија на Јане Бојаџи предизвикува раздор во мултиетничкиот карактер во земјава и дека тие се оградуваат од него. Тие велат дека филмот добил поддршка од Агенцијата за филм во 2015 година од тогашното раководство. Јани […]

Јани Бојаџи, режисер на „Ругање со Христос“: Мене веќе ми пресудија


По повод реакциите на новиот филм во режија на Јани Бојаџи, успеавме да стапиме во контакт со него додека тој сè уште се наоѓаше во Монтреал, Канада, каде што филмот имаше светска премиера. Инспектори ќе ја чешлаат Агенција за филм: Адеми и Тозија се оградуваат од филмот на Бојаџи Министерство за култура: Филмот „Ругање со […]

„Лувр Абу Даби“ го одложи прикажувањето на „Спасител на светот“на Да Винчи


Абу Даби–  Поставувањето на сликата Спасител на светот (Salvator mundi) на Леонардо да Винчи во музејот „Лувр Абу Даби“, кое беше предвидено за 18-ти септември, се одложува на неодредено време. Секретаријатот за култура и туризам на Обединетите Арапски Емирати не ги наведе причините за одложувањето и соопшти дека наскоро ќе изнесат детали за случајот. Сликата […]

Промоција на книгата „Како го читам Конески“


Фондацијата за македонски јазик „Небрегово“ ја издаде четвртата книга од својата едиција „Македонски збор“, која ќе биде промовирана во петок во пресрет на националниот празник 8 Септември. Идејата беше во книгата „Како го читам Конески“ да имаат можност и помладите истражувачи да изнесат свои видувања за творештвото на Конески. Како што информираат од Фондацијата, на […]

Нови директори во културата: Мартин Вучиќ на „Танец“, Викторија Рангелова на Драмски театар


Министерството за култура назначи 22 директори на Национални установи кадешто досега имаше вршители на должност. Директорка на Македонскиот народен театар е потврдена Симона Угриновска која досега ја извршуваше функцијата вршител на должност, откако оставка си поднесе нејзиниот претходник Драган Спасов – Дац. На Драмски театар во Скопје за директорка е назначена Викторија Рангелова Петровска, а […]

Комеморација за балетскиот доајен Екрем Хусеин утре во МОБ


Утре во 12 часот во Македонската опера и балет (МОБ) ќе се одржи комеморација за доајенот на македонскиот балет Екрем Хусеин, кој почина на 23 август по кратко боледување. Истиот ден беше и погребан. Хусеин, роден Скопјанец, имаше незаборавни улоги во најпознатите балетски претстави како „Рејмонда“, „Шехерезада“, „Есмералда“… На сцената беше од 1950 година, а се пензионира […]

Почина режисерот Тихомир Бачовски


Утринава ненадејно почина познатиот македонски режисер Тихомир Бачовски (68). Името на  Бачовски во македонската телевизиска меморија, најмногу се памети  од одјавните шпици на програмите од различен карактер на јавниот сервис МРТ, некогашната РТС, каде го помина речиси целиот свој работен век. Тој ја потпишуваше режијата на различни програми од забавно-музички карактер, реклами,  документарни филмови, играна […]

Сашо Тасевски: Заминувам од кормилото на Драмски театар


Актерот Сашо Тасевски кој ја извршуваше функцијата в.д. директор на Драмскиот театар од Скопје испрати обраќање до медиумите, во кое најавува дек азаминува од кормилото на Драмски театар. Неговото обраќање ви го пренесуваме интегрално: „Има актери и актерки кои никој не ги знае по улогите што ги играле. Тие се најтоксични, зашто својот недостаток на […]

Со „Звуците на чаршијата“ ќе заживува традицијата


Во старото градско јадро на Скопската чаршија на 7 и 8 септември (петок и сабота) ќе се одржи традиционалната манифестација „Звуците на чаршијата“, чија цел е веќе неколку години преку концерти од сите жанрови, перформанси, фолклорни настапи, поезија, ликовна колонија и презентација на стари занаети, чаршијата да заживее во духот на традицијата како културен и […]

Српската комедија “Кој е тука идиот” во Скопје


Хит театарската претстава “Кој е тука идиот” ќе биде одиграна на 1. ноември, во Дом на АРМ, во Скопје. Главните улоги во претставата која ги освои симпатиите на љубителите на квалитетна комедија на Балканот и пошироко, ја имаат познатиот актер и водител Милан Калиниќ и неговиот колега Срџан Ивановиќ. Претставата раскажува едноставна приказна за една […]

Министерство за култура: Филмот „Ругање со Христос“ е навредлив


Министерството за култура испрати рекација во која го осудува финансирањето на филмот „Ругање со Христос“ на режисерот Јани Бојаџи. Тие велат дека Агенцијата за филм е независна институција од Министерството за култура, но заедно ги осудуваат решенијата на претходните гарнитури кои финансирале проекти без никаква уметничка вредност и кои ги навредуваат чувствата на граѓаните. Од […]

Актерката Арсовска: Премиерот бара да се повлечат решенија за директори


Актерката од Драмски театар – Скопје, Сања Арсовска, на својот официјален фејсбук профил напиша дека премиерот Зоран Заев барал да се поништат решенија за директори, кои веќе биле донесени од комисија и потпишани од министерот за култура. „Се обидувам да си објаснам како е можно Премиер на држава, кој ниту разбира, ниту го интересира уметност, […]

„Со љубов“ на Цветковски победник на Филмскиот фестивал во Нанси


Документарниот филм „Со љубов“ на Илија Цветковски е победник во натпреварувачката селекција на Европскиот документарен филм, во рамки на 24. Меѓународен филмски фестивал во Нанси. Фесривалот завршува вечер со прекцијата на најновото остварување на Владимир Блажевски „Годината на мајмунот“. Ова е и француската премиера на филмот на Блажевски, кој не и е непознат на публиката […]

Милка Ефтимова, примадона: Дамата на сцена е дама и во животот


Примадоната Милка Ефтимова (82), алт и мецосопран певица, доајен на Македонската опера и редовен професор на Факултетот за музичка уметност во Скопје, иако од 2000 година е во пензија, не мирува. Дава приватни часови по соло-пеење, како гледач редовно ги посетува оперските премиери, а актуелна е со подготовката на библиографијата за признанијата и наградите во […]

Благоја Чоревски лауреат на фестивалот „Св. Јоаким Осоговски“


Истакнатиот македонски актер, Благоја Чоревски е годинашен лауреат на Mеѓународниот театарски фестивал „Свети Јоаким Осоговски“, што јубилејно по десетти пат ќе се одржи од 14 до 22 септември во Крива Паланка. Благоја Чоревски потекнува од актерско семејство, Факултет за драмски уметности завршил во Софија, а работниот век го поминал во Драмскиот театар Скопје. – Престижното […]

Солистички концерт на Ева Богоевска во Париз


По  минатогодинешниот успешен настап на виолинистката Ева Богоевска во Карнеги Хол,Њујорк каде настапи како првонаградена на интернационален натпревар за класична музика и успешниот концерт во Театарот Марчело во Рим,Богоевска продолжува да концертитра и да не претставува во светот. Македонската виолинистка Ева Богоевска на 02 септември 2018 (недела) ќе одржи Солистички концерт во Париз. Концертот ќе […]