Фестивалот РУТА во Драмски театар од 14 до 19 октомври: Доаѓаат Шербеџија, Мариќ, Поповски…


Распродадени се билетите за сите шест претстави на фестивалот РУТА Група Триглав, кој од 14 до 19 октомври ќе се одржува во Драмски театар во Скопје, најави денеска директорката на Драмски, Катарина Коцевска-Хаџи Василева. Станува збор за фестивал на Регионалната унија на театри – РУТА Група Триглав, во која членуваат: Београдско драмско позориште, Камерни театар …

Фестивалот РУТА во Драмски театар од 14 до 19 октомври: Доаѓаат Шербеџија, Мариќ, Поповски… Read More »

Министерството за култура ќе започне со национална стратегија за реставрација и зачувување на спомен-обележјата и спомените од НОВ


По реакциите во јавноста на состојбата на спомен-обележјата и спомениците на Народноослободителната војска, министерката за култура Бисера Кoстадиновска-Стојчевска, на денешната прес-конференција соопшти дека од 2023 година ќе се започне со национална стратегија со која ќе се поделат средства и надлежности на четири музеи, кои ќе бидат задолжени за реставрација, одржување и зачувување на спомен-обележјата и …

Министерството за култура ќе започне со национална стратегија за реставрација и зачувување на спомен-обележјата и спомените од НОВ Read More »

На Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес ќе се аплицира преку порталот „Е-услуги“


В понеделник 17 октомври во 8 часот ќе биде отворен системот за електронско аплицирање на Конкурсот за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2023 година. Системот за аплицирање ќе биде затворен на 17 ноември во 16 часот. Оваа година електронското аплицирање целосно ќе се спроведува преку националниот портал „Е-услуги“, информираше на денешната …

На Конкурсот за финансирање проекти од национален интерес ќе се аплицира преку порталот „Е-услуги“ Read More »

Во рамки на Отворен Балкан утре во Белград гостува Филхармонија на Македонија


Во рамките на регионалната соработка Отворен Балкан, како прва размена во областа на симфониската музика, утре во Белград, во Коларац гостува Филхармонијата на Република Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. Концертот ќе биде под диригентство на Габриел Бебешелеа, а ѕвезда на вечерта ќе биде пијанистот Дино Имери, кој ќе го изведе најпопуларното дело …

Во рамки на Отворен Балкан утре во Белград гостува Филхармонија на Македонија Read More »

(Видео) Прес на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска  денес во 12 часот ќе одржи прес-конференција во Медија центарот во Владата на Република Северна Македонија. Тема на прес-конференцијата е: Објавување на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година.   Линк до видео од прес-конференцијата на македонски јазик

Синдикатот на културата против намалување на платите на вработените


Синдикат на културата (СКРМ) регира на мерките и препораките за намалување на расходите донесени на седница на Владата. Синдикатот ја повикува министерката Бисера Костадинова-Стојчевска да каже дали ќе ги спроведе мерките и дали во тоа би значело намалување на платите на вработените во институциите од културата во време на голема инфлација и криза. „Откако го …

Синдикатот на културата против намалување на платите на вработените Read More »

Фестивалот „Литера“ патува во Гевгелија


  Патувачкиот карван на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, утре и в сабота (14 и 15 октомври), ќе застане во Гевгелија. По покана на Домот на културата „Македонија“, фестивалот се одржува во рамките на одбележувањето на детската недела. Децата во Гевгелија ќе можат да учествуваат на работилници за тоа како се …

Фестивалот „Литера“ патува во Гевгелија Read More »

Гете Институт Скопје: Интервенција – „Проѕирниот човек“ за поголема медиумска писменост на младите


  За време на Глобалната недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО, Гете-институтите Атина, Анкара, Белград, Истанбул, Измир, Скопје, Софија, Солун и Гете-центар Тирана ќе нудат многубројни настани во онлајн и офлајн формат во регионот. Тие ќе бидат наменети за младите, нивните родители, како и наставници и други заинтересирани лица. Конкретно, преку интервенцијата „Проѕирниот …

Гете Институт Скопје: Интервенција – „Проѕирниот човек“ за поголема медиумска писменост на младите Read More »

Мастерклас со Илдико Ењеди на „Киненова“: Снимањето е како сурфање, мора да држите рамнотежа, инаку ќе паднете во вода


Режисерот е всушност машина која носи одлуки и тие некогаш се добри некогаш се лоши, вели унгарската режисерка Илдико Ењеди, која на Меѓународниот филмски фестивал Киненова, одржа мастерклас на кој присуствуваа истакнати македонски режисери и студенти од Факултетот за филмска уметност во Скопје. – Адреналинот во процесот на работа е прекрасен. Снимањето е како сурфање, …

Мастерклас со Илдико Ењеди на „Киненова“: Снимањето е како сурфање, мора да држите рамнотежа, инаку ќе паднете во вода Read More »

Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски објавен на српски јазик


Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски неодамна излезе на српски јазик. Преводот е на Милена Илиќ, а книгата ја објави издавачката куќа „Тречи трг“ од Белград. Авторка на дизајнот на корицата е Дина Радоман. Српското издание на романот беше промовирано во рамки на 16-то издание на Белградскиот фестивал на поезијата и книгите, кое …

Романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски објавен на српски јазик Read More »

Денови на германскиот филм од 15 до 18 октомври


Со проекција на филмот „Јас сум твојот човек“, добитник на Германската филмска награда за 2021 година, в сабота (15 октомври) од 20 часот во Кинотеката ќе биде отворен годинашниот фестивал Денови на германскиот филм. Фестивалот го организира Амбасадата на Германија во земјава, во соработка со Кинотеката, Балканскиот центар за соработка „Лоја“ во Тетово и Куќата …

Денови на германскиот филм од 15 до 18 октомври Read More »

Министерството за култура ќе ги објави годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес за 2023


Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска ќе одржи прес-конференција по повод објавувањето на годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година. Како што информираат од Министерството за култура, прес-конференцијата ќе се одржи напладне во Медија центарот во Владата на Република Северна Македонија  .

Концерт на Македонскиот брас квартет во КИЦ на Република Северна Македонија во Софија


  Во Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија вечер со почеток од 19:00 часот, ќе одржи концерт Македонскиот брас квартет. Музичката формација во состав: Стојанче Косовски – труба, Александар Златески – труба, Горан Јанев – хорна, Владан Дробицки – тромбон ќе исполни познати музички дела од: Г. Ф. Хендл, Х. Персел, Џ. Ф. …

Концерт на Македонскиот брас квартет во КИЦ на Република Северна Македонија во Софија Read More »

Почнува Официјалната програма на ОСТЕН Биеналето на цртеж – Скопје 2022


Со самостојната изложба на уметницата од Грција Александра Стампали – „Забранет дијалог“ и со изложба на слики со дела од Салвадор Дали од колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж вечер започнува Официјалната програма на ОСТЕН Биеналето на цртеж – Скопје 2022. -Во текот на своето повеќедецениско работење, ОСТЕН воспостави процес на вреднување на уметничките дела …

Почнува Официјалната програма на ОСТЕН Биеналето на цртеж – Скопје 2022 Read More »

Со настапот на проширениот Exploding Star Orchestra на култниот Роб Мазурек стартува 41. издание на Скопскиот џез фестивал


Со концерт на ансамблот Exploding Star Orchestra, предводен од неприкосновениот лидер на чикашката авангарда, прославениот трубач, композитор, аранжер и визуелен артист Роб Мазурек, вечер во Скопје ќе биде отворен годинашниот 41. Скопски џез фестивал. Организаторите порачуваат дека императив и годинава во внимателно составената програма е сочувување на високиот меѓународен рејтинг на фестивалот и традицијата тој …

Со настапот на проширениот Exploding Star Orchestra на култниот Роб Мазурек стартува 41. издание на Скопскиот џез фестивал Read More »

Промоција на книгата „Моделирање на институциите во уметноста и културата“ од Биљана Тануровска-Ќулавковски


Книгата „Моделирање на институциите во уметноста и културата“ од Биљана Тануровска – Ќулавковски ќе биде промовирана вечер во Културно-информативниот центар – Скопје. Книгата е во издание на Ми-Ан. Книгата ќе ја промовираат Лорета Георгиевска – Јаковлева, Славчо Димитров и Роберт Алаѓозовски. Биљана Тануровска – Ќулавковски е културен работник- истражувач, куратор, продуцент, ко-основач на организации, мрежи, …

Промоција на книгата „Моделирање на институциите во уметноста и културата“ од Биљана Тануровска-Ќулавковски Read More »

Драмскиот театар доби специјална награда на фестивалот „Јоакимфест“ во Крагуевац


Драмскиот театар – Скопје е добитник на една од двете награди што ги доделува стручното жири на 17-то издание на Меѓународниот фестивал „Јоакимфест“, кој се одржува од 7 до 12 октомври во српскиот град Крагуевац. Како што информираат од Драмски театар, специјална награда на Градот Крагуевац е доделена на глумците на претставата во драматизација на …

Драмскиот театар доби специјална награда на фестивалот „Јоакимфест“ во Крагуевац Read More »

Научен собир: Јован Павловски ја поставува македонската културна и национална историја


Јован Павловски ја поставува македонската културна и национална историја како рамка без која не би можела да се склопи „рубиковата коцка“ на личниот и колективниот идентитет на Македонците. Во прозата на Павловски постојат имагинарни светови, во кои реалноста е јасно присутна и препознатлива, без оглед на тоа дали некое дело ќе биде доминантно модернистички прочитано …

Научен собир: Јован Павловски ја поставува македонската културна и национална историја Read More »

„Светот на Биби“ потпиша петгодишен договор со српската издавачка куќа „Лагуна“


 „Светот на Биби“ потпиша петгодишен договор со српската издавачка куќа „Лагуна“. Со овој договор, како што информираат продуцентите од „Светот на Биби“, „Лагуна“ го има ексклузивното право на териториите каде што се зборува српски, во целиот свет, да ги издава, продава и дистрибуира книгите, сликовниците, друштвените игри и сите други производи од „Светот на Биби“. …

„Светот на Биби“ потпиша петгодишен договор со српската издавачка куќа „Лагуна“ Read More »

Драмски театар на „Мал театарски формат“ во Зајечар со монодрамата „Кармен“


Драмски театар Скопје вечерва со монодрамата „Кармен“ ќе гостува на фестивалот „Мал театарски формат“, кој се одржува од 11 до 15 октомври во Зајечар. Фестивалот го бележи своето петто издание, а ќе се изведат шест монодрами и дуодрами од Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија. Монодрамата „Кармен“ е создадена по мотив од романот „Пет …

Драмски театар на „Мал театарски формат“ во Зајечар со монодрамата „Кармен“ Read More »