Српскиот актер Славко Штимац во болница поради компликации од Ковид-19


Србија– Српскиот актер Славко Штимац (60) хоспитализиран е во Воено медицинскиот центар „Карабурма“ поради Ковид-19, пренесува „Танјуг“.

Тој пред 10 дена бил примен во болница поради воспаление на белите дробови, предизвикано од коронавирусот.

– Штимац е сместен на ВМЦ поради пневмонија. Неколку дена бил на кислородна поддршка, но за среќа неговата здравствена состојба не бара тој да биде на интензивна нега. Речиси целосно закрепна од воспалението на белите дробови и за 2 до 3 дена би требало да биде пуштен дома .

Штимац дознал дека е заразен за време на пробите за претставата „Да кренемо испочетка”.

Штимац, е српски актер со хрватско потекло. Роден е во селото Коњско брдо во близина на Перушиќ (тогашна СР Хрватска, СФР Југославија). Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград (тогашна СР Србија). 

Дебитираше на екранот во филмот Вук самотњак од 1972 година. Следуваше кариера за време на која Штимац се појави во многу популарни и важни југословенски филмови од 1970-тите и 1980-тите, каде играше ликови на деца и адолесценти (вклучувајќи ја и улогата на млад руски војник во „Крстот на железото“ на Сем Пекинпо). Неговиот младешки изглед подоцна ја насочи неговата кариера, типизирајќи го во адолесцентни улоги и до неговите 30-ти. Сепак, во 2004 година тој ја имаше главната улога во филмот „Животот е чудо“ на Емир Кустурица, неколку години откако играше во меѓународно признатиот филм „Андерграунд“ на истиот режисер Кустурица.