„Balkans beyond borders“ – проекција на македонски краткометражни филмови во Атина


Преку фестивалот за краткометражни филмови „Balkans beyond borders“ љубителите на филмови во Атина, особено на краткометражните, во изминатите четири дена имаа можност да уживаат во проекции од повеќе земји, а синоќа беа прикажани македонски краткометражни филмови, јави дописничката на МИА од Атина. Фестивалот „Balkans beyond borders“ оваа година се одржа во Битола, а помалку од […]

Театарски перфоманс „Во мој стил“ во скопски Корчагин


  Во средното училиште „Раде Јовчевски Корчагин“ вечер ќе биде изведен театарскиот перформанс „Во мој стил“ во продукција АВАНГАРТ. Од продукцијата соопштуваат дека „Во мој стил“ е перформанс кој говори за сите наши навики и проблеми, неправди наоколу, за менталното здравје, за инфлацијата, физичкиот изглед, технологијата, за сето она што е околу нас. Развојот на […]

Премиера на филмот „Фениксот од Кавадарци“


Во Кинотека денеска премиерно ќе биде прикажан документарно – играниот филм „Фениксот од Кавадарци“, реализиран со финансиска подршка на Филмскиот фонд. Сценарист и режисер е Мишо Нетков, а главен продуцент и монтажер Миле Петковски. Актер-наратор е Гоце Ристовски, костимограф Живко Трајчевски, аниматор Бојан Секуловски, а камермани се Кристијан Теодоров и Георге Трајковски. Филмот е сниман […]

Расказ од Иван Додовски објавен во американското списание „Туркославија“ на Универзитетот во Ајова


Краткиот расказ „Средување на куќата“ на македонскиот писател Иван Додовски е објавен во првиот број на новото американско специјализирано списание за преводна литература „Туркославија“, кое се издава на англиски јазик во соработка со Универзитетот во Ајова од САД. Преводот е на Вил Фирт. „Средување на куќата“ е дел од книгата раскази „Големиот куфер“ (издание на […]

Кој е најдобриот филм на сите времиња според 1.639 филмски критичари и 480 режисери?


  „Жана Дилман, 23 ке де Комерс, 1080 Брисел“ на Шантал Акерман е филм од три и пол часа во кој ништо не се случува. Тоа, во секој случај, ќе биде описот што ќе го понудат многумина кои за прв пат ќе го погледнат во наредните месеци. Нивната љубопитност ќе биде поттикната од неговиот триумф […]

Група луѓе се обиделе да украдат мурал на Банкси во Украина


  Групата луѓе успеа да отсече дел од дрвена плоча и гипс со ликот на жена во гас-маска и наметка која држи апарат за гаснење пожар на ѕидот на изгорена зграда. Но, тие беа забележани на местото на настанот во градот Хостомел, во близина на Киев, и делот беше зачуван, изјави во петокот гувернерот на […]

Ноќта кога го пронајдовме „Папокот на светлината“ – промовиран новиот роман на Венко Андоновски


Во кино „Милениум“ во Скопје синоќа влеговме какви што сме. По час и половина излеговме како други луѓе. Подобри.Промоцијата на новата книга на Венко Андоновски, „Папокот на светлината“ (Издавачки центар ТРИ) беше прекрасен повод за да се собереме толку многу на број и цел час да ги слушаме зборовите на познатиот автор и професор Венко […]

Засолниште не е само историја и литература, сега е и реалност- реномираниот бугарски автор Георги Господинов во Скопје


По фантастичниот меѓународен успех со романот „Засолниште во времето“ како и по многуте гостувања и промоции ширум Европа, реномираниот бугарски писател, поет и драматург Георги Господинов (1968) дојде и во Скопје. За промоцијата на книгата која лани излезе во превод и на македонски, во издание на „Или-Или“ во кино „Фросина“ дојдоа многу гости и почитувачи […]

Сто и десет фотографии кои злато вредат – богатството од „жолтите коверти“ на Живко Јаневски на изложба во КИЦ


Ова е изложба која место зборови раскажува со фотографии. Кои немаат цена, и се мерат со злато. Сто и десет дигитално испечатени фотографии од фоторепортерот и дојаен на македонската фотографија Живко Јаневски (1940-2000) содржи изложбата „Точки на интерес“ која синоќа се отвори во Културно информативниот центар во Скопје, во присуство на бројни гости, семејството, пријателите, […]

На сцената на НОБ балетската претстава „Дон Кихот“ од  Лудвиг Минкус


На сцената на Националната опера и балет вечерва ќе биде изведена балетската претстава во два чина „Дон Кихот“ од  Лудвиг Минкус, во кореографија на Виктор Јаременко од Украина. Диригент на претставата е Иван Еминовиќ, сценограф е Андреј Злобин, додека под костимографијата се потпишува Гана Ипатиева од Украина. Концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Драмскиот театар гостува на фестивалот „РУТА Група Триглав“ во Белград


Драмскиот театар вечерва ќе настапи во Београдско драмско позориште со претставата „My name is Goran Stefanovski“ („Се викам Горан Стефановски“), во рамки на фестивалот „РУТА Група Триглав“, што од 1 до 6 декември се одржува во Белград, а чие октомвриско издание беше во Скопје. Со оваа претстава Драмскиот театар годинава гостуваше на регионалните фестивали во […]

Музеи од Македонија, Бугарија и Србија потпишаа договори за заеднички активности


 Археолошкиот музеј на Република Северна Македонија, Националниот археолошки институт со музеј при Бугарската академија на науките и Националниот музеј на Србија денеска во Министерството за култура на Бугарија, во присуство на ресорниот министер Велислав Минеков, потпишаа договори за заеднички активности, јави дописникот на МИА од Софија. На потпишувањето присуствуваа замениците министри за култура на Бугарија, […]

Ретроспектива на филмовите на чешкиот режисер и глумец Јиржи Менцл во Кинотека


Кинотека во соработка со Амбасадата на Чешката Република од 1 до 11 декември организира ретроспектива на филмовите на чешкиот режисер и глумец Јиржи Менцл. Ретроспективата ќе биде отворена со филмот „Строго контролирани возови“, добитник на Оскар за најдобар странски филм во 1967 година. -Во 2000 година Менцл беше гостин на промоцијата на неговата книга преведена […]

Промоција на „Папокот на светлината“ на Венко Андоновски


По десет години, македонскиот автор и професор Венко Андоновски се враќа на сцената со нов роман. Промоцијата на „Папокот на светлината“ , во издание на издавачкиот центар „ТРИ“е закажана вечерва, 1 декември, во 19 часот, во кино „Милениум“. Промотори ќе бидат Винка Саздова и Игор Џамбазов.  Андоновски се враќа на сцената со нов роман, десет […]

Концерт „Раат“ на Џијан Емин во Филхармонија


Во Филхармонија вечер во 20 часот ќе се одржи концерт насловен „Раат“ – авторски проект на композиторот Џијан Емин со оркестарот на Македонската филхармонија. Концертот е електро-акустичен и претставува премиера на новиот музички проект на Џијан Емин, кој воедно ќе застане и зад пултот со оркестарот на филхармоничарите. „Раат“ е мултимедијална приказна раскажана преку несекојдневен третман на звукот […]

Реномираниот бугарски писател Георги Господинов во Скопје: Промоција на романот „Засолниште во времето“


По фантастичниот меѓународен успех со романот „Засолниште во времето“ како и по многуте гостувања и промоции ширум Европа, реномираниот бугарски писател, поет и драматург Георги Господинов доаѓа во Скопје. Настанот кој е во организација на ЈУ Младински културен центар во соработка со издавчката куќа “Или – Или”  ќе се одржи вечерва, 1 декември во кино […]

„PRESS : Точки на интерес“- дел од фотографската ризница на Живко Јаневски на изложба во КИЦ


Сто и десет дигитално испечатени фотографии од фоторепортерот и дојаен на македонската фотографија Живко Јаневски (1940-2000) содржи изложбата „Точки на интерес“ која ќе се отвори на 1 декември во 19:30 часот во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје. Станува збор за истражувачки проект од 2020 година во Музејот на Град Скопје на Одделот за современа […]

„Медена земја“ е израз на гордата култура на една мала земја: Штајнмаер со Атиџе разменија тегли мед


Претседателот Стево Пендаровски и претседателот на Сојузна Република Германија, Франк-Валтер Штајнмајер денес по посетата на Старата скопска чаршија, како културно-историски дел од Скопје и симбол на македонското мултиетничко општество, престојуваа и во Националната галерија Чифте Амам, каде што се сретнаа со Атиџе Муратова и екипата  на „Медена земја“  и проследија инсерти од филмот „Медена Земја“. […]

Поставена интернет архива со дела на Љубомир Бранѓолица


Со цел да се зачуваат делата на македонскиот композитор Љубомир Бранѓолица, кој ова година наполни 90 години, поставена е интернет платформа, на која се сместени негови дела во дигитална форма. Идејата на авторот на овој проект, Андреј Блажевски, е евидентирање и трајно зачувување на материјалните партитури во дигитален формат, што е направено преку процесот „фото-дигитализација“, […]

Европски филмски предизвик до 29 јануари, ве носи на Берлинале


Во тек е Европскиот филмски предизвик, на кој во текот на десет недели најпосветениот гледач ќе треба да изгледа десет европски кинематографски остварувања за да биде награден со патување на реномираниот филмски фестивал „Берлинале“. Предизвикот почна на 21 ноември а ќе трае до 29 јануари. Проектот во земјава го имплементира Центарот за социјални иновации „Блинк […]