Утре неработен ден заради изборите, инспекторите ќе ги контролираат бизнисите


Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавачи дека согласно Заклучокот на техничката влада , 24 април (среда) и 8 мај (среда) се неработни денови за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Работодавачите во наведените денови не треба да извршуваат дејност со исклучок на оние работодавачи каде работните процесите заради својата природа не можат да се прекинат.

За наведените денови Државниот пазарен инспекторат ќе воведе дежурства и преку државните пазарни инспектори  ќе  контролира дали Заклучокот на техничката влада се почитува  од страна на работодавачите.