Без новинарска суета – во Прилеп постхумно  промовирана книгата „Чест и вест“ од доајенот Тачко Локвенец


Во прилепската градска библиотека „Борка Талески“ денеска напладне е промовирана книгата „Чест и вест“ од доајенот на прилепското и на македонското новинарство Тачко Локвенец. Книгата на новинарот и публицист Локвенец се промовира постхумно. Иван Бојаџиски, новинар и промотор нагласи дека Тачко Локвенец не е само врвно журналистичко перо, но е и голем човек во секој […]

„Архангелот над Скопје“- рокенрол мјузикл со музика од „Архангел“, во режија на Поплавска


По музиката од македонскиот рок бенд „Архангел“ создадена од музичарот и лиричар Ристо Вртев, режисерката Наташа Поплавска го постави рокенрол мјузиклот „Архангелот над Скопје“, чија премиера е в сабота (24 декември) во 20 часот во Македонскиот народен театар (МНТ).   „Приказната зборува за животот на градот Скопје во периодот на неговото созревање од 1990-те години […]

Костадиновска-Стојчевска: Прекуграничните ЕУ-проекти ни ги зајакнуваат односите со Албанија


Во Музејот на Стерјо Спасе во селото Глобочани во Пустец, Албанија, денеска официјално беше означен почетокот на реализацијата на проектот „SMART4YOU2“, кој е поддржан од програмата за прекугранична соработка на Европската Унија. Со буџет за проектот во износ од 1,2 милиони евра, во периодот од 30 месеци, ќе се работи на развивање на туристичките потенцијали […]

Проектот „Штампање заеднички простор“ добитник на меѓународната награда „Ранко Радовиќ”


Колаборативниот проект „Штампање заеднички простор“, во кој е учествува нашиот визуелен уметник Филип Јовановски во соработка со студенти од Факултетот за драмски уметности (ФДУ) и Архитектонски факултет од Скопје, како и факултети од Нови Сад и Риека, ја доби престижната меѓународна награда „Ранко Радовиќ” во категоријата за најдобра мултимедијална поставка/изложба за 2022 година, што ја […]

Битолскиот театар со „Демони“ гостува на фестивал во Сараево


Народен театар-Битола учествува на меѓународниот театарски фестивал „Денови на Јурислав Корениќ“ што се одржува во Сараево. Битолските актери Илина Чоревска, Огнен Дранговски, Марија Стефановска и Здравко Стојмиров, утревечер во натпреварувачкиот дел од фестивалот ќе ја изведат претставата „Демони“ од Ларс Норен, во режија на Васил Христов. -Во Сараево продолжуваме со претставување на македонскиот и битолскиот […]

Рацин, македонскиот Че Гевара и последниот романтичар


Во студената ноќ на 22 декември во 1908 година во Велес, мајката Марија и таткото Апостол Солев се радуваа на својата прва рожба. Ниту сонуваа дека новородениот син ќе биде значен дел од конечното создавање на државноста на македонскиот народ, кој заедно со создавањето на државата ќе придонесе и за отворањето на патот кон слободата […]

„Чест и вест“ – промоција на книга од доајенот Тачко Локвенец во Прилеп


Денеска напладне во библиотеката „Борка Талески“ во Прилеп, ќе биде промовирана книгата со наслов „Чест и вест“ чиј автор е доајенот на прилепското и македонско новинарство, Тачко Локвенец. За книгата, за ликот и делото на новинарот и писател Локвенец ќе говорат неговите колеги и пријатели, репрезенти на новинарското перо, Ерол Ризаов и Иван Бојаџиски. Извадоци […]

Новогодишен концерт „Виена во Битола“


  Камерниот оркестар на Битола вечер во големата сала на НУ Центар за култура ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт, годинава насловен „Виена во Битола“. Според програмата, пред публиката во Битола ќе настапат Зана Абази Рамадани, сопран од Косово, Роберто Јакини Вирџили, тенор од Италија, македонските уметници Ивана Здравкова-сопран и Мими Поп Алексова-примабалерина од Националната […]

Доделување на наградата „Бели Мугри“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје


  Во ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје денеска ќе се одржи свечено доделување на наградата „Бели мугри“ за млад автор дo 35 годинешна возраст, која оваа година ѝ припадна на авторката Рената Пенчова за поетскиот ракопис „Точки во бескрајот“. Наградата ќе биде доделена во 13 часот на манифестацијата „Денови“ која установата ја […]

„Ретроспективна изложба – 30 години творештво“ на ликовниот уметник Нехат Беќири


  „Ретроспективната изложба – 30 години творештво“ на ликовниот уметник и универзитетски професор Нехат Беќири ќе биде поставена во објектот Чифте амам. На отворањето на изложбата вечер во 19 часот ќе се обрати директорката на Националната галерија Дита Старова Ќерими. Поставката во Чифте амам ќе биде композиција од изложени над стотина слики во техника акрил […]

Промоција на зборникот „Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура“


  Зборникот на трудови од меѓународната научна конференција „Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура“ денеска ќе биде промовиран на  Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Промотори на Зборникот се академик Марјан Марковиќ и проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска.

Традиционален новогодишен гала концерт „Исток“ во Филхармонија


  Оркестарот на Македонската филхармонија вечер од 20 часот ќе го одржи традиционалниот новогодишен гала концерт насловен „Исток“. Диригент е Миријан Кукунаишвили од Грузија, а како солисти ќе настапат сопранистката Милена Арсовска и баритонот Иван Наумовски. Како што информираат од Филхармонија, на програмата се дела кои имаат типично „новогодишен“ концепт, а валцерот како музичка форма ќе биде составен […]

„Зелениот дворец“ од авторот Сибо е добитник на наградата „Пегаз“ за 2022 година


Ракописот со наслов „Зелениот дворец“ од авторот Сибо е победник на четвртото издание на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман за 2022 година. На годинашниот конкурс за наградата за најдобар необјавен роман на годината – „Пегаз“, што ја организираат издавачката куќа „Арс Ламина“ и Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“, […]

Објавен „Речник на сложенките во македонските црковнословенски текстови“


Во издание на „Бата прес“ објавено е делото „Речник на сложенките во македонските црковнословенски текстови“ од проф. д-р Весна Костовска. Речникот е објавен со поддршка на Министерството за култура, како проект од национален интерес од областа на литературата и издавачката дејност за 2022 година. Станува збор за дело во кое на еден многу јасен начин […]

Италијанскиот печат за „Кајмак“: Филмот има попрефинет развој и особен режисерски глас


Со најновиот филм „Кајмак“, режисерот Милчо Манчевски ѝ пристапува на филмската леснотија без да ги напушти принципите на своите најпосветени филмови. Во „Кајмак“ има попрефинет развој, поистакнат избор на теми и присуство на особен режисерски глас, што го прави покомплексен филм, отколку едноставна комедија. Филмот има и храброст да биде смел, се вели во рецензијата која неодамна […]

Претставата „Други приказни за Алиса“ на Здружението за лица со Даунов синдром


Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски денеска ќе се одржи претстава „Други приказни за Алиса“, која всушност претставува премиера на музичко сценски експеримент на Здружението за лица со Даунов синдром „Трисомија 21“ Скопје. Настанот се одржува во соработка со менторот Билјана Димитрова и „Колектив Ветерница“, кој истражува во областа на кабарето преку интерпретација на македонски народни […]

Премиера на театарската претстава „Татко на татковината“ вечер во Битола


  Комедијата „Татко на татковината“ чиј автор и режисер е Иван Пеновиќ, млад хрватски драматург кој два месеца работеше со актери на НУ Народен театар-Битола, вечер премиерно ќе биде одиграна на големата сцена „Благој Стефановски-Баге“. „Татко на татковината“ е адаптација на култната драма на Акфред Жари, „Крал Иби“ која дејствието на драмата, позната на нашите […]

Балетот на Народниот театар од Белград гостува со „Жизел“ во Скопје


  Во Националната опера и балет вечерва гостува Балетскиот ансамбл на Народниот театар од Белград со претставата „Жизел“, на музика на Адолф Адам, во кореографија на Леонид Лавровски, јави дописникот на МИА од Белград. Претставата ќе се реализира како дел од неодамна покренатата платформа „Театар Отворен Балкан“, која има за цел зајакнување на поврзаноста на […]

„Татко на татковината“ – нова премиера во битолскиот театар


 „Татко на татковината“ е нова премиера на ансамблот на битолскиот театар која утрвечер ќе биде изведена на сцената „Благој Стефановски-Баге“. Автор и режисер на претставата е гостинот од Хрватска Иван Пеновиќ кој на прес конференција во Битола посочи дека претставата е адаптација на култната драма на Алфред Жари, „Кралот Иби“. -Оваа претстава во претстава ги […]

„Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура“- промоција на Зборник на трудови


На 22 декември 2022 (четврток) во 11 часот во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, I кат, ќе биде промовиран Зборникот на трудови од меѓународната научна конференција- Македонска книжевна архива: од ракопис до дигитална култура. Промотори на Зборникот се акад. Марјан Марковиќ и проф. дЗборник на трудови-р Весна Мојсова-Чепишевска.