Гала оперски концерт во НОБ


Фото: Б. Грданоски

Гала оперски концерт ќе се одржи вечер, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет. Диригент на концертот ќе биде Иван Еминовиќ.

Ќе настапат оперските солисти Дејан Стоев, Ристе Велков, Весна Ѓиновска Илкова, Соња Пендовска Мадевска, Марика Поповиќ, Наде Талевска Спасовска, Павлина Новакова Георгиев, Драган Ампов, Злата Тошевска, Ана Ројдева, Александра Лазаревска Василев, оркестарот и хорот на Национална опера и балет.

Концертот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска. Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.