Промоција на стихозбирката „Ноќни луѓе“ од хрватскиот поет Иван Херцег


  Книгата „Ноќни луѓе“ – избор песни од хрватскиот поет Иван Херцег во препев на Владимир Мартиновски и во издание на „ПНВ Публикации“ вечер од 20 часот ќе биде промовирана во бифето на Младинскиот културен центар. – Поетскиот избор „Ноќни луѓе“, во кој се поместени шеесетина песни од неговите седум поетски книги (…) на македонските […]

Кинотеката ќе го одбележи Светскиот ден на аудиовизуелното наследство


Со промоција на книгата „Иницијација и покајание – доминантни топоси во наративниот дискурс на рускиот филм во XXI век“ на Атанас Чупоски и со презентација на блуреј-изданието на првиот македонски игран филм „Фросина“ на Воислав Нановиќ, Кинотеката денеска ќе го одбележи Светскиот ден на аудиовизуелното наследство. „Иницијација и покајание…“, во издание на Кинотеката, е филмско-теориско истражување […]

„Банда“ – концерт на оркестарот на Филхармонија со дела од Гинастера, Пјацола, Гершвин


Оркестарот на Филхармонија вечер ќе го одржи концертот „Банда“, на кој ќе бидат изведени дела од Гинастера, Лобос, Пјацола и Гершвин. Диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија, а како солистка ќе настапи македонската флејтистка Илинка Велкова. Концертот е поддржан од Културно-информативниот центар на Република Бугарија во Скопје. Алберто Гинастера (1916-1983) е еден од најзначајните […]

Милчо Манчевски на црвен ќилим во Токио- светска премиера на „Кајмак“ (видео)


Филмот „Кајмак“ на Милчо Манчевски ја имаше светската премиера на 35. Меѓународен филмски фестивал во Токио (ТИФФ). Како што информираат од тимот „Кајмак“, се прикажува во официјална конкуренција на овој фестивал од А-категорија, кој е најголем во Азија и еден е од најголемите во светот. Од предложени 1.700 филмови од 107 земји, во официјална конкуренција […]

“Најсреќниот човек на светот“ од петок на репертоарот во кино „Милениум“


“Најсреќниот човек на светот“ на Теона Стругар Митевска ќе ја има својата македонска премиера на 27.октомври во Кино Милениум. Потоа продолжува на редовен репертоар во наредните две недели со проекции од 20:00 и 22:00 часот. Македонија е првата земја во светот каде филмот започнува со редовно киноприкажување.   Во текот на ноември филмот низ светот […]

Битолскиот театар на фестивал во Благоевград


Актери на НУ Народен театар-Битола отпатуваа во Бугарија каде утревечер ќе настапат на Балкански театарски фестивал во Благоевград. Од секторот за односи со јавност на битолскиот театар информираат дека на Фестивал во Благоевград ќе биде изведена претставата „Кислород“ од Иван Вирипаев, во режија на Иван Јерчиќ. -Домаќини и организатори на фестивалот се Драмски театар „Никола […]

Денови на македонската култура во Корча


Од утре до крајот на наделава во албанскиот град Корча ќе се одржат „Денови на македонската култура“, во организација на Амбасадата и Културно–информативниот центар на земјава во Тирана. Како што информира Министерството за култура, манифестацијата содржи повеќе настани од областа на културата, образованието и бизнисот, што ќе се реализираат на повеќе места во градот. Во просториите на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Фан […]

Комеморација во чест на Марин Бабиќ (1947 – 2022)


  На 28 октомври (петок), Драмски театар Скопје ќе одржи комеморација по повод смртта на актерот Марин Бабиќ. Доајенот на македонското глумиште Марин Бабиќ почина на 16 октомври во Скопје, на возраст од 74 години. Драмски театар беше негова матична куќа во која го помина целиот работен век. Комеморацијата ќе започне во 12 часот. Во […]

Баритонот Неќак на Европскиот Лајонс музички натпревар во Загреб


Младиот баритон Давор Неќак ќе се натпреварува на Европскиот Лајонс музички натпревар Томас Кути што ќе се оддржи од утре до 29 октомври во Загреб во рамките на Лајонс Европа Форум 2022. Европскиот Лајонс натпревар Томас Кути традиционално се оддржува во рамките на Европскиот Лајонс форум со цел да се поддржат младите музички таленти од […]

„Преобразби“ – нова стихозбирка на Весна Ацевска


Излезе од печат стихозбирката „Преобразби“ од македонска поетеса Весна Ацевска. Книгата, објавена во издание на „Дијалог“ од Скопје, содржи 50 песни, сместени во четири циклуси, придружени со автопоетичкиот есеј „Зошто преобразби“. -Живеејќи со јазикот, со таа наша жива вода од која ја црпиме својата творбена сила, и без да сакаме, ние во неа и од […]

Драган Спасов -Дац лауреат на годинашниот Меѓународен театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски“


На свеченост по повод отворањето на годинашниот 14. Меѓународен театарски фестивал „Св.Јоаким Осоговски“ денеска напладне во Крива Паланка ќе биде врачена наградата на годинашниот лауреат актерот Драган Спасов-Дац за заслуги во развој и промоција на театарската уметност.   Организаторот на фестивалот е Општина Крива Паланка, соопшти дека свечената промоција ќе се одржи во големата сала […]

Првата македонска поетеса Даница Ручигај на словенечки


  Во издание на Културно – уметничкото друштво „Police Dubove“ од Внање Горице крај Љубљана деновиве излезе книгата „Srebrne nočne igre in Ujetniki vetra“ („Сребрени ноќни игри и Заробеници на ветрот“) на првата македонска поетеса и основоположничка на т.н. женско писмо во македонската поезија и литература воопшто Даница Ручигај, која трагично го загуби својот живот […]

Промоција на „Речник на псевдонимитe во македонската книжевност од XIX век“ од Славчо Ковилоски


  Во Друштвото на писателите на Македонија денеска ќе се одржи промоција на „Речник на псевдонимитe во македонската книжевност од XIX век“ од Славчо Ковилоски. Промотори ќе бидат Димитар Пандев и Иван Антоновски. – Станува збор за издание во кое се дешифрираат скриените имиња на автори во македонската книжевност, без разлика дали се лажни имиња, кратенки, […]

Премиера на претставата ,,Женска гардероба“ во Театар Комедија


  Во Театар Комедија вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Женска гардероба“ во режија на Наташа Поплавска, по текст на современиот чешки автор Арношт Голдфлам. – Станува збор за пиеса која ни ги раскажува приказните на четири актерки на различна возраст, кои сакаат различни нешта, но она што ги спојува и ги врзува е нивната […]

Изложба на Филип Фидановски „Пикасо, можеби јас“ во Кичево


По повод 140-годишнината од раѓањето на Пабло Пикасо, амбасадата на Кралството Шпанија ја поддржува изложбата на македонскиот уметник Филип Фидановски посветена на големиот шпански уметник Пабло Пикасо, која ќе биде отворена на 26 октомври во Националната установа Центар за култура „Кочо Рацин “ во Кичево. Истата ќе биде отворена за јавноста до 4 ноември. По […]

Прва клапа на краткометражниот филм „Прошетка“ на режисерката Елеонора Венинова


„Прошетка“ e драматуршки и визуелен предизвик, вели Венинова за нејзиниот нов краткометражен филм чие снимање почна денеска на Градските гробишта Бутел во Скопје. Филмот раскажува приказна за мало девојче кое низ разговор со непозната жена се обидува да дознае што се случило со нејзината баба. – Со овој филм ќе ја комплетирам мојата трилогија на […]

Со свечена церемонија заврши Балканскиот фестивал на кратки филмови во Битола


Фестивалот на краткометражни филмови „Balkans Beyond Borders“ кој веќе 13 години функционира како тематски фестивал на краток филм и кој секоја година се одржува во различен европски град, со посебен фокус на Југоисточна Европа, годинава ја избра Битола за домаќин. “Фестивалот понуди краткометражни филмови од сите жанрови: фикција, документарни филмови, анимирани, експериментални кратки филмови. Градот […]

Богатото портретно творештво на скулпторот Илија Аџиевски во фокус на големата изложба во Даут пашин амам


„Портретот во фокус“ е изложба која го претставува богатото портретно творештво на познатиот македонски скулптор Илија Аџиевски. Тематскиот концепт што го издвоивме од творештвото на Аџиевски, на публиката ќе и биде достапен од 27 октомври 2022 (четврток) и ќе трае во текот на еден месец. Поставката ќе биде изложена во Даут пашиниот амам, а отворањето […]

Во Битола се снима турска телевизиска серија „Ататурк“


На повеќе локации во Битола, Ресен и во Скопје, турската продуцентска куќа Линистар Медиа, во соработка со македонската прудецентска куќа Сектор филм, снимаат телевизиска серија „Ататурк“ посветена на турскиот револуционер и реформатор Мустафа Кемал Ататурк. Актерите и тимовите на продуцентските куќи кои снимаат во централното подрачје и старата битолска чаршија, ги посети градоначалникот Тони Коњановски […]

Сакам операта посилно да допре до човековото срце и душа, вели Милка Ефтимова, автор на македонската порака за Светскиот ден на операта


„Во овие времиња кога човештвото се соочува со многу предизвици, за сите оние кои живеат и дишат со оперската музика, токму таа претставува нивниот најголем прозорец кон поубавото и попријатното, вели оперската примадона Милка Ефтимова, авторка на годинашната македонска порака за Светскиот ден на операта, 25 Октомври. Ефтимова (86), алт и мецосопран певица, е доајен […]