Министерството за култура се оградува од соопштението на Агенцијата за филм во врска со истрагата на Антикорупциска


Министерството за култура денеска преку соопштение, најостро реагира на соопштението на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, дистрибуирано до медиумите на вчера од страна на нивната ПР агенција „ Навигаторс“. -Со цел објективно информирање на јавноста, потенцираме дека во наведеното соопштение Агенцијата за филм незаконски го користи логото на Министерството за култура – Сектор […]

Благоја Варошанец од МСУ е добитник на наградата за ликовна критика „Ладислав Баришиќ“


Здружението на ликовни критичари „АИКА Македонија“ ја додели наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2020 година од областа на ликовната критика. Комисијата во состав од Елена Вељановска, Ана Франговска и Нада Пешева одлучи наградата „Ладислав Баришиќ“ за 2020 година да се додели на проектот „Тајните места на Скопје“ на Благоја Варошанец, заради развиеноста, обемот на проектот и […]

Инспекторите не утврдиле конфликт на интереси во Агенцијата за филм


Инспекцискиот надзор на Министерството за култура што постапуваше по пријавите од страна на Милчо Манчевски, за наводен конфликт на интереси во Агенцијата за филм, како и нејзиниот директор Горјан Тозија, констатираше дека се неосновани. Државниот Управен инспекторат ќе даде предлог Антикорупциска да ја стопира истрагата. “Врз основа на утврдената фактичка состојба при вонредниот инспекциски надзор, не е констатирано дека […]

Оливија де Хевиленд, ѕвездата на „Однесено со виорот“ почина на 104 години


Франција-Оливија де Хевиланд, миризливата кралица на холивудската костимирана драма, почина на 104-годишна возраст. Според „Холивуд репортер“, нејзиниот публицист изјавил дека таа починала од природни причини во Париз, Франција, каде што живееше. Иако Де Хевиленд освои два Оскари за најдобра женска улога, во 1946 и 1949 година, таа останува најдобро запаметена по нејзиниот настап како стоичката […]

Кензо Танге го замислувал Скопје како мост помеѓу хуманоста и иднината: Интервју со Јасминка Намичева, архитект


Лејла Сабит На денешен ден, пред 57 години, во 5 часот и 17 минути, земјотрес од 6.1 степен според Рихтер го срамни Скопје со земја. Загинаа 1.070 лица, повеќе од 4.000 беа повредени, околу 200.000 останаа без покрив над главата, 28.000 домови беа оштетени и нешто повеќе од 15.000 станови беа урнати. Први што им […]

МСУ го има уметничкото богатство на солидарно Скопје: Интервју со Благојa Варошанец, виш кустос


Лејла Сабит -Донаторството како иницијатива за формирање на Музејот, од уметници од целиот свет почнуваат спонтано пост-земјотресот. Сепак, екот на донациите се случува помеѓу 1964 до 1985 година и во тој период во музејот пристигнале околу 3.000 дела, кои денес се дел од колекцијата. Свои дела донирале уметници кои ја создадоа модерната уметност, како што […]

Снимателот на „Медена земја“ Фејми Даут снима во Вухан


Ова е нова реалност, изјави Фејми Даут, еден од двајцата сниматели на македонското ремек-дело „Медена земја“, кој во март отиде во ризичниот Вухан во Кина да сними филм за коронавирусот чиј работен наслов е „Сезона на пеколот во Вухан“. Во интервјуто за белградскиот портал 021.rs, тој говори за тоа како требало да се снима филмот со […]

Тозија: Трпевме многу притисоци, но имаме одлична листа на филмови


По 500.000 евра ќе добијат режисерите Теона Стругар Митевска за проектот „Најсреќниот човек“ и Милчо Манчевски за „Кајмак“ во категоријата долгометражни играни филмови со мнозински македонски удел. Одлуката за прифатените проекти за финансиска поддршка по објавениот конкурс од 15 јануари 2020 во првиот рок на одлучување, ја донесе Управниот одбор на Агенцијата за филм. Поддршка […]

Објавена „Лирската биографија на Конески“ од Атанас Вангелов


Издавачката куќа „Слово“ ја објави книгата „Лирската биографија на Конески“ од Атанас Вангелов, еден од нашите најдобри познавачи на делото на Конески кој со децении систематски го истражува неговиот опус. – Во студијата „Лирската биографија на Конески“, Атанас ја дава досега најзначајната синтеза за епохалното дело на големиот македонски поет. Оваа студија е уникатна по […]

„Дизни“ повторно ги одложува премиерите на своите филмови


САД – Компанијата „Волт Дизни“ повторно ги одложи премиерите на три големи филма, што е уште еден удар врз филмската индустрија, која се бори да ја преживее пандемијата. Прикажувањата на новите филмови „Аватар“ и „Војна на Sвездите“ се одложува за една година, односно соодветно – за 2022. и 2023 година. А пак, „Мулан“ отпадна од […]

Клинт Иствуд тужи повеќе компании поради реклама за производи од канабис


САД – Познатиот глумец и режисер Клинт Иствуд поднесе тужба против повеќе американски компании за канабидиол како додаток во исхраната. Тие, наводно, го злоупотребиле името на холивудската ѕвезда и ликот во маркетинг-цели без негова согласност. Канабидиолот е хемиска супстанција која се добива од марихуана, а често се продава како додаток во исхраната, но и во […]

Онлајн-промоција на „Пандемија“ на Славој Жижек


„Пандемија“ е новата книга на словенечкиот философ Славој Жижек која вечер од 19 часот ќе биде онлајн-промовирана на фејсбук-страната на „Литература.мк“. Поднасловот на книгата е „Ковид-19 го тресе светот“, а делото преведено на македонски јазик е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. На промоцијата, како што соопштија организаторите, ќе може […]

Два дена џез крај Вардар, бројот на посетители е ограничен


Во организација на дискографската куќа ПМГЏЕЗ, вечер во 19.45 часот почнува џез-фестивалот „Крај Вардарот џез“. Во рамки на двете фестивалски вечери, на 23 и 24 јули, во паркот зад Младинскиот културен центар, под отворено небо ќе настапат седум македонски џез-состави. Како што соопштија организаторите, на првата фестивалска вечер настапуваат скопскиот џез музичар Филип Букршлиев, кој […]

Кинотека премиерно со два документарни филма по повод 57 години од скопскиот земјотрес


По повод 57-годишнината од скопскиот земјотрес, Кинотеката на Македонија и Македонскиот центар за фотографија (МЦФ) премиерно ќе прикажат два документарни филма: „Првата светска војна, сеќавања” на Роберт Јанкулоски и „Преживеани спомени” на Роберт Јанкулоски и Моника Мотеска. Настанот, насловен „Сеќавања“, е закажан за 26 јули, со почеток во 21 часот. „Првата светска војна, сеќавања” е […]

Фестивалот „Локум фест – музика и традиција“ со „Љубојна“ и “Баклава“


Балканскиот етно-фјужн фестивал „Локум фест – музика и традиција“ продолжува со своето 14. издание кое во наредните три дена ќе се одржува во пациото на Завод и Музеј-Битола. Фестивалот со целовечерен концерт ќе го отворат „Чалгија саунд систем“, утревечер ќе настапат „Баклава“, а ќе заврши со концерт на групата „Љубојна“, најави организаторот Тодор Ивановски. – Инспирацијата на фестивалот е […]

Агенција за филм: Манчевски и Теона Стругар добија по 500 илјади евра за „Кајмак“ и „Најсреќниот човек“


Режисерите Милчо Манчевски и Теона Стругар Митевска добија по 30 милиони денари (500 илјади евра) од Агенцијата за филм за своите нови филмови „Кајмак“ односно „Најсреќниот човек“. Поддржани се и 4 дебитантски долгометражни проекти, на Горан Столевски, Димитар Оровчанец, Агим Абдула и Андреј Иливески Волкашин. Резултатите од прифатените проекти во прв рок по Конкурсот за […]

„МКЦ за Скопје“ – мултимедијален настан за 57 години од скопскиот земјотрес


„МКЦ за Скопје“ е насловен мултимедијалниот настан кој в недела, 26 јули, ќе го организира Младинскиот културен центар за одбележување 57 години од скопскиот катастрофален земјотрес. Настанот ќе се одржи во паркот на МКЦ по соодветен протокол и почитување на мерките за заштита. Бројот на посетители ќе биде ограничен, влезот е бесплатен, но со билети […]

Рок-списанието „Кју“, по 34 години постоење, престанува да се печати


Англија– Рок-списанието „Кју“ – „пионерот“ на рок-новинарството во Велика Британија, ќе престане со своето издавање по 34 години од своето постоење. Како што соопшти уредништвото, за тоа е виновна корона-кризата. „Пандемијата ни го направи тоа”, напиша уредникот Тед Кеслер на својот Твитер-профил. Тој притоа објави и уредничко писмо за последното издание, кое излегува на 28 […]

Археолошкиот музеј од денеска отворен за посетители


Археолошкиот музеј соопшти дека од денеска почнува да прима посетители кои задолжително ќе се придржуваат на препораките за заштита од КОВИД-19 и на протоколот за посета на музеј. – Носењето маска е задолжително во текот на целата посета. Задолжително дезинфицирање на рацете пред влегување во музејот. Одржување дистанца од 1,5 до 2 метра пред билетарницата, како и кај […]

Актерката и мис Аишварија Раи заврши во болница поради Ковид-19


Индија (Ројтерс) – Актерката Ајшварија Раи Бахчан и нејзината ќерка се наоѓаат во болница откако оваа недела се тестираа позитивно за коронавирус, неколку дена откако беа примени нејзиниот сопруг и свекор, објавија водечките индиски медиуми. Свекрвата на Раи, Амитаб Бахчан (77) и нејзиниот сопруг Абишек Бахчан (44), исто така највлијателни актери на Боливуд, беа примени […]