Објавена антологија на шест нови македонски драми


Деновиве излезе од печат антологијата „Еуродрам 2020: избор нови македонски драми“ во издание на македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп. Овој избор содржи шест текста од македонски автори што беа избрани како најдобри меѓу 25 нови, необјавени и неизведувани драмски дела напишани на македонски јазик, пријавени на конкурсот на Еуродрам -Европската мрежа за современа …

Објавена антологија на шест нови македонски драми Read More »

Откриени и мапирани нови археолошки локалитети и поединечни наоди на источниот брег од Охридското Езеро


Националната установа „Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид“ минатиот месец спроведе проект за подводно археолошко рекогносцирање на делови од источниот брег од Охридското Езеро, насочен кон истражување локации од езерото за кои постоеја индиции за археолошки локалитети. Истовремено преку проектот биле истражувани и поединечни наоди, дефинирани границите на потенцијалните архолошки …

Откриени и мапирани нови археолошки локалитети и поединечни наоди на источниот брег од Охридското Езеро Read More »

Св.Богородица во Матејче треба да се заштити од надворешни влијанија, вели министерката Стефоска


Националниот конзерваторски центар – Скопје започна со превентивни конзерваторски интервенции на црквата Св. Богородица во Матејче, за ова културно добро да се заштити од надворешни влијанија во зимскиот период, објави министерката за култура Ирена Стефоска. Таа по доаѓањето на функцијата, во септември најави дека еден од нејзините приоритети и прва задачa ќе биде воспоставување на …

Св.Богородица во Матејче треба да се заштити од надворешни влијанија, вели министерката Стефоска Read More »

Битолските конзерватори почнаа со реставрацијата на црквата во Курбиново


БИТОЛА – Со обивање на малтерот на северниот ѕид битолските конзерватори започнаа со реставрација на црквата „Св.Ѓорѓи“ во Курбиново. Од Завод и музеј Битола потврдуваат дека од понеделникот под надзор на стручна екипа започнаа работите на терен на надворешните ѕидови од црквата. Црквата која се смета за своевидна македонска Сикстинска капела со години наназад се …

Битолските конзерватори почнаа со реставрацијата на црквата во Курбиново Read More »

Почина актерската легенда Шпиро Губерина


Хрватска– Легендарниот хрватски глумец Шпиро Губерина почина на 87-годишна возраст, во Домот за стари и изнемоштени лица во Загреб. Губерина е, можеби, најмногу запаметен по улогата на Јохан во „Вело мисто“. Како средношколец, настапувал во комедии и оперети во Националниот театар во Шибеник. Дипломирал 1970 година на Академијата за драмски уметности во Загреб. Во главниот …

Почина актерската легенда Шпиро Губерина Read More »

Отворен повик за режисери и студенти по режија


Театарот на Навигаторот Цветко и Кино Култура организираат трета серија мајсторски работилници водена од Иван Поповски – „Конфликт!“. „Мајсторски работилници за актери и режисери 2“ се организира веќе две години и е ретка можност младите режисери и студенти да работат и учат заедно со режисерот Иван Поповски. На работилницата, како што соопшти Кино Култура, можат …

Отворен повик за режисери и студенти по режија Read More »

Виртуелна изложба „Урбани шуми“ на Оливер Мусовиќ


Во организација на Локомотива – центар за нови иницијативи во уметноста и културата во рамки на програмата „Други простори“ денеска ќе се одржи виртуелна изложба на Оливер Мусовиќ.   Мусовиќ ќе се претстави со неговиот фотографски проект „Урбани шуми“ кој ќе може да се проследи како виртуелна изложба на платформата Кунстматрикс. За својот проект Мусовиќ …

Виртуелна изложба „Урбани шуми“ на Оливер Мусовиќ Read More »

Гала оперски концерт и „Болеро“ во НОБ


Во Националната опера и балет (НОБ) вечер ќе се одржи ексклузивен оперски гала концерт, со солистите: Весна Ѓиновска Илкова (сопран), Катерина Стојановска (сопран), Ѓорѓи Цуцковски (тенор) и Владимир Саздовски (бас), во придружба на оркестарот при НОБ, под диригентската палка на Бисера Чадловска. Во вториот дел, публиката ќе има можност да го проследи балетот „Болеро“ од …

Гала оперски концерт и „Болеро“ во НОБ Read More »

Ќе продолжи изградбата на Турскиот театар во Скопје, вели министерката Стефоска


Планирани се средства за продолжување на изградбата на Турскиот театар во Скопје, изјави денеска на прес-конференција министерката за култура Ирена Стефоска која го презентираше Предлог – буџетот за 2021 година за културата, кој изнесува 3 милијарди 276 милиони 430 илјади денари (53 милиони евра).   Турски театар-Скопје годинава одбележа седум децении постоење на сцената на …

Ќе продолжи изградбата на Турскиот театар во Скопје, вели министерката Стефоска Read More »

Стефоска: Во предлог буџетот за 2021 повеќе средства за платите на вработените во културата и за капитални проекти


Повеќе средства за исплата на платите на вработените во установите од културата, средства за нивелирање на платите на директорите на националните и локалните установи, зголемување кај ставката блок дотации каде се предвидени повеќе средства за исплата на бруто платите на вработените во локалните установи кои се нивелирани заради примената на новиот Колективен договор за култура, …

Стефоска: Во предлог буџетот за 2021 повеќе средства за платите на вработените во културата и за капитални проекти Read More »

Изведба на перформансот „Скринсејвер“ во рамките на МОТ


Во рамки на 45-тото издание на МОТ, здружението Локомотива – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата од Скопје вечерва во главната сала во Младинскиот културен центар ќе го претстави перформансот „Скринсејвер“, кореографското дело на Александар Георгиев. Како што соопшти организаторот, перформансот ќе биде изведен од Александар Георгиев, Дарио Барето Дамас (Шпанија), Жана Пенчева …

Изведба на перформансот „Скринсејвер“ во рамките на МОТ Read More »

Роденденски концерт на Филхармонијата


Филхармонијата вечерва во 20 часот ќе го одржи својот роденденски концерт насловен „Колаж“, на кој како солист ќе настапи руската виолончелистка Анастасија Кобекина, а диригент е маестро Габриел Бебешелеа од Романија. На програмата се Концертот за виолончело и оркестар бр.1 во а-мол, оп. 33 од Камиј Сен -Санс и Симфонија бр.1 во Це-дур, оп. 19 …

Роденденски концерт на Филхармонијата Read More »

Грчката претстава „Траги од Антигона“ онлајн на МОТ


По синоќешното отворање, 45. Млад отворен театар денеска продолжува со две претстави на програмата – од 19 часот во Универзална сала ќе има втора изведба на перформансот „Универзална во пламен – трагедија во шест декади“ со кој вчера почна фестивалот, а од 20 часот онлајн ќе биде прикажана грчката претстава „Траги од Антигона“ на ОДЦ …

Грчката претстава „Траги од Антигона“ онлајн на МОТ Read More »

Екипата на „Медена земја“: Протагонистите не беа заборавени, им беше дадена несебична помош


Екипата на „Медена земја“ денеска испрати писмена изјава по, како што велат, тврдењата што периодов се појавија во јавноста и со коишто публиката беше неточно информирана, а притоа беa осквернавени документаристите, протагонистите, успехот на филмот и неговата голема хуманистичка идеја. – Документаристичкиот филмски кодекс советува дека филмските работници не треба да ги следат, соработуваат, помагаат …

Екипата на „Медена земја“: Протагонистите не беа заборавени, им беше дадена несебична помош Read More »

Онлајн предавање за успешната дистрибуција на „Медена земја“ на CINEIndustry


Асоцијацијата на филмски дистрибутери на Македонија заедно со Фестивалот на европски филм „Синедејс“ од денеска до 30 ноември го организираат дистрибутивниот маркет CINEIndustry. Поради актуелната ситуација со пандемијата, маркетот ќе се одржи во хибридна форма, односно дел од програмата ќе оди во живо во Младинскиот културен центар, а дел онлајн. Во шесте дена колку што …

Онлајн предавање за успешната дистрибуција на „Медена земја“ на CINEIndustry Read More »

Андријана Тилиќ со архитектонски фотографии во МКЦ


Во Младинскиот културен центар вечерва ќе биде отворена првата самостојна изложба на фотографии од архитектот Андријана Тилиќ. Изложбата е насловена „Архиметрии“ и има уметничко-истражувачки карактер. Замислена е како панорамска изложба на фотографии во која главниот мотив и конструкт е архитектурата. Фотографиите во себе содржат вредности како ликовната естетика, естетиката на архитектонскиот јазик, но и документарна …

Андријана Тилиќ со архитектонски фотографии во МКЦ Read More »

Избор од делата на академик Боро Митриќески изложени во Даут-пашин амам


Националната галерија потсетува дека на денешен ден почина еден од најзначајните македонски скулптори, академик Боро Митриќески (Варош, Прилеп, 10.05.1927 – Скопје, 24.11.2018).  Скулптурите од академик Боро Митриќески се избор од делата кои и припаѓаат на колекцијата на Националната галерија, а повеќето се изложени во рамките на Постојаната поставка претставена во Даут-пашин амам. Боро Митриќески основно …

Избор од делата на академик Боро Митриќески изложени во Даут-пашин амам Read More »

Декалог на Кешловски во Кинотека


Во Кинотека, почнувајќи од петок, следните десет вечери ќе му бидат посветени на полскиот режисер Кшиштоф Кешловски и неговата филмска серија Декалог, реализирана во 1988 година. Овој циклус Кинотеката го реализира во соработка со амбасадата на Полска во Северна Македонија. Кшиштоф Кешловски (Krzysztof Kieslowski, 1941-1996) е од оние благородни филмски автори кои, веројатно, на полската …

Декалог на Кешловски во Кинотека Read More »

Гала оперски концерт и балет „Болеро“ в петок во НОБ


Националната опера и балет за 27 ноември од 19 часот најави  ексклузивен оперски гала концерт и во истата вечер – балетот „Болеро“ од Морис Равел. Солисти на оперскиот концерт ќе бидат сопранистките Весна Ѓиновска-Илкова и Катерина Стојановска, тенорот Ѓорѓи Цуцковски и басот Владимир Саздовски, во придружба на оркестарот на НОБ под диригентската палка на Бисера …

Гала оперски концерт и балет „Болеро“ в петок во НОБ Read More »

Претстава за Универзалната сала го отвора 45. МОТ, 12 театри на фестивалската програма


Со премиера на претставата „Универзална во пламен – трагедија во шест декади“ – копродукција на МОТ и Факултет за работи што не се учат, вечер од 19 часот ќе почне 45. Млад отворен театар, кој поради пандемијата годинава ќе биде хибридно издание – онлајн-претстави и изведби во живо на сцената на Младинскиот културен центар и …

Претстава за Универзалната сала го отвора 45. МОТ, 12 театри на фестивалската програма Read More »