Новогодишен концерт „Виена во Битола“


 

Камерниот оркестар на Битола вечер во големата сала на НУ Центар за култура ќе го одржи традиционалниот новогодишен концерт, годинава насловен „Виена во Битола“.

Според програмата, пред публиката во Битола ќе настапат Зана Абази Рамадани, сопран од Косово, Роберто Јакини Вирџили, тенор од Италија, македонските уметници Ивана Здравкова-сопран и Мими Поп Алексова-примабалерина од Националната опера и балет, како и други уметници кои ќе бидат придружувани од камерниот оркестар на Битола и под диригентство на Иван Еминовиќ и Владимир Димовски.

Организацијата и одржувањето на новогодишниот концерт „Виена во Битола“ е поддржанa од Министерството за култура и Општина Битола.