Кој проект или манифестација најмногу доби во годишната програма за култура?


за 42. Скопски џез фестивал се предвидени 3.800 илјади денари

Министерството за култура денеска, на својата веб-страница (www.kultura.gov.mk), ги објави резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година.

Годишните конкурси за поддршка на проекти од национален интерес во културата за 2023 година траеја од 17 октомври до 25 ноември.
Рокот беше продолжен за една недела по барање на корисниците, кои алармирале за тешкотии поради преоптовареност на системот, но имало и субјективни проблеми поради неажурирани податоци на дел од апликантите.
Во системот се евидентирани 3.355 пријави, поднесени од: физички лица, здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и други правни лица регистрирани во Република Северна Македонија во согласност со закон.
Критериумите, приоритетите и мерилата врз чија основа се вршеше оцена на проектите по одделни дејности беа содржани во Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2023 година.

Претседатели на комисиите што ги разгледуваа пристигнатите пријави по одделни дејности се: за литература и издавачка дејност – Исмет Јонузи;  за драмска дејност – Марија Спиркоска; за фолклор и сценско-уметничка дејност – Јашар Сејдиу; за музичка и музичко-сценска дејност – Александар Трајковски; за визуелни уметности, архитектура и дизајн – Бурим Ајдини; за интердисциплинарни проекти – Кирил Пенушлиски; за меѓународна дејност – Емил Шулајковски;  за заштита на недвижното културно наследство и заштита на аудиовизуелни добра – Ејуп Рамани; за музејска дејност – Петар Намичев; за библиотечна дејност – Сузана Данаилова; за инвестиции – Егзон Асани.

На следниот ЛИНК можете да ги видите резултатите