Премиера на театарската претстава „Татко на татковината“ вечер во Битола


 

Комедијата „Татко на татковината“ чиј автор и режисер е Иван Пеновиќ, млад хрватски драматург кој два месеца работеше со актери на НУ Народен театар-Битола, вечер премиерно ќе биде одиграна на големата сцена „Благој Стефановски-Баге“.

„Татко на татковината“ е адаптација на култната драма на Акфред Жари, „Крал Иби“ која дејствието на драмата, позната на нашите простори, го сместува во механизмот на телевизиска програма, која пак е поставена на театарските штици.

 

Главната улога Мама Иби во претставата ја толкува актерката Викторија Степановска Јанкуловска, а заедно со неа ќе настапат и актерите Никола Пројчевски, Мартин Мирчевски, Марјан Ѓоргиевски, Сандра Грибовска Илиевска, Никола Стефанов, Борче Ѓаковски, Александар Стефановски, Петар Горко, Соња Ошавкова, Филип Мирчевски и Иван Јерчиќ.

Во театарскиот проект поддржан од Министерството за култура, сценографијата ја подготви Валентин Светозарев, костимографијата е на Благој Мицевски, преводот на текстот за претставата од хрватски на македонски јазик го направи Сузана Брезовец, а композитори на музиката се Филип Триплат и Карло Мркша.