Премиера на современиот балет „Сага“ во НОБ


Во Националната опера и балет вечерва во 20 часот ќе се одржи премиера на најновата балетска продукција „Сага“, во кореографија на Рисима Рисимкин. „Сага” (идентитети) е возбудливо патување низ ритамот на седмата осмина. Низ заедничка креација со Националниот балет, кореографката Рисима Рисимкин, на музиката на композиторот Тони Китановски, сценографијата на Матеа Мијановиќ и костимите на […]

Ќе се обновува старото училиште во родното Тресонче на Дичо Зограф


Се уредува старото училиште во Тресонче, родното село на познатиот македонски иконописец, фрескосликар и претставник на Дебарската школа, Дичо Зограф.  Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и градоначалникот на Општина Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, денеска ја посетија локацијата на Основното училиште „Димитар Ормански“ во Тресонче, каде што со капитални дотации од Министерството за култура во износ од 5,3 […]

(Видео) Норвешкиот писател Јон Фосе е добитник на Нобеловата награда за литература


Стокхолм- Нобеловата награда за литература за 2023 година му се доделува на норвешкиот автор Јон Фосе „за неговите иновативни драми и проза кои му даваат глас на неискажливото“, соопшти Шведската академија. Неговиот огромен опус напишан на норвешки нинорск и опфаќа различни жанрови се состои од богатство на драми, романи, збирки поезија, есеи, книги за деца […]

Коста Петров пак е хит автор: „Сè што би сакал да знаев порано“ е мојата шеста книга а имам чувство како да ми е прва


Центарот на Скопје синоќа кај Филхармонија беше преполна со гости – не беше предизборен митинг туку, Коста Петров, еден од најпродаваните автори кај нас, ја промовираше шестата книга „Сè што би сакал да знаев порано“, но и за прв пат- детска сликовница „ЈАС и ТИ: Како ЈАС стана суперхерој“, во издание на „Три“.  „Сè што […]

Софи Хана на Букстар 2023: Необична ѕвезда – обична личност


Фестивалот BookStar со својата исклучително богата и општествено ангажирана програма минатите три дена го стекна епитетот на „еден од најзначајните книжевни фестивали во регионот“. Оваа квалификација ја споделија, како авторите од десеттина европски земји, така и претставниците на неколку регионални издавачки куќи и фестивали кои со нескриено задоволство ги следеа бројните настани и не го криеја […]

„Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски со уште една номинација на Европските филмски награди


Филмот „Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски, кој е дел од овогодинешната селекција за 36. издание на Европските филмски награди, доби номинација и за Европската универзитетска филмска награда – European University Film Award (EUFA), која е една од категориите на Европските филмски награди за која гласа жири составено од студенти од 25 универзитети од 25 земји во […]

Словенечка „Нора“ на Нела Витошевиќ вечерва на РУТА во Драмски


Претставата „Нора“ од Хенрик Ибзен на македонската режисерка Нела Витошевиќ, на Местно гледалиште Љубљана, Словенија вечерва во 20 часот ќе гостува на фестивалот РУТА во Драмскиот театар во Скопје. Премиерно, „Нора“ беше изведна на 3 март годинава. Драматург е Петра Погоревц, сценографијата е на Урша Видиќ, а костимографијата на Тина Бонча. Улогите ги толкуваат Ајда […]

Мураками, Шуе, Атвуд и Ружди фаворити за освојување на Нобеловата награда за литература


Според познавачите, Кан Шуе, Харуки Мураками, Маргарет Атвуд и Салман Ружди се меѓу најверојатните автори кои ќе ја добијат овогодинешната Нобелова награда за литература. Кинеската авангардна авторка Шуе (70) ја предводи групата големи писатели, кои годинава се во трка за освојување на престижната книжевна награда. Победникот треба да биде објавен денеска околу 13 часот. „Тоа […]

Венко Андоновски добитник на меѓународната Толстоева награда во Москва


Професорот и писател Венко Андоновски е добитник на меѓународната Толстоева награда „Јасна Полјана“ за 2023 година за романот „Папокот на светлината“.   Романот е објавен во руски превод на еминентната македонистка, преведувачка на над 70 книги од македонски автори и афирматор на македонската култура, Олга Панкина. Олга Панкина ја доби годинешнава награда „Јасна Полјана“ за најдобар […]

Повеќе од 550 учесници од девет земји на 11. Филмски фестивал за млади „Џифони Македонија“


Од денес 5 октомври до 10 октомври, во Младинскиот културен центар, Кинотеката на Македонија и во киното Милениум во Скопје ќе се одржува 11. издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија. Фестивалот ќе биде отворен во 19:30 часот во киното Милениум со филмот „Вратената“, во режија на Џузепе Бонито. На отворањето ќе се обрати […]

Филхармонија ја отвора новата концертна сезона со виолинистот Барнабаш Келемен


Македонската филхармонија вечерва во 20 часот ќе ја отвори новата концертна сезона насловена „80 години-Љубов!“. Првиот концерт е насловен „Будење“ и како солист ќе настапи еден од најдобрите виолинисти на светската музичка сцена – Барнабаш Келемен од Унгарија, а диригент е Бенџамин Шварц од Израел/САД. На програмата се Концертот за виолина и оркестар бр. 2 […]

„Наместо вовед“: Сликарството и филмот на Митко Панов во „Мала станица“


Во „Мала станица“ во 20 часот ќе биде отворена изложбата на Митко Панов, проект со наслов „Наместо вовед“. Изложбата ќе биде поставена до 29 октомври, се наведува во соопштението на Националната галерија. – Изложбата на Панов е осмислена да прикаже два елемента од неговото творештво – сликарството и филмот. Всушност концептот е приказ на творештвото […]

Изложба на слики и книги на Паскал Гилевски


Во мултимедијалниот културен центар Матица Ексклузив во Скопје денеска напладне ќе биде отворена изложба на слики на академскиот сликар, писател и преведувач Паскал Гилевски, создадени во изминатите шеесет години. По овој повод ќе бидат изложени триесет негови слики и сто и педесет книги преведени на македонски јазик од унгарски, грчки и француски јазик. Изложбата ќе […]

„Букстар 2023“: Покрај новата Агата Кристи- и Херкул Поаро во Скопје


Со големо внимание следбениците на Фестивалот BookStar ја следат програмата на годинашното издание, а особена возбуда носи вечерашниот настан, односно ексклузивната средба со Софи Хана – наречена „новата Агата Кристи“, бидејќи во 40 години е единствената авторка која беше одбрана од страна на нејзините наследници и семејство да пишува романи-продолженија со Херкул Поаро. Но, освен појавата на Софи Хана,  најавено е гостување и на Херкул […]

Костадиновска-Стојчевска: Драмски со фестивалот „Рута“ е уште еден мост за поврзување на регионот


Со домашна премиера, претстава на скопскиот Драмски театар, синоќа, почна второто издание на регионалниот Театарски фестивал „Рута“ во земјава. „Фирма“ по текст на реномираниот германски автор Роланд Шимелфенинг и во режија на Нела Витошевиќ, е првата претстава на фестивалот кој го поврзува театарскиот живот на регионот. На отворањето на неколкудневниот тетарски празник во Скопје, министерката […]

Во „Синеплекс“ утре премиера на филмот „М“ на Вардан Тозија


Дистописката приказна за осамено момче од шумата, кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила, ќе го има своето премиерно киноприкажување на 5 октомври во Синеплекс. По премиерната проекција на филмот „М“ на Вардан Тозија публиката ќе може да го погледне во кино салите во Скопје и во останатите градови низ Македонија. […]

Промоција на „Мед и младост“ на Гордана Михаилова Бошнакоска


Најновата поетска збирка „Мед и младост“ на писателката Гордана Михаилова Бошнакоска ќе биде промовирана вечер во 19 часот во Културно информативниот центар (КИЦ) во Скопје. Промотор на збирката ќе биде писателот Гоце Смилевски, а стихови ќе кажуваат артистите Софиа Насевска Трифуновска и Мартин Манев. Најновата поетска збирка „Мед и младост“ на Гордана Михаилова Бошнакоска, која […]

„Љубовната соба“ на режисерката Сузана Диневски на филмски фестивали во Романија, Грција и ОАЕ


Долгометражниот документарен филм „Љубовната соба“ во режија на Сузана Диневски, кој е реализиран со поддршка на Агенцијата за филм, Сузи Кју продукција и Аворд филм и видео е избран во официјалната селекција на 30-то издание на документарниот филмски фестивал АСТРА што се одржува во Сибиу, Романија од 15 до 22 октомври, 2023. Филмот ќе има две проекции на 18-ти и 20-ти октомври и се […]

Почина глумицата Ратка Радмановиќ, со впечатливи улоги во филмовите на Милчо Манчевски


Почина глумицата Ратка Радмановиќ, ни потврдија од нејзината матична куќа Народниот театар во Битола. Радмановиќ, која беше театарска филмска и телевизиска глумица, имаше 83 години. Родена во Кочани во 1940, најголем дел од кариерата работела во Битолскиот театар. Остварила и повеќе улоги во театрите во Кочани, Струмица, Штип и Куманово. Има остварено низа на впечатливи […]

Креативните индустрии во фокусот на Конкурсот за поддршка на проекти во културата за 2024 година


Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, соопшти дека денеска точно на пладне се отвара системот за електронско пријавување на Конкурсот за поддршка на проекти од национален и јавен интерес во културата за 2024 година. Таа на денешната прес-конференција истакна дека главните приоритети за секоја дејност и област остануваат исти, а тие се, како што посочи, квалитетот, […]