Агенцијата за филм ги откажува сите состаноци, ќе комуницира со странките електронски и телефонски


Агенцијата за филм воведува дополнителни мерки за заштита од вирусот  КОВИД-19. Како што соопшти, од денеска до завршувањето на ограничувањата што ги препорачаа Владата и Министерството за здравство согласно СЗО, ги откажува сите состаноци, а странките се замолуваат целата своја документација да ја доставуваат по електронски пат на [email protected].

-Целата документација што ќе биде доставена во Архива, да биде скенирана или сликана, да биде видливо и читко и документот ќе се смета за уредно доставен и истиот ќе биде заверен во деловодната книга, а ќе има кратка потврда за примениот документ, препорачува Агенцијата.

Директорот и вработените остануваат достапни на фиксниот телефон 02 3 224 100, како и на службените електронски адреси [email protected] и [email protected], но и на мобилните телефонски броеви и меил адреси кои ги има на веб страницата на Агенцијата.

-Мерките кои ги донесуваме се за претпазливост и со нив придонесуваме кон јавното здравје и општествената одговорност. Во натамошното работење ќе се раководиме од мерките и препораките што ќе ги донесуваат Министерството за здравство и Владата, наведува Агенцијата.