За „непартиските“ кандидати


Здравко Савевски Сите кандидати за претседател на овие избори (Силјановска-Давкова, Пендаровски и Река) да ти биле непартиски кандидати! А сите тројца – поддржани од политички партии. Добро, ние не знаеме што е тоа непартиски кандидат или што е работата? Мимикријата на партиите е сосема разбирлива во ситуација кога самиот поим политичка партија стана синоним за …

За „непартиските“ кандидати Read More »

Кој ќе победи, правото или политиката?


Ерол Ризаов Дали повеќегодишните затворски казни на Сашо Мијалков, Мендух Тачи, Бедредин Ибрахими и другите обвинети, изречени за изборни нерегуларности, ќе бидат сериозна превентива што ќе означи дека секое нарушување на изборниот процес е неисплатлива работа и тешко кривично дело, или во натамошната жалбена постапка ова ќе биде уште еден циркус и деградација на правниот …

Кој ќе победи, правото или политиката? Read More »

Кафеана


Лејла Сабит Опеана, доживеана, прераскажувана, полна со лаги и вистини, трезна, пијана или мамурна, крие мали и големи животни приказни. Рај за мажите, пекол за жените, со славни, обични и редовни гости, сè што се случува во кафеаната, таму останува или излегува и добива митски размери. Секое утро или вечер, секој ден или ноќ, викенд …

Кафеана Read More »

„Титаник 2“ не потонува


Александра М. Митевска „Титаник 2“ – еден од случаите на Специјалното јавно обвинителство, насловени според прекукеанскиот брод кој потона во Атлантикот на своето прво патување, сепак, се движи кон разрешница. Вчера паднаа првостепените пресуди за шестмина обвинети, наспроти сомневањата што особено се засилуваа деновиве – дека голем дел од предметите на СЈО, а особено оние …

„Титаник 2“ не потонува Read More »

Највалкана кампања досега


Ерол Ризаов Претседателската предизборна кампања ќе почнела на априлили. Јавија од ДИК. Така било според законот. Тоа е само 1001 голема лага, пред да почне пропагандната војна на живот и смрт. До 1 април, кога ќе стартува предизборна трка, претседателските кандидати, особено тие што имаат најголеми шанси да бидат избрани, Стево Пендаровски и Гордана Силјановска-Давкова, …

Највалкана кампања досега Read More »

„Не сум феминистка“


Румена Бужаровска   Еве, само неколку податоци кои даваат сликовит приказ на состојбата по прашањето за родовата еднаквост: Во Македонија, кога зборуваме за тоа кој раководи со земјата, имаме 6 градоначалнички наспроти 75 градоначалници. Во Владата има само 4 министерки наспроти 21 министер. На една фотографија неодамна објавена во медиумите, на која е прикажано како …

„Не сум феминистка“ Read More »

Јас тебе, ти мене


  Звонко Давидовиќ Седел еден познат професор во кафеана со своите пријатели и додека разговарале до нивната маса дошол еден млад човек и му се обратил на професорот со огромна почит, молејќи го да го почести професорот и неговото друштво да ја плати сметката затоа што книгите што ги напишал професорот на младиот човек многу …

Јас тебе, ти мене Read More »

Политичка нарцисоидност


  Ило Трајковски Пролетта е на повидок. Значи, време е на нарцисите. А најавени се и претседателските избори. Значи, време е и за нарцисоидноста. И овој пат, како и во други претходни пролетни сезони, има совпаѓање меѓу ритамот на природата и ритамот на општеството. Од оваа перспектива повеќезначноста на зборот „нарцис“ ми отвора интересна перспектива …

Политичка нарцисоидност Read More »

Дали Европа е во опасност?


Одбројувањето за најважните европски избори во историјата на ЕУ, кои ќе се одржат во мај 2019 година, веќе започна, а политичките формации ги разјаснуваат своите визии за иднината на Европската Унија. Главното прашање на овие избори во Европскиот парламент има „егзистенцијални“ карактеристики бидејќи во изминатите години ЕУ изгуби голем дел од контактот со своите основни …

Дали Европа е во опасност? Read More »

Додека живее ДУИ, правдата ќе умира


Специјалното јавно обвинителство ќе преживее, но правдата ќе умре. Владините коалициски партнери го стокмија новиот предлог-закон со кој ќе се реши статусот на „специјалните“, но што се договориле СДСМ и вечната ДУИ нема да остане сокриено бидејќи епилогот од процесите ќе го покаже тоа. Досега функционерите на ДУИ со сите свои постапки само покажуваа дека …

Додека живее ДУИ, правдата ќе умира Read More »

Нема преговори со ЕУ без СЈО


  Ерол Ризаов Натамошната непречена работа на Специјалното јавно обвинителство со уште поголеми ингеренции и овластувања во гонење на организираниот криминал и корупција во врвот на секоја власт и на недопирливите моќници станува главен предуслов за отпочнување на преговорите со ЕУ. Ова е добрата вест. Сè друго во врска со судбината на СЈО е лоша, …

Нема преговори со ЕУ без СЈО Read More »

Европските лидери им помагаат на италијанските популисти


Јанис Варуфакис Италија сега е на првата линија во борбата за еврото. Заменик-премиерот Матео Салвини е придвижуван од политичкиот ветер кој може, по изборите во Европскиот парламент во мај, да го зголеми својот капацитет да ѝ предизвика сериозна штета на Европската Унија. Она што е и фасцинантно и вознемирувачко е дека ксенофобијата што го потпомага …

Европските лидери им помагаат на италијанските популисти Read More »

НАТО ќе ни го среди и разузнавањето


Наум Котевски Реформата на безбедносно-разузнавачките служби е во тек, како резултат на  препораките на групата високи експерти на Рајнхард Прибе поврзани со системското подобрување на владеењето на правото. Длабоката криза во која западна земјава претходно, како резултат на скандалот со незаконското прислушување од 2015 година, јасно покажа на кој начин се злоупотребувале службите што под …

НАТО ќе ни го среди и разузнавањето Read More »

Ни треба сенародно движење за Европа


Ерол Ризаов Претстојните избори ќе покажат нешто многу позначајно од изборот на претседател на државата. На 5 мај, но можно е уште на 21 април, граѓаните да потврдат точно колку е голема нивната определба во догледно време од шест до десет години да ја видат својата татковина во европското семејство. Тоа би била најсилната и …

Ни треба сенародно движење за Европа Read More »

Непартиски и натпартиски


Никола Поповски Лошото владеење на партиите со Македонија во последниве 15-ина години доведе до еден интересен феномен. Имено, очигледно е дека веќе не е курентно за највисоките државни позиции да се кандидираат и истакнуваат кандидати што се со партиска определеност и со соодветен партиски стаж и партиско-политички живот, туку најдобро е да се кандидира личност …

Непартиски и натпартиски Read More »

Дневник на глупости во Северна Македонија


Роберт Несими    Ако пројде, пројде. По релативно тивкиот период по транзицијата на власта, дојде редот и сегашната влада да продолжи со стариот, проверен начин на вработување, тој преку врски. Во последните недели се интензивираше вработувањето по државни институции и фирми на браќа, сестри, синови, ќерки, братучеди, братучетки и секаков вид други роднини на високи …

Дневник на глупости во Северна Македонија Read More »

Нема јунак за Матка


Разочарувачки е што за кањонот Матка, кој е прогласен за споменик на природата, се грижат 39 институции, а ниту една од нив не е кадарна да сруши дивоградбиче среде вештачкото езеро. Зачудувачки е да се следат службите како си ги префрлаат ингеренциите и обврските, за на крај градоначалникот на Сарај да излезе со предлог за …

Нема јунак за Матка Read More »

Секунда


Лејла Сабит Животот во една секунда, или секунда која значи живот. Некогаш во една секунда го гледате целиот живот, а некогаш за секунда ви се менува животот. На подобро или полошо, очекувано или неочекувано, од ваше или невнимание на другите, зашто ѓаволот ве тера или ангелот ве спасува, заради игра на судбината или виша сила, …

Секунда Read More »

Изгубениот свет на „Брегзит“


Нгеир Вудс Драматичните промени го зафатија светот откако британските гласачи одлучија во 2016 година да ја напуштат Европската Унија. Ниту една од нив не можеше лесно да биде предвидена во 2016 година, но нивното појавување можеше да го избегне „Брегзит“ без договор, што е прашање на итна национална безбедност за Велика Британија. Три промени создадоа …

Изгубениот свет на „Брегзит“ Read More »

Избрани се три-четири претседатели на државата


Ерол Ризаов До претседателските избори ќе имаме два натпартиски претседатели. Еден на ВМРО-ДПМНЕ, со веќе прогласената мајка на мајковината, стопроцентна победничка; и еден заеднички на СДСМ и ДУИ, татко (или мајка) на татковината, ептен сигурен победник. Мајката е веќе избрана како сенароден кандидат на сите македонски патриоти. А, таткото го избраа истиот миг штом му …

Избрани се три-четири претседатели на државата Read More »