Избрани 18 романи во првата селекција за наградата „Роман на годината“
Од 41 роман кои конкурираат за „Роман на годината“ за 2020-та, жирито во првата селекција избра 18 кои ја продолжуваат трката за престижната награда. Наградата ја доделува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, а во составот на жирито се Оливера Николова (претседателка), Зоран Анчевски, Калина Малеска, Живко Гроздановски и Катерина Богоева […]