ДИК: Заврши гласањето во казнените установи, на болните и раселените, во дијаспората се уште се гласа
Вкупно 14-те гласачки места во казнено поправни установи каде своето гласачко право денеска можеа да го остварат 2 147 гласачи, се затворени, а одѕивот изнесува 64 проценти, соопшти вечерва Државната изборна комисија. -Гласањето таму течеше без проблеми, а до 19 часот, според информациите од избирачките одбори, гласаа 1 380 гласачи или 64 проценти од запишаните, …