Концерт на камерниот ансамбл „Алтус“ во Филхармонија


 Камерниот ансамбл на Филхармонија – „Алтус“ вечерва со почеток во 19 часот ќе одржи концерт под диргентската палка на маестро Паскал Галоа од Франција. Камерниот ансамбл „Алтус“ во состав од Катарина Павлович – виолина, Гонца Богоромова Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта, Игор Иванов – кларинет, Паскал Краповски – виолончело, Маријана Николовска – пијано […]

Светската група „Villagers of Ioannina City“ првпат во Скопје


Светската група, експериментален секстет од Јанина, Грција – „VILLAGERS OF IOANNINA CITY“ првпат вечерва ќе настапат во Скопје. Концертот ќе се одржи во Младинскиот културен центар со почеток во 21 часот. Овој музички состав, кој својата 45-дневна европска турнеја ја започнува токму во Скопје, постои од 2007 година и оттогаш ги освојува европските музички фестивали. […]

ДПМ: Од оставки до вонредни избори?


„ДПМ во моментов е приватна фирма, трговец-поединец која без грам совесност и самокритичност ја игнорира неопходноста од темелни промени и реконструкција. Вонредни избори за спас на достоинствотото на Друштвото!“, порача писателката Фросина Пармаковска преку Фејсбук,  по оставките на осум писатели од членство во претседателството на организацијата, кое брои девет членови. И Иван Антоновски се огласи […]

Христо Петрески: ДПМ нема да биде инволвирано во пропаганди и притисоци


Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија Христо Петрески денеска преку соопштение во целост ги отфрли, како што наведува, сите невистини и инсинуации изнесени во јавноста од страна на членови на Претседателството. -Целокупното работење на Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија од Изборното собрание до денес е водено според Статутот на Друштвото на писателите […]

На „Џифони Македонија“ светска премиера на босанскиот краток филм „Јан“


Како да ги препознаеме лажните вести – со свое предавање денеска во 17 часот, претставници на организацијата „Метаморфозис“ од Скопје ќе им помогнат на младите од фестивалот „Џифони Македонија“ да ја подобрат својата медиумска писменост. Исто така, не денешниот фестивалски ден ќе се одржи светска премиера на босанскиот краток филм „Јан“ на Кенан Мусиќ. На […]

„Отело“ на Шекспир како поддршка на уметниците од Украина – со „Улисис“ од Бриони се затвора фестивалот  „РУТА“ 2023


Претставата „Отело“ на режисерката Оксана Дмитриева од Украина, работена по текстот на Вилијам Шекспир, вечерва го затвора фестивалот РУТА во Драмски театар Скопје во 20 часот. Претставата е копродукција на театарот Улисис од Хрватска (Раде Шербеџија и неговата сопруга Ленка Удовички) и Сарајевски ратни театар од Босна и Херцеговина- САРТР.  Ленка Удовички во програмата за […]

На 77 година почина режисерот Теренс Дејвис


Лондон– Британскиот режисер и сценарист Теренс Дејвис почина на 77 години по кратко боледување, соопшти неговиот менаџер. Дејвис се прослави со филмската трилогија „Деца“, „Мадона со децата“ и „Смрт и преображение“ од крајот на 1970-ите и почетокот на 1980-ите. Роден и пораснат во Ливерпул, Дејвис во својата работа често користел автобиографски елементи. Неговиот последен филм […]

Изложба на дела на Сергеј Андреевски во Прилеп во чест на 11 Октомври


Во пресрет на „11 Октомври“, еден од најголемите национални празници, во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, ќе биде отворена поставка на дела од академскиот сликар Сергеј Андреевски. Во рамките на настанот што ќе се одржи на 10 октомври со почеток во 18:30 часот со наслов Октомвриска вечер: Прослава на уметноста, поезијата и виното, реномирани […]

Археолошките истражувања на Трескавец го потврдуваат милениумското светилиште и како урбана населба


 Просторот на манастирскиот комплес Трескавец, освен како милениумско духовно светилиште се потврди и како урбана античка заедница, добро организирана и на преку 1250 надморска височина. Археолозите ги заокружуваат 10-годишните истражувања констатирајќи дека се заокружува првата етапа од сеопфатните истражувања на античкиот локалитет Колобаиса кај манастирскиот комплекс Трескавец. -Тоа значи дека има 10 археолошки етапи во […]

Композиторот Љупчо Константинов добитник на наградата „11 Октомври“ за животно дело


Композиторот Љупчо Константинов е добитник на државната награда „11 Октомври“ за 2023 година.  Наградата, како што соопшти Министерството за култура, на Константинов му се доделува за животно дело во областа на културата и уметноста.  Со државната награда „11 Октомври“ се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите […]

Што се крие зад оставките на седум членови на Претседателството на ДПМ? 


Како гром од небо во писателската фела одекна веста дека седум членови на Претседателството на ДПМ поднесоа неотповикливи оставки. Без да ги потенцираат причините, тие му се заблагодаруваат на членството на ДПМ за укажаната доверба дадена на редовните избори што се одржаа во мај 2022 година, а на Друштвото на писателите на Македонија му посакуваат […]

Седум члена на Претседателството на ДПМ поднесоа оставки


Писателите Зоран Анчевски, Весна Мојсова-Чепишевска, Лилјана Пандева, Влатко Мартиновски, Славчо Ковиловски, Марина  Мијаковска и Александра Јуруковска поднесоа оставки како членови на Претседателството на ДПМ. – На 4 октомври 2023 година на седница на Претседателството на Друштвото на писателите на Македонија неотповикливи оставки како членови на Претседателството на ДПМ поднесоа:  Лилјана Пандева, Славчо Ковиловски, Влатко Мартиновски, […]

„Зад стоговите сено” го отвора фестивалот „Киненова“, награда за особен придонес во филмската уметност за Бранислав Лечиќ


Во осмото издание во натпреварувачката програма МФФ Киненова носи осум драгоцени филмски стории на дебитанти и перспективни автори кои ги рушат стереотипите на воздржаност и одважно и вртоглаво се втурнуваат во вителот на актуелното, горливото, ранливото, убавото, грдото и доброто, одмаздољубивото и рамнодушното, тажното и среќното, во она што ни е на дофат, и во […]

„Делфинот“ на Прокопиев на бугарски јазик


                                  Неодамна, познатото софиско книгоиздателство „Books4All“ („Книги за сите“) ја издаде книгата раскази „Делфинот (приказни за видливото и невидливото)“ на македонскиот автор Александар Прокопиев. Преводот на бугарски е на Деница Проданова, инвентивното решение на корицата на Стефан Пламенов. Во […]

„Син“ на Камерни театар 55 од Сараево вечерва на Фестивалот „РУТА“ во Драмски


Со претставата „Син“ на режисерот Дино Мустафиќ, работена по текстот „Син“ од трилогијата на Флоријан Зелер, а во изведба на Камерни театар 55 од Сараево (Босна и Херцеговина), вечерва во 20 часот во Драмски театар продолжува Фестивалот „РУТА“. Претставата ќе се изведува со титл со превод на македонски јазик. Драматург е Ведран Фајковиќ, Ссценограф и костимограф: […]

Кој е Јон Фосе, добитникот на Нобеловата награда за литература


Стокхолм– Норвешкиот автор, преведувач и драматург Џон Фосе (64) е добитник на Нобеловата награда за литература. Ако сè уште не сте го прочитале – време е. Во Македонија не е преведен, во Хрватска го објави издавачот Љевак. Роден е во 1959 година во Хаугесунд, Норвешка. Студирал литература на Универзитетот во Берген. Предавал креативно пишување на […]

Современата и автономна македонска култура и уметност од денеска до недела во Солун


Во солунскиот клуб и мулти-функционален културен простор Topikap во Солун во Грција, од денеска до недела, 8 октомври, ќе се одржи кино проекција и разговор, концерт на електронска музика, изложба на графики во сито печат и здружена радио емисија. Куратори и продуценти на овој проект се Николас Псатас и Ѓорѓи Јаневски, во партнерство со Topikap […]

Отворен 11. „Џифони Македонија“: Не престанувајте да сонувате, зашто соништата се остваруваат


Имате уникатна можност да патувате преку магијата на филмот, да ги изразите вашите идеи и да го споделите со вашите блиски она што ќе го искусите и научите тука. Не престанувајте да сонувате, оти соништата се остваруваат. Пред сѐ, забавувајте се – им порача синоќа на младите Џифонци Андреа Силвестри, амбасадорот на Република Италија на […]

Промоции на нови преводи „Даблинци“ од Џејмс Џојс  и„Среќа и други раскази“ од Кетрин Менсфилд на Филолошки факултет


Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ во Скопје и Издавачката куќа „Макавеј“ на 6 октомври 2023 г. (петок), во 12 часот, во Салата за седници на филолошкиот факултет организираат двепромоции на две збирки раскази во превод на македонски, реализирани во 2023 година од издавачот Макавеј. Се работи за познатата збирка раскази „Даблинци“ од Џејмс Џојс, […]

Научен собир по повод 60 години од смртта на Ѓорѓи Абаџиев


Во амфитеатарот на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” во Скопје денеска ќе се одржи научен собир по повод 60 години од смртта на писателот Ѓорѓи Абаџиев. Поздравна реч ќе има проф. д-р Наташа Аврамовска, а за животот и делото ќе говорат  проф. д-р Лорета Георгиевска-Јаковлева, проф. д-р Валентина Миронска-Христовска и проф. д-р Гоце Смилевски. […]