Јакимовски: Денеска гласаме за наш претседател, ниту за српски, ниту за бугарски, ниту за грчки претседател


Најголема штета се прави на Македонија, ако не се излегува да се гласа, рече денеска кандидатот за претседател на државата на коалицијата „Храбро за Македонија“ и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски. – Многу сум среќен што денеска гласаме за наш претседател, ниту за српски, ниту за бугарски, ниту за грчки претседател. Вечна слава нека им …

Јакимовски: Денеска гласаме за наш претседател, ниту за српски, ниту за бугарски, ниту за грчки претседател Read More »

Џафери: Учесниците успеале да допрат до волјата на граѓаните


Техничкиот премиер Талат Џафери, оценува дека овие избори се од особено значење особено, бидејќи се избира власт која ќе даде правец во кој земјава ќе оди по изборите. Тој во родното село Форино го исполни своето гласачко право и порача дека денеска граѓаните го користат своето уставно и законско право за слободно изразување на својата …

Џафери: Учесниците успеале да допрат до волјата на граѓаните Read More »

Ванковска: Гласам за себе зошто верувам во тоа што го зборувам


Кандидатката за претседател на државата поддржана од партијата Левица, Билјана Ванковска, гласаше на избирачко место во ОУ „Јан Амос Коменски“ во Скопје. По гласањето изјави дека на 60-годишнината од основното училиште „Јан Амос Коменски”, каде што првпат зачекорила во школските клупи, денеска, рече, зачекорила да го даде гласот за себе. -Ова е малку необична ситуација …

Ванковска: Гласам за себе зошто верувам во тоа што го зборувам Read More »

Османи: Граѓаните се исправени пред две опции, пред изолацијата или интеграцијата


Кандидатот за претседател на коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ Бујар Османи денеска гласаше во избирачкото место во ОУ „Адем Јашари“ во Општина Чаир. – Да посакам изборите денеска да бидат слободни, фер и демократски. Граѓаните да имаат можност да излезат масовно да гласаат. Да гласаат според своето убедување, но да гласаат со цел и …

Османи: Граѓаните се исправени пред две опции, пред изолацијата или интеграцијата Read More »

До 17 часот излезноста е 42,36 отсто


  Одѕивот на првиот круг од претседателските избори до 17 часот попладнево изнесува 44,18 проценти, објави Државната изборна комисија (ДИК) според податоците од 1.788 избирачки места. Од вкупно запишани 899.977 гласачи на овие избирачки места гласале 397.612 избирачи,  односно 44,18 отсто, информираше на прес-конференција претседателот на ДИК Александар Даштевски.  Најголема излезеност од 67,19 проценти има …

До 17 часот излезноста е 42,36 отсто Read More »

МВР регистрира уште пет случаи на фотографирање на гласачкото ливче


Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека во текот на денешниот изборен ден регистрирало пет случаи во кои гласачи го фотографирале гласчкото ливче во Радовиш, Скопје, Охрид и Берово. Претходно МВР информираше за уште два вакви случаи, за изборен материјал оставен на автомобили, за исцртани графити на две локации и за пронајдена испукана димна бомба …

МВР регистрира уште пет случаи на фотографирање на гласачкото ливче Read More »

Во Охрид приведено лице кое го фотографирало гласачкото ливче


Полицијата во Охрид денеска во 12:15 часот го привела лицето А.И.(48) од Охрид, затоа што го фотографирал гласачкото ливче на Избирачкото место 1271 во Охрид. Како што соопштија од СВР Охрид, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто, до ДИК 233 приговори за заштита на избирачкото право


 До 15 часот излезеноста на првиот круг од претседателски избори е 35,89 проценти, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) од 2.110 избирачки места.  -Гласањето досега се одвива мирно на сите избирачки места, информираат од ДИК.  Гласале 614 илјади граѓани. Според податоците што се пристигнати досега, најголема излезеност е забележана во Новаци со 57,69 проценти …

Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто, до ДИК 233 приговори за заштита на избирачкото право Read More »

Излезноста до 13 часот е над 26 отсто, во Скопје околу 32 отсто


  Излезноста до 13 часот во првиот круг од претседателските избори е 26, 35 отсто или гласале 430.364 граѓани од избирачките места од кои стигнале податоци. Тоа е 6 отсто повеќе од изборите во 2019,  рече на прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Во скопските општини излезноста е околу 32 отсто. Слична …

Излезноста до 13 часот е над 26 отсто, во Скопје околу 32 отсто Read More »

Бајрами: Изборите без поголеми нерегуларности, се проверува поткуп со бесплатно инсталирање водомери


Денешниот изборен ден се одвива без поголеми нарушувања и нерегуларности, изјави јавниот обвинител Џељаљ Бајрами, претседател на Привремената комисија на Јавното обвинителство за следење евентуални кривични дела против изборите и гласањето. Како што информира Бајрами, денеска во ОЈО Радовиш е пријавено дека во село Бучим еден од гласачите наводно го покажал гласачкото ливче кон еден …

Бајрами: Изборите без поголеми нерегуларности, се проверува поткуп со бесплатно инсталирање водомери Read More »

МВР: Гласањето генерално се одвива мирно, без проблеми


Министерството за внатрешни работи досега нема регистрирано посериозни нарушувања на јавниот ред и мир во текот на гласањето, кое, генерално, се одвива мирно, без проблеми, изјави портпаролот на МВР Тони Ангеловски. Според него, од отворањето на гласачките места досега се регистрирани две фотографирања на гласачко ливче, едно во Штип и едно во Скопје. Исто така, …

МВР: Гласањето генерално се одвива мирно, без проблеми Read More »

Мисијата на ОДИХР има повеќе од 200 набљудувачи на изборите, првичните резултати ќе ги презентира утре


 По посета на две избирачки места претпладнево,  претставничката на меѓународната мисијата за набљудување на изборите ОДИХР, оцени дека почетокот е добар, но целосна проценка за тоа како се одвива изборниот процес ќе имаат откако на крајот на денот ќе ги соберат податоците од гласачки места низ целата држава.  – Досега посетив само две избирачки места …

Мисијата на ОДИХР има повеќе од 200 набљудувачи на изборите, првичните резултати ќе ги презентира утре Read More »

ДИК: До 9 часот излезноста 3,85 отсто, гласањето мирно, без неправилности


  До 9 часот излезноста на првиот круг претседателски избори е  3,85 отсто. Гласањето се одвива мирно, без неправилности, соопшти утрово претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски. Како што рече Даштевски на првата прес-конференција, излезноста е пресметана од податоците пристигнати од 832 избирачки места, каде до 9 часот гласале 15.487 гласачи. Според него, …

ДИК: До 9 часот излезноста 3,85 отсто, гласањето мирно, без неправилности Read More »

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес


Безбедносната состојба е стабилна. Нема никакви нарушувања во изборниот процес. Немаме забележано никакви посериозни нарушувања во изборниот процес, изјави денеска техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски.  Тој по гласањето во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“ во општина Центар одговарајќи на новинарско прашање за екипираност на МВР, нагласи дека квалитативно и квантитативно бројките се како што …

Тошковски: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес Read More »

За победа во прв круг потребни 907.159 гласови, во вториот 362.864


Во земјава денеска се одржува првиот круг од претседателските избори. Право на глас имаат 1.814.317, кои можат да изберат меѓу седум кандидати Стево Пендаровски, Гордана Силјановска Давкова, Стевчо Јакимовски, Бујар Османи, Билјана Ванковска, Арбен Таравари и Максим Димитревски. Во првиот круг победник може да биде кандидат кој освоил мнозинство гласови од вкупниот број избирачи, односно …

За победа во прв круг потребни 907.159 гласови, во вториот 362.864 Read More »

Гласање, броење, резултати, жалби


На 3.480 избирачки места во земјава денеска на седмите претседателски избори можат да гласаат 1.814.317 граѓани запишани во избирачкиот список. Гласачките места ќе бидат отворени од седум до 19 часот. По затворањето на избирачките места ќе можат да гласаат само лицата кои во тој момент се затекнале во објектот каде што се гласа. Кој може …

Гласање, броење, резултати, жалби Read More »

Се гласа од 7 до 19 часот


 Гласањето на претседателските избори започнува во 7:00 часот и трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа. Во 19:00 часот гласачките места се затвораат. На избирачите затекнати во објектот каде што се гласа им …

Се гласа од 7 до 19 часот Read More »

Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи, на 3.480 гласачки места


Денешните седми по ред претседателски избори се спроведуваат на 3.480 избирачки места во државата, а право на глас имаат 1.814.317 избирачи. Избирачките места се отвораат во 7 часот, а гласањето трае до 19 часот.  Според заклучениот Избирачки список на Државната изборна комисија, за гласање во државата се запишани 1.713.758 избирачи, 95.116 избирачи се на привремена …

Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317 избирачи, на 3.480 гласачки места Read More »

Сите македонски претседатели – од Глигоров до Пендаровски


Денешните претседателски избори ќе бидат седми од независноста на државата. На претседателската фотелја досега седнаа петмина претседатели. Првиот претседател Киро Глигоров и Ѓорге Иванов претседателската функција ја вршеа во два мандата, а по еден мандат имаа Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, како и Стево Пендаровски, кој повторно се кандидира за шеф на државата. Првиот мандат …

Сите македонски претседатели – од Глигоров до Пендаровски Read More »