Предавање на Рубенс Корубин во Чифте амам
Во Националната галерија на Македонија, во објектот Чифте амам, в среда, во 10 часот, авторот на изложбата „Ателје, радоста на сликањето“, сликарот Рубенс Корубин ќе одржи предавање. Предавањето ќе биде извонредна можност ликовната јавност да се запознае со ликовното творештво на Рубенс Корубин преку непосредна средба со авторот, по огромниот интерес за неговата јубилејна изложба […]