Ретроспективна изложба на Павле Кузманоски во Чифте амам


Ретроспективна изложба на авторот Павле Кузманоски од Тетово ќе биде отворена вечер во Чифте амам.

Од Национална галерија на Република Северна Македонија информираат дека официјалното отворање на изложбата е закажано за 18:30 часот со почитување на протоколот за социјална дистанца. Изложбата ќе биде отворена до 23 октомври.

Куратор на проектот е Љупчо Маленков, виш кустос во Националната галерија на Република Северна Македонија.

Кузманоски досега приредил 53 самостојни ликовни изложби во земјата и во странство меѓу кои во Париз (Cite Internationale des Arts  во 2000 и 2004), во Берлин ( воArt Center Galerie, 2009), во Нирнберг (во Ehrenhalle des Rathauses, 2009 ),во Њујорк, ( во Македонскиот културен центар), Во виена  (воPalais Porcia, 2012) и други. Учествувал на преку 250 групни изложби во земјата и во странство.