„Види ја ти неа“ во официјалната програма на Солунскиот филмски фестивал


„Види ја ти неа“ во режија на Горан Столевски ќе биде прикажан во Официјалната програма Balkan Survey на 59. Интернационалниот филмски фестивал во Солун со две проекции, на 5-ти и 11 ноември.

Филмот е селектиран во официјални програми на над 40 фестивали низ светот. Светската премиера беше на 34. Санденс филмски фестивал каде ја освои наградата најдобар игран филм во рамки на меѓународната натпреварувачка програма, на 38. ИФФК Браќа Манаки доби „Мала камера 300“. Прикажувањето продолжи на 40. Интернационален фестивал на краток филм во Клермон-Феран, Франција, 23. Кино Павасарис во Вилниус,Литванија, на 65. Мартовски фестивал – Белградски фестивал на документарен и краток филм каде ја освои наградата „Гранд при“, додека на 6. „Лет’с си“ филмски фестивал во Виена ја освои наградата „Ураниа“.

На листата значајни фестивали што го прикажаа „Види ја ти неа“ се: 65. Филмски фестивал во Сиднеј, 65. Филмски фестивал во Пула, 67. Интернационален филмски фестивал во Мелбурн, 36. Фликерс-Интернационал филмски фестивал во Роад Ајленд, 29. Интернационален филмски фестивал на краток филм во Палм Спрингс, 43. Интернационален филмски фестивал во Оденсе, Данска, 24. Енкаунтерс филмски фестивал во Велика Британија,…

Пред Солунскиот фестивал филмот ќе го прикаже и Интернационалниот филмски фестивал за краток филм во Рига каде проекцијата е закажана за 26 октомври, а следуваат и на 16.Филм фронт-Нови сад, Србија, 27. Секвенс-Интернационален филмски фестивал на краток филм во Тулуз, Франција, 5.Фестивал на краток филм во Гоа,…