Романот „Бунар“ од Димитар Башевски објавен во Софија


Издавачката куќа „Изида“ од Софија го објави на бугарски јазик романот „Бунар“ од Димитар Башевски во превод на Тања Попова.

Првото издание на романот „Бунар“ кај нас е објавен во 2001 година, ја доби потоа наградата Роман на годината на „Утрински весник“ и доживеа повеќе изданија во земјата и во странство.

Минатата година, исто така во Софија, беше објавен романот „Круг“ на Башевски.

Книгите на Башевски, освен на бугарски, досега се преведувани и објавувани и на англиски, чешки, романски, грчки, српски, турски, црногопрски и албански јазик. Тој е добитник на високите книжевни награди кај нас, вклучително и на награда за животно дело „Св. Климент Охридски“.