Комеморација за Горан Стефановски во Драмски театар


Комеморацијата по повод смртта на драмскиот писател Горан Стефановски ќе се одржи во Драмски театар.

Како што соопштуваат од театарот комеморацијата ќе биде во понеделник на 10 декември во 12 часот.

Семејството објави дека неговото тело ќе биде кремирано на 5 декември годинава во крематориум во Кентербери, Велика Британија.

Како што соопштија тие, ова била негова желба, а во пригодна прилика пепелта ќе биде фрлена над Охридско Езеро.

Стефановски почина на 27 ноември во Кентбери, Велика Британија каде што живееше подолго време.

Тој е роден на 27 април 1952 година во Битола.